Прејди на содржината

Милош Миловановиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Милош Миловановиќ

Милош Миловановиќ (Краљево, 9 декември 1987) е српски фудбалер кој моментално настапува за екипата на Младост од Нови Сад.

Првите сениорски настапи на Миловановиќ биле поврзани со екипата на Трајал од Крушевац. Подоцна настапувал како играч во екипата на Копаоник од Брус. Накратко се вратил во Трстеник, односно во неговиот матичен клуб Прва Петолетка, а потоа во летото 2011 година имал успешна проба во клубот на Слога од Краљево. Во тој клуб настапувал стандардни три сезони во Првата лига на Србија и бил стрелец на вкупно три гола. Подоцна ја освоил истата лига со составот на Радник од Сурдулица, во сезоната 2014/15. Во таа сезона тој изведувал слободни удари и пенали за клубот, па така бил и стрелец на неколку голови. Откако соиграчот Љубо Баранин го напуштил клубот на Радник, Миловановиќ ја презел улогата да дофрлува долги топки од страничните аут линии. Во екипата на Радник минал пет години и успеал да одигра трицифрен број на натпревари. Повремено ја носел и капитенската лента. Иако во текот на кариерата главно настапувал на позицијата како лев бек на некои натпревари бил и прекомандуван во средината на одбраната. Подоцна на таа позиција продолжил да настапува во екипата на Напредак од Крушевац.

Почетна кариера

[уреди | уреди извор]

Миловановиќ е роден во градот Краљево,[1] а пораснал во Трстеник, каде што ги поминал помладите категории во составот на Првата петолетка.[2] Тој исто така го носел дресот на екипата на Борац од Чачак,[3] и како сениор најпрвин играл во Крушевац, за тимот на Трајал,[4] Во сезоната 2005/06 заедно со тимот го освоил првото место на табелата во Поморавската зона и се квалификувале во српската лига Исток.[5] Во текот на сезоната 2007/08 одиграл 22 натпревари и постигнал 2 гола и по тој параметар бил меѓу најстандардните фудбалери во тимот.[6] По крајот на сезоната клубот испаднал од лигата, а Миловановиќ подоцна му се приклучил на составот на Копаоник од Брус. Во тој тим, станал еден од највлијателните играчи во наредниот период[7] и во првиот дел од сезоната 2009/10 на 8 натпревари постигнал 4 гола.[8] За време на зимската пауза во сезоната 2010/11, Миловановиќ заедно со неговиот соиграч Владимир Симовиќ, го напуштиле клубот и се вратиле во родниот град Трстеник.[9] На крајот на сезоната тој заминал на пробен период во екипата на Слога од Краљево.[10]

Слога од Краљево

[уреди | уреди извор]

По пробниот период што го минал за време на летните подготовки, заедно со останатите првотимци, Миловановиќ се приклучил на екипата на Слога од Краљево пред почетокот на сезоната 2011/12. Во тој период екипата на Слога се натпреварувала во Првата лига на Србија.[11] Со доаѓањето на Миловановиќ клубот на Слога ја обезбедил позицијата лев бек, која претходно ја заземал Александар Гојковиќ, а која останала празна по неговото заминување во клубот на Слобода од Ужице.[12][13][14] Својот прв официјален натпревар го имал на отворањето на сезоната, на 13 август, кога екипата на Слога била поразена од составот на Синѓелиќ од Ниш.[15] Во текот на сезоната се наметнал во составот на новиот тим и заедно со голманот Александар Божовиќ до крајот на првиот дел бил во стартниот состав.[16] Миловановиќ постигнал и еден гол, и тоа на гостувањето кај екипата на Инѓија, во 12 коло од Првата лига.[17] Во продолжението од првенството пропуштил само два натпревара. Првиот натпревар на кој отсуствувал бил против екипата на Банат од Зрењанин,[18] а вториот против клубот на Раднички во Сомбор,[19] што било последица на четвртиот жолт картон кој претходно му бил покажан на натпреварот против екипата на Чукарички.[20] Во својата прва сезона во клубот, тој одиграл вкупно 32 натпревари во првата лига, колку што имале само и капитенот на екипата Бобан Димитровиќ и соиграчот Немања Милетиќ. И двајцата биле негови соиграчи во одбранбениот дел на теренот.[4]

Бидејќи Миловановиќ немал соодветна замена на левата страна,[21] екипата Слога во текот на летото 2012 година го донела играчот Душан Младеновиќ од нишкиот клуб Синѓелиќ.[22] На отворањето на новата сезона, екипата на Слога одиграла натпревар без голови со составот на Колубара во Лазаревац. Миловановиќ бил заменет на полувремето поради полесна повреда на ногата.[23] Наредниот натпревар бил против екипата на Борац од Чачак. Тој го започнал натпреварот од клупата за резервни фудбалери. Сепак, поради повредата на играчот Душан Младеновиќ во 20 минута, Миловановиќ го одиграл остатокот од тој натпревар и тоа на позицијата на лев бек.[24] Уште неколку пати влегувал во игра како резервен играч во првиот дел од сезоната, додека во вториот дел од сезоната бил стандарден. Трипати отсуствувал од протоколот на екипата поради добиени жолти парни картони.[25] Покрај 28 лигашки натпревари, тој одиграл и на натпреварот од шеснаесетфиналето на Купот на Србија на гостински терен со екипата на ОФК Белград на Младинскиот стадион.[26][27][28]

Со доаѓањето на Вељко Доведан за шеф на стручниот штаб на екипата на Слога, тимот во текот на есенскиот дел од сезоната 2013/14 имал забележителни резултати и зимската пауза ја дочекал на 2ро место на табелата од Првата лига.[29][30][31] Миловановиќ бил дел од стартната екипа од почетокот на сезоната, односно од натпреварот со екипата на Јединство Путеви во Ужице.[32] Покрај максималната минутажа во лигата, Миловановиќ во првиот дел од сезоната го одиграл и натпреварот од шеснаесетфиналето на Купот на Србија со новосадска Војводина.[33][34][35] Својот прв гол го постигнал во 10 коло против екипата на Смедерево, додека во остатокот од сезоната реализирал и против составот на Бежанија.[36][37][38] Сезоната ја завршил со 26 лигашки и 1 куп натпревар.[4] Поради немање финансиска поддршка, екипата на Слога во 2014 година отпуштил поголем дел од претходниот играчки кадар, а Миловановиќ истата година ја променил средината.[39][40][41]

Радник од Сурдулица

[уреди | уреди извор]

Пред почетокот на сезоната 2014/15, Миловановиќ се преселил во екипата на Радник, заедно со неговиот поранешен соиграч Јован Јовановиќ и Бојан Шејиќ, кој претходно, исто така, бил голман на екипата на Слога, но кој дошол во клубот од Сурдулица нешто порано, истото лето.[42] Миловановиќ прв пат за екипата на Радник заиграл на отворањето на сезоната, кога натпреварот со екипата на Пролетер одигран на стадионот Слана Бара завршил без голови.[43] Веќе во наредното коло, тој постигнал еден од головите за својот тим, на домашен терен во победата од 4:0 над составот на Колубара.[44] Миловановиќ постигнал гол и во третото коло од слободен удар, кога натпреварот во Ужице помеѓу домашниот состав на Јединство Путеви и Радник завршил со резултат 0:2.[45] Тој го постигнал својот трет гол сезоната во 10 коло, совладувајќи го поранешниот чувар на мрежата на екипата на Радник, Душан Пулетиќ, за победа од 2:1 над екипата на БСК Борча. Според известувачот весникот Врањски, Миловановиќ бил избран за најдобар играч на натпреварот.[46] На почетокот на вториот дел од сезоната, Миловановиќ бил стрелец во минималната победа над екипата на Пролетер. Тој го постигнал голот од пенал, по направениот прекршок на гостинскиот голман Немања Бузаџија над домашниот напаѓач Јовановиќ.[47] Тој постигнал гол од пенал на гостински терен кај екипата на Слобода во Ужице,[48] На истиот дуел 15 минути пред крајот на натпреварот поради втор жолт картон бил исклучен од игра.[49] Две кола пред крајот на натпреварувањето, Радник го обезбедил местото во српската Суперлига.[50] Подоцна во претпоследното коло од сезоната, Миловановиќ бил стрелец во нерешениот резултат 1:1 со екипата на Слога во Петровац на Млав.[51] На крајот на сезоната, клубот на Радник го победил составот на Металац од Горњи Милановац со резултат од 4:0,[52] по што на тимот му бил доделен трофејот наменет за првопласираната екипа од Првата лига на Србија.[53] По Бојан Шејиќ и Милош Крстиќ, Миловановиќ бил трет најкористен фудбалер на теренот на екипата на Радник во текот на сезоната.[54] Постигнал вкупно 6 гола на 27 натпревари.[4] Во шеснаесетфиналето на Купот на Србија не бил дел од натпреварот со екипата на Спартак од Суботица, кога екипата на Радник била елиминирана од понатамошното натпреварување во таа сезона.[55]

Во највисокото ниво на фудбалско натпреварување во Србија, Миловановиќ за прв пат настапил и против екипата на Спартак од Суботица, на 18 јули 2015 година. Натпреварот завршил без голови, а во извештајот се наведувало дека Миловановиќ ја пропуштил можноста неговиот тим да победи на крајот на натпреварот.[56][57][58] Во наредните две кола се запишал во евиденцијата за асистенции. Најпрво учествувал во акцијата против екипата на Војводина при првиот гол на Радник во Супер лигата, кога стрелец бил соиграчот Славиша Стојановиќ,[59] а потоа учествувал и во голот на Милан Ќулум, кој бил единствен во поразот од екипата на Рад со резултат од 4:1.[60] Пеналот на Миловановиќ во 9 коло против екипата на Чукарички го одбранил чуварот на мрежата на домашната екипа Немања Стевановиќ.[61] Во 19 коло, против екипата на Борац во Чачак, Миловановиќ не играл поради суспензија од пар на жолти картони.[62] Тој остварил уште една асистенција против екипата на ОФК Белград во 20 коло кога ја испратил топката од аут линијата кон соиграчот Ќулум, а тој ја спровел во мрежата.[63] Во извештајот на списанието Спорт, Миловановиќ бил оценет како играч на натпреварот од 25 коло на средбата на екипата на Радник со составот на Металац.[64] Со 2634 минути во 30 одиграни натпревари, Миловановиќ поминал најмногу време на теренот веднаш по соиграчот Марко Путинчанин.[65]

Во текот на сезоната 2016/17 година Миловановиќ настапувал на сите позиции во одбраната на клубот. Поради отсуството на Александар Гојковиќ од составот на Радник, Миловановиќ како стопер го започнал натпреварот од 12 коло од Суперлигата против екипата на Нови Пазар. На тој натпревар го постигнал својот прв гол во сезоната.[66] Бидејќи ниту еден од двајцата десни бекови во тимот, Синиша Младеновиќ и Предраг Ѓорѓевиќ во 14 коло не насатапувале против екипата на Партизан, на таа позиција настапил Миловановиќ. Во таква можност тој асистирал на соиграчот Игор Златановиќ за единствениот гол на екипата на Радник на натпреварот кој завршил со резултат 1:3.[67] Во 21 коло во натпреварот против екипата на Црвена ѕвезда, Миловановиќ настапувал како капитен на својот тим. И на тој натпревар бил на позицијата како стопер. Во 25 минута од тој натпревар Миловановиќ направил пенал, по прекршокот над гостинскиот играч Срѓан Плавшиќ. Истиот го реализирал играчот Душан Анѓелковиќ.[68] Милованович направил прекршок за пенал и врз Бојан Остојиќ, од клубот на Партизан во 29 коло. Успешен реализатор бил играчот на црно - белите Урош Ѓурѓевиќ за конечен резултат од 2:1.[69] До крајот на сезоната, Миловановиќ постигнал голови уште на два последователни натпревари. Првиот во 32 коло против екипата на Спартак и вториот во 33 коло против составот на Рад.[70][71] По воведните три кола од сезоната 2017/18 во кој бил стартер, Миловановиќ против составот на Црвена ѕвезда го заменил повредениот Александар Гојковиќ во 71 минута.[72] На истиот натпревар и самиот заработил повреда на задната ложа поради која отсуствувал од терените во наредниот период.[73] Тој го постигнал единствениот гол во сезоната во 29 коло за минимална победа над екипата на Јавор од Ивањица.[74] Во летото 2018 година, Миловановиќ го продолжил договорот за период од една година.[75] Во текот на сезоната 2018/19 постигнал вкупно 3 гола. Стрелец бил против екипата на Раднички од Ниш, а ја погодил мрежата и против составот на Напредак од Крушевац.[76][77] На крајот на сезоната, тој го напуштил клубот како слободен играч по цели 5 сезони минати во Радник. На Миловановиќ му било доделено признание за неговиот придонес во клубот, како и награда врамен дрес со бројот 3.[78]

Напредак од Крушевац

[уреди | уреди извор]

На 21 јуни 2019 година, Миловановиќ потпишал едногодишен договор со екипата на Напредак од Крушевац.[79] Иако во текот на кариерата првенствено играл како лев бек, а во централниот дел од одбраната настапувал по потреба.[80] Во својот нов клуб, во составот кај тренерот Предраг Роган, се наметнал како играч на стоперската позиција.[3] Така, според приврзаниците на клубот, Миловановиќ бил меѓу најзаслужните играчи за победата на екипата на Напредак над Чукарички во 16 коло од српската Суперлига. Во првиот дел од сезоната, тој обично играл во тандем со соиграчот Томислав Пајовиќ,[81] кој претходно му бил соиграч и во составот на Радник од Сурдулица и истото лето потпишал за Напредак како и Миловановиќ.[82] Во одбраната на клубот настапувал и Мирослав Бјелош,[83] а по повредата на стандардниот Пајовиќ можност добил играчот Милан Обрадовиќ.[84] Миловановиќ на почетокот на месец декември учествувал во победата на својот тим на гостувањето кај екипата на Партизан, на стадионот на улицата Хумска. Овој натпревар завршил со резултатски пресврт.[85] На отворањето на пролетниот дел од сезоната поради парни жолти картони го пропуштил натпреварот со екипата на Јавор.[86] Тој не бил во составот на тимот ни за гостувањето кај екипата на Црвена ѕвезда на стадионот Рајко Митиќ,[87] додека натпреварот со екипата на Вождовац на покривот на Трговскиот центар го пропуштил поради повреда.[88]

Во летото 2020 година, Миловановиќ го продолжил договорот со екипата на Напредак, а во тимот останал и за сезоната 2020/21.[89] Сепак, тој ги пропуштил воведните 6 натпреварувачки кола во српската Суперлига, наоѓајќи се во протоколот за натпреварот дури во 7 коло против екипата на Златибор.[90] По заминувањето на тренерот Драган Ивановиќ од позицијата шеф на стручниот штаб во тимот на Напредак, екипата на Напредак од Крушевац од клупата во 10 коло ја предводел тренерот Иван Бабиќ, и тоа на гостувањето кај екипата на Црвена Звезда. Миловановиќ на тој натпревар го имал својот прв настап таа сезона, носејќи ја капитенската лента. Домашниот тим на Црвена ѕвезда победил со резултат од 3:0. Миловановиќ на тој натпревар добил жолт картон.[91][92][93] Неколку дена подоцна тој играл во шеснаесетфинале на Купот на Србија, кога екипата на Напредак го елиминирал составот на Жарково со резултатски пресврт.[94][95][96] Миловановиќ подоцна до крајот на календарската сезона се наметнал во составот на тимот предводен од тренерот Горан Стевановиќ. Бидејќи добил жолт картон на четири последователни натпревари што ги одиграл во српската Суперлига,[97][98][99] го пропуштил натпреварот од 14 коло со екипата на Пролетер во Нови Сад.[100] Милош Миловановиќ настапувал стандардно за тимот во продолжението од сезоната, а на некои натпревари ја носел и капитенската лента поради отсуството на капитенот Мирољуб Костиќ. Во втората половина на април 2021 година, Миловановиќ не бил дел од тимот, додека на почетокот на следниот месец тренерот Милан Ѓуричиќ изјавил дека фудбалерот бил надвор од конкуренција поради позитивен тест за коронавирус.[101] По закрепнувањето во натпреварот против Младост влегол од клупата за резервни играчи.[102] По истекот на двегодишниот договор, соработката со клубот не била обновена,[103] па Миловановиќ во јуни 2021 година го напуштил клубот на Напредак како слободен играч.[104]

Младост од Нови Сад

[уреди | уреди извор]

Во јули 2021 година, Миловановиќ му се приклучил на тимот Младост од Нови Сад, кој претходно се квалификувал за Првата лига на Србија.[105] Тој бил претставен како еден од неколкуте нови играчи на клубот, а потоа ги одработил летните подготовки под раководство на тренерот Љубомир Ристовски.[106] Својот прв натпревар го имал на отворањето на сезоната 2021/22, против екипата на Графичар во Белград. Тој натпревар завршил без голови.[107] Миловановиќ на тој натпревар бил капитен на екипата на Младост.[108]

Начин на игра

[уреди | уреди извор]

Миловановиќ е фудбалер со висина од 188 сантиметри. Тој можел да настапува на сите позиции во одбранбениот дел на теренот, доколку имало потреба од тоа. Постепено се развивал низ натпреварите од пониските лиги, и својот прв натпревар на сојузниот ранг го имал во дресот на Слога од Краљево. Таму ја одиграл целата натпреварувачка сезона 2011/12 во Првата лига на Србија како единствен лев бек во тимот. Наредната сезона, тој бил удвоен на левата страна со соиграчот Душан Младеновиќ на некои натпревари или се менувале во ротација.[21][22][24] Во костурот на тимот на Слога настапувал цели три сезони и во текот на првиот дел од сезоната 2013/14 имал максимална минутажа. Во тој период тимот бил на втората позиција по есенскиот дел од полусезоната.[109][110][111] Според извештаите од натпреварите, просечната оценка на Миловановиќ за периодот минат во екипата на Слога била приближно 6,70.[4] Тој постигнал вкупно три гола за составот на Слога, од кои два од скок по нафрлување од корнер, а еднаш бил стрелец од директен слободен удар.[17][36][37] Во победата над составот на Бежанија во 22 коло од Првата лига на Србија, тој шутирал по направениот прекршок од десната страна на теренот. Со левата нога го совладал голманот на гостинската екипа Марко Кнежевиќ.[38]

По преселбата во екипата на Радник од Сурдулица, Миловановиќ во текот на сезоната 2014/15 година бил задолжен за изведување на топката по направените прекршоци, вклучително и слободните удари и за пеналите.[112] На тој начин постигнал повеќе голови, додека вкупно 6 пати бил стрелец.[45][47][49] Како еден од најстандардните играчи и втор стрелец на тимот зад напаѓачот Јован Јовановиќ, Миловановиќ имал значаен придонес во освојувањето на првото место на табелата во Првата лига во Србија и поставувањето на екипата на Радник во највисокото ниво на српското фудбалско натпреварување.[4][53][54] По пеналот кој го изведувал против екипата на Чукарички во ноември 2015 година, а кој му го одбранил Немања Стевановиќ, Миловановиќ во наредните седмици не ги изведувал најстрогите казни.[61] Во следните сезони, тренерите повремено го користеле и како стопер, додека некогаш играл и како десен бек. Според извештаите од натпреварите, Миловановиќ во сезоната 2016/17 пет пати бил прогласен за најдобар поединец на теренот.[4]

По заминувањето на соиграчот Љубо Баранин од екипата на Радник, Миловановиќ бил задолжен да ги изведува аутите. Можел доста долго да ја дофрли топката со што ги стрелал своите соиграчите во противничкиот шеснаесетник.[113] На тој начин екипата на Радник постигнала гол против составот на Раднички од Ниш во сезоната 2018/19 кога Миловановиќ ја испратил топката директно кон противничкиот гол.[б 1] Така, по 5 години минати во клубот од Сурдулица во кои одиграл 132 официјални натпревари, постигнал вкупно 12 гола. Повремено ја носел капитенската лента. Бил окаракетризиран како упорен борец на теренот и одликуван со признание за несебично ангажирање и придонес за клубот.[78]

На неполни 32 години, Миловановиќ во летото 2019 година се преселил во екипата на Напредак од Крушевац. Него од почетокот на сезоната 2019/20 тогашниот тренер Предраг Роган го употребил на местото во централниот дел на одбраната.[3] Иако екипата на Напредак до крајот на сезоната неколку пати го менувал шефот на стручниот штаб, Миловановиќ во наредниот период бил стандарден на таа позиција, додека во зависност од формацијата екипата понекогаш играла со двајца или тројца стопери.

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]
Обновено на 26. септември 2021.[118]
Натпревари и постигнати голови во различни сезони и во различни клубови
Клуб Сезона Лигашки натпревари Национален куп Континентални натпревари Останати натпревари Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Слога од Краљево 2011/12.[119] Прва лига на Србија 32 1 32 1
2012/13.[25] 28 0 1 0 29 0
2013/14.[120] 26 2 1 0 27 2
Вкупно 86 3 2 0 88 3
Радник од Сурдулица 2014/15.[54] Прва лига на Србија 27 6 0 0 27 6
2015/16.[65] Суперлига на Србија 30 0 0 0 30 0
2016/17.[121] 29 3 1 0 30 3
2017/18.[122] 18 1 0 0 18 1
2018/19.[123] 25 2 2 0 27 2
Вкупно 129 12 3 0 132 12
Напредак од Крушевац 2019/20.[124] Суперлига на Србија 27 0 0 0 27 0
2020/21.[125] 22 0 2 0 24 0
Вкупно 49 0 2 0 51 0
Младост од Нови Сад 2021/22.[126] Прва лига на Србија 9 0 9 0
Вкупно во кариерата 273 15 7 0 280 15

Трофеи и награди

[уреди | уреди извор]
Трајал
  • Освоена е Поморавската зона: 2005/06.[5]
Раднички од Сурдулица
  • Освоена е Првата лига на Србија: 2014/15 год.[53]
  1. „Pregled pristiglih pojačanja u superligaškim klubovima – leto 2018/19“. 1 септември 2018. Архивирано од изворникот на 2019-04-01. Посетено на 20 декември 2020.
  2. Веселиновић, М. (30 јуни 2004). „Трстеничани у елити“. Спортски журнал. trstenicani.rs. Архивирано од изворникот на 5 април 2017. Посетено на 4 април 2017.
  3. 3,0 3,1 3,2 Минић, Г. (28 јуни 2019). Миловановић: Срећан под Багдалом. Спортски журнал, број 10422. стр. 5.[мртва врска]
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 „Миловановић, Милош“. srbijafudbal.com. Архивирано од изворникот на 1 јуни 2019. Посетено на 31 јули 2019.
  5. 5,0 5,1 Jovanović, Dragoljub (15 август 2006). „Serbia and Montenegro 2005/06“ (англиски). rsssf.com. Посетено на 20 декември 2020.
  6. „Trajal“. ФСРИС, званична презентација. Архивирано од изворникот на 11 јуни 2009. Посетено на 20 декември 2020.
  7. "Više od fudbala" u Brusu 06. juna - za pomoć FK Kopaonik“. inmedija.net. 4 јуни 2017. Посетено на 20 декември 2020.
  8. „Kopaonik“. ФСРИС, званична презентација. Архивирано од изворникот на 29 април 2010. Посетено на 20 декември 2020.
  9. „FK Trstenik se u prethodnom periodu pojačao“. 14 февруари 2011. Посетено на 24 јули 2015.
  10. Daišević, A. (24 јули 2011). „Prijateljska utakmica: Sloga (K) - Bane 1:1“. srbijasport.net. Посетено на 24 јули 2015.
  11. Даишевић, А. (5 август 2011). „Слога сложно гази“. Ибарске новости. issuu.com. Посетено на 2 јануари 2021.
  12. Daišević, A. (4 јули 2011). „Kraljevačka Sloga počela pripreme bez pola tima i trenera“. srbijasport.net. Посетено на 24 јули 2015.
  13. Daišević, A. (1 август 2011). „Memorijalni fudbalski turnir "Ljubiša Jakšić - Jakša": Sloga pobednik“. srbijasport.net. Посетено на 24 јули 2015.
  14. Daišević, A. (4 август 2011). „Prijateljska utakmica: Sloga (K) – Metalac (GM) 1:1“. srbijasport.net. Посетено на 24 јули 2015.
  15. Stojanović, Ljubica (13 август 2011). „Prva liga: Sinđelić pobedio, Radnički remizirao“. Јужне вести. Посетено на 30 јули 2019.
  16. Daišević, A. (6 декември 2011). „Statistički prikaz uspešne jeseni kraljevačke Sloge: U znaku Bobana Dmitrovića“. srbijasport.net. Посетено на 24 јули 2015.
  17. 17,0 17,1 „Inđija - Sloga 3: 1 (2: 1)“. 22 октомври 2011. Посетено на 23 октомври 2011.
  18. Daišević, A. (21 април 2012). „PLS: Sloga - Banat 1:1“. srbijasport.net. Посетено на 21 декември 2020.
  19. „Tri zlatna boda, Radničkog“. 26 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2022-05-21. Посетено на 21 декември 2020.
  20. Daišević, A. (23 мај 2012). „PLS: Sloga - Čukarički 1:2“. srbijasport.net. Посетено на 21 декември 2020.
  21. 21,0 21,1 Daišević, A. (3 август 2012). „Kraljevčani danas gostuju superligašu u Novom Pazaru“. srbijasport.net. Посетено на 24 јули 2015.
  22. 22,0 22,1 Daišević, A. (10 август 2012). „Kraljevčani otvaraju novu sezonu gde su završili prethodnu“. srbijasport.net. Посетено на 24 јули 2015.
  23. Savatovic Sava, Dragan (12 август 2012). „Podela bodova u Lazarevcu“. srpskifudbal.rs. Архивирано од изворникот на 22 август 2012. Посетено на 21 декември 2020.
  24. 24,0 24,1 Daišević, A. (18 август 2012). „PLS: Sloga – Borac 1:1“. srbijasport.net. Посетено на 21 декември 2020.
  25. 25,0 25,1 Daišević, A. (20 јули 2013). „Fudbaleri Sloge uspešno okončali tešku prvoligašku sezonu i promovisali nekoliko odličnih mladih fudbalera“. srbijasport.net. Посетено на 24 јули 2015.
  26. „OFK Beograd deklasirao Slogu iz Kraljevo“. Новинска агенција Бета. akter.co.rs. 26 септември 2012. Архивирано од изворникот на 14 август 2014. Посетено на 24 јули 2015.
  27. „KS: OFK Beograd - Sloga 5:0“. sportal.rs. 26 септември 2012. Архивирано од изворникот на 14 август 2014. Посетено на 24 јули 2015.
  28. „OFK Beograd - Sloga Kraljevo 5:0“. ОФК Београд, званична презентација. 26 септември 2012. Посетено на 21 декември 2020.
  29. Daišević, A. (29 јуни 2013). „Dovedan za kormilom "belih". srbijasport.net. Посетено на 24 јули 2015.
  30. Daišević, A. (1 јули 2013). „Predvođeni novim trenerom fudbaleri Sloge počeli pripreme za novu sezonu“. srbijasport.net. Посетено на 24 јули 2015.
  31. Daišević, Aleksandar (23 септември 2013). „Sloga složno gazi“. srbijasport.net. Посетено на 24 јули 2015.
  32. „Jedinstvo Putevi - Sloga (Kraljevo) 3:1 - 1. kolo“. ФК Јединство Путеви, званична презентација. Архивирано од изворникот на 12 август 2014. Посетено на 11 август 2014.
  33. „Sloga (Kraljevo)-Vojvodina 1 : 1 (penalima 2 : 3)“. ФК Војводина, званична презентација. 26 септември 2013. Архивирано од изворникот на 2022-01-28. Посетено на 24 јули 2015.
  34. Daišević, Aleksandar (26 септември 2013). „Sloga stala na penalu“. srbijasport.net. Посетено на 24 јули 2015.
  35. Чапеља, Д. (26 септември 2013). Куп Србије: Жакула одбранио три пенала. Дневник холдинг. Архивирано од изворникот на 24 јули 2015. Посетено на 24 јули 2015.
  36. 36,0 36,1 Ćirović, G. (19 октомври 2013). „Milovanović uleteo u sudijski zvižduk“. srpskifudbal.rs. Архивирано од изворникот на 22 октомври 2013. Посетено на 21 декември 2020.
  37. 37,0 37,1 „PLS: Kraljevo ne odustaje od elite“. mozzartsport.com. 12 април 2014. Посетено на 24 јули 2015.
  38. 38,0 38,1 Daišević, Aleksandar (12 април 2014). „Sloga nadigrala Bežaniju“. srbijasport.net. Посетено на 24 јули 2015.
  39. Daišević, Aleksandar (2 јуни 2014). „Za predsednika Sloge sedmo mesto više od očekivanog“. srbijasport.net. Посетено на 24 јули 2015.
  40. Daišević, Aleksandar (30 јули 2014). „Trener fudbalera Sloge ne krije da "cedi drenovinu". srbijasport.net. Посетено на 24 јули 2015.
  41. Daišević, Aleksandar (16 август 2014). „Sloga ljulja Javor“. srbijasport.net. Посетено на 21 декември 2020.
  42. Stanić, Dragorad (10 јули 2014). „Sa Vlasine u fudbalske visine“. Врањске. Посетено на 22 декември 2020.
  43. Stanić, Dragorad (21 август 2014). „Radnik remizirao na startu“. Врањске. Посетено на 1 јануари 2021.
  44. Đorđević, Dušan (25 август 2014). „Radnik "pregazio" Kolubaru“. okradio.rs. Посетено на 24 јули 2015.
  45. 45,0 45,1 Stanić, Dragorad (4 септември 2014). „Radnik na dobrom putu“. Врањске. Посетено на 22 декември 2020.
  46. Станић, Драгорад (18 октомври 2014). Радник славио у надокнади. Врањске. Архивирано од изворникот на 27 ноември 2014. Посетено на 23 октомври 2014.
  47. 47,0 47,1 ПЛС: Пораз Пролетера од Радника. Дневник холдинг. Радио-телевизија Војводине. 15 март 2015. Посетено на 24 јули 2015.
  48. Pavlović, Bojan (28 март 2015). „Sloboda-Radnik 1:2 izvestaj (VIDEO)“. СОС канал. Архивирано од изворникот на 4. 03. 2016. Посетено на 29 март 2015. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  49. 49,0 49,1 Радник славио у Ужицу и наставио пут ка елити. Спортски журнал. 28 март 2015. Посетено на 24 јули 2015.
  50. Историјски дан за Радник, Сурдуличани у Супер лиги, Јавор на корак од повратка!. Спортски журнал. 13 мај 2015. Посетено на 24 јули 2015.
  51. "Sloga" u finišu ispustila pobedu protiv "Radnika". 16 мај 2015. Архивирано од изворникот на 22 декември 2020. Посетено на 17 мај 2015.
  52. Stanić, Dragorad (28 мај 2015). „Superligaški ples Surduličana“. Врањске. Посетено на 1 јануари 2021.
  53. 53,0 53,1 53,2 Стојковић, Ј. (25 мај 2015). Радник из Сурдулице ушао у Суперлигу: Славље уз 5.000 навијача. Вечерње новости. Посетено на 24 јули 2015.
  54. 54,0 54,1 54,2 „Statistika FK Radnik Surdulica Prva liga Srbije 2014/15“. ФК Радник Сурдулица, званична презентација. Архивирано од изворникот на 2022-01-28. Посетено на 22 декември 2020.
  55. Vuković, Dejan (24 септември 2014). „Mrkela za osminu finala“. subotica.info. Посетено на 1 јануари 2021.[мртва врска]
  56. „1.Kolo: Spartak - Radnik“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. 19 јули 2015. Архивирано од изворникот на 25 јули 2015. Посетено на 24 јули 2015.
  57. Фудбалери "Радника" из Сурдулице играли без голова у Суботици. РТВ Врање. 19 јули 2015. Посетено на 20 јули 2015.
  58. Rosić, Stefan (19 јули 2015). „Spartak - Radnik 0:0, izveštaj (VIDEO)“. СОС канал. Архивирано од изворникот на 24 септември 2015. Посетено на 24 јули 2015.
  59. „Радник – Војводина 2:2 (2:1)“. 26 јули 2015. Архивирано од изворникот на 2022-01-28. Посетено на 27 јули 2015.
  60. Погледајте победу Рада и евроголове Дабића и Михајловића (ВИДЕО). Спортски журнал. 2 август 2015. Посетено на 3 август 2015.
  61. 61,0 61,1 „Može i bez brata: Dragoljub srušio Surdulicu!“. mondo.rs. 11 септември 2015. Архивирано од изворникот на 2017-05-12. Посетено на 1 февруари 2016.
  62. „Radnik: Malo igrača, mnogo problema“. mondo.rs. 26 ноември 2015. Посетено на 1 јануари 2021.
  63. „Radnik - OFK Beograd 2:1 (0:0)“. 6 декември 2015. Посетено на 1 јануари 2021.
  64. Ristić, V. (6 март 2016). „Nula u Surdulici“. Спорт. Архивирано од изворникот на 22 август 2016. Посетено на 23 мај 2016.
  65. 65,0 65,1 „Statistika FK Radnik Surdulica Super liga Srbije 2015/16“. ФК Радник Сурдулица, званична презентација. Архивирано од изворникот на 2021-04-20. Посетено на 1 јануари 2021.
  66. Nikolić, Aleksandar (15 октомври 2016). „Radnik savladao Novi Pazar“. Јужне вести. Посетено на 27 декември 2016.
  67. K, A. (29 октомври 2016). „Partizan slavio u Surdulici, dva gola Đurđevića“. Б92. Посетено на 27 декември 2016.
  68. „Zvezdi bodovi posle preokreta u Surdulici“. Ало!. 14 декември 2016. Посетено на 27 декември 2016.
  69. „Партизан преокретом савладао Радник“. Новинска агенција Бета. Радио-телевизија Србије. 8 април 2017. Посетено на 1 јануари 2021.
  70. Jovanović, M. (24 април 2017). „Radnik pobedio oslabljeni Spartak“. Јужне вести. Посетено на 30 април 2017.
  71. „Radova crna serija i put ka dnu tabele: Radnik pokorio Banjicu“. mozzartsport.com. 29 април 2017. Посетено на 30 април 2017.
  72. „Fijasko Surduličana: Radnik-Crvena zvezda 0:5 (0:1)“. Врањске. 11 август 2017. Посетено на 1 јануари 2021.[мртва врска]
  73. „Zbog ozbiljnih povreda protiv Zvezde, pauza za tri igrača u narednih nekoliko kola“. 11 август 2017. Посетено на 1 јануари 2021.
  74. Jovanović, M. (1 април 2018). „Radnik minimalcem savladao Javor“. Јужне вести. Посетено на 1 јануари 2021.
  75. Lazić, Nemanja (27 јуни 2018). „SURDULIČANI SKLAPAJU MOZAIK: Stanković ponovo u Radniku, Pejčić i Milovanović u Surdulici i naredne sezone“. hotsport.rs. Посетено на 1 јануари 2021.
  76. „Het trikom Haskića i "evrogolom" Đorđevića Radnički do rekordne pobede (VIDEO)“. sportjuga.rs. 2 март 2019. Архивирано од изворникот на 2022-01-28. Посетено на 1 јануари 2021.
  77. Kovačević, Milena (16 март 2019). „SUPERLIGA SRBIJE Radnik ne zna za poraz u Surdulici, pao i Napredak“. maxbetsport.rs. Архивирано од изворникот на 2022-01-28. Посетено на 1 јануари 2021.
  78. 78,0 78,1 „Zlatanović u Radnikovom Klubu 100“. vranjenews.rs. 21 мај 2019. Посетено на 1 јануари 2021.
  79. M, D. (21 јуни 2019). „NAPREDAK KOMPLETIRA REDOVE Danas su autograme na ugovore stavili Miloš Milovanović iz Radnika i Marko Milošević golman Zemuna“. sportskevesti.rs. Архивирано од изворникот на 2021-03-02. Посетено на 26 декември 2020.
  80. „Дугогодишњи дефанзивац (штопер/леви бек) и капитен Радника, Милош Миловановић, нови је фудбалер нашег клуба!“. ФК Напредак Крушевац, незванична фејсбук страница. 22 јуни 2019. Посетено на 2 јануари 2021.
  81. „У Напредак стигли Маркоски, Спремо и Пајовић“. Спортски журнал. 15 јуни 2019. Посетено на 2 јануари 2021.
  82. Šoškić, Vladimir (19 јули 2019). „SOCCER analiza nove Superlige 2019/2020: Nova pravila, stare kuke“. portal.soccerbet.rs. Архивирано од изворникот на 2022-01-28. Посетено на 2 јануари 2021.
  83. „OVO JE SKANDAL! Sudija Nikolić pretio Radomanu zbog komentara utakmice Napredak - Zvezda!“. Информер. 11 октомври 2019. Посетено на 2 јануари 2021.
  84. Nikolić, Goran (6 декември 2019). „Poslednja utakmica U 2019.: Napredak-Mačva“. ТВ Јефимија. Посетено на 2 јануари 2021.
  85. Блажић, М. (4 декември 2019). „Партизан прокоцкао победу: Напредак од 0:2 до тријумфа у Хумској“. Вечерње новости. Посетено на 2 јануари 2021.
  86. Marković, J. (14 февруари 2020). „NASTAVAK TAKMIČENJA U SUPER LIGI: Cilj Napretka – opstanak u društvu najboljih!“. krusevacpress.com. Посетено на 2 јануари 2021.
  87. „Црвена звезда – Напредак 3:0 (1:0)“. 14 март 2020. Посетено на 2 јануари 2021.
  88. Marković, J. (5 јуни 2020). „NAPREDAK GOSTUJE VOŽDOVCU: Zbog povreda izostaju Milovanović, Pajović i Baha“. krusevacpress.com. Посетено на 2 јануари 2021.
  89. „Srpska pijaca: Rekorder napustio Lučane, Stjepanović u penziji, Markoski još godinu“. mozzartsport.com. 4 јули 2020. Посетено на 1 јануари 2021.
  90. „Fudbaleri Zlatibora osvojili peti bod“. sh [Радио Луна]. 14 септември 2020. Посетено на 2 јануари 2021.
  91. Marković, Ljubiša (3 октомври 2020). „Ivanovo iskušenje“. krusevacgrad.rs. Посетено на 2 јануари 2021.
  92. „Црвена звезда - Напредак 3:0 (2:0)“. 4 октомври 2020. Посетено на 2 јануари 2021.
  93. Nišavić, Dimitrije (4 октомври 2020). „ZVEZDA RUTINSKI DO POBEDE: Falćineli i Ivanić ponovo strelci! (VIDEO)“. hotsport.rs. Посетено на 2 јануари 2021.
  94. „Recept iz El klasika za Žarkovo“. mozzartsport.com. 20 октомври 2020. Посетено на 2 јануари 2021.
  95. „Напредак (Крушевац) 2 : 0 ОФК Жарково (Жарково)“. Фудбалски савез Србије. 20 октомври 2020. Посетено на 2 јануари 2021.
  96. Todić, Maja (20 октомври 2020). „Napredak preokretom protiv Žarkova do 1/8 finala Kupa“. Спорт клуб. Посетено на 2 јануари 2021.
  97. Acan, Ana (25 октомври 2020). „Mačva poražena od Napretka“. Посетено на 2 јануари 2021.
  98. Jocić, Ljubica (17 октомври 2020). „Remi Radničkog u Kruševcu sa novim trenerom“. Јужне вести. Посетено на 1 јануари 2021.
  99. „Fudbal: Marčić precizan za Spartakov bod u Kruševcu“. subotica.com. 1 ноември 2020. Посетено на 1 јануари 2021.
  100. „Šta je maksimum?!“. 5 ноември 2020. Посетено на 2 јануари 2021.
  101. „Superliga: Javor za opstanak, Proleter klizi, Napredak bez istaknutih napadača na Čuku“. mozzartsport.com. 4 мај 2021. Посетено на 4 мај 2021.
  102. Joković, Goran (18 мај 2021). „Napredak-Mladost 2:0 (1:0)“. Посетено на 21 мај 2021.
  103. Минић, Г. (13 јуни 2021). Миловановић се поздравио. Спортски журнал (Србија), број 11117. стр. 5.[мртва врска]
  104. „Stižu pojačanja“. 11 јуни 2021. Посетено на 13 јуни 2021.
  105. Arsić, Zarko (8 јули 2021). „Miloš Milovanović pojačao Mladost GAT“. Посетено на 5 август 2021.
  106. Поповић, М. (4 јули 2021). „Припреме почели фудбалери Младости ГАТ из Новог Сада“. Дневник холдинг. Посетено на 5 август 2021.
  107. Vujanović, H. D. (8 август 2021). „Grafičar i Mladost bez municije“. srbijasport.net. Посетено на 9 август 2021.
  108. „Prva liga Srbije: Grafičar - Mladost NS 0:0, ceo meč“. Звезда ТВ. Јутјуб. 8 август 2021. Посетено на 9 август 2021.
  109. Daišević, Aleksandar (23 ноември 2013). „Sloga i protiv Proletera nastavila pobednički niz u Kraljevu“. srbijasport.net. Посетено на 7 јануари 2021.
  110. Daišević, Aleksandar (2 јануари 2014). „U kraljevačkoj Slogi bi da zadrže ceo tim“. srbijasport.net. Посетено на 7 јануари 2021.
  111. Daišević, Aleksandar (15 јануари 2014). „Fudbaleri kraljevačke Sloge počeli pripreme za drugi deo sezone“. srbijasport.net. Посетено на 7 јануари 2021.
  112. Stanić, Dragorad (28 август 2014). „Jeremić dvostruki strelac“. Врањске. Посетено на 7 јануари 2021.
  113. Đ, N. (12 декември 2015). „Het-trik Vieire, 'Grofova' Zvezda u istoriji kluba“. Б92. Посетено на 7 јануари 2021.
  114. „Radnik – Radnički: 1:2“. Врањске. 23 септември 2018. Посетено на 4 јуни 2019.
  115. Тодоровић, Тома (23 септември 2018). Дерби југа Нишлијама. Спортски журнал, број 10151. стр. 5.[мртва врска]
  116. „Радник (Сурдулица) 1 : 2 Раднички (Ниш)“. Фудбалски савез Србије. 22 септември 2018. Посетено на 6 јануари 2021.
  117. „Pregled odigranih mečeva 9. kola Super lige Srbije“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. 23 септември 2018. Архивирано од изворникот на 2022-01-28. Посетено на 6 јануари 2021.
  118. Милош Миловановиќ на transfermarkt (англиски)
  119. „M. Milovanović“. resultados-futbol.com (шпански). Архивирано од изворникот на 2022-01-28. Посетено на 2 јануари 2021.
  120. „Miloš Milovanović“. macsonuclarim.com (турски). Архивирано од изворникот на 2022-01-28. Посетено на 2 јануари 2021.
  121. „Milovanović, Miloš — sezona 2016/17“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Архивирано од изворникот на 2022-01-28. Посетено на 2 јануари 2021.
  122. „Milovanović, Miloš — sezona 2017/18“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Архивирано од изворникот на 2022-01-28. Посетено на 2 јануари 2021.
  123. „Milovanović, Miloš — sezona 2018/19“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Архивирано од изворникот на 2022-01-28. Посетено на 2 јануари 2021.
  124. „Milovanović, Miloš — sezona 2019/20“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Архивирано од изворникот на 2022-01-28. Посетено на 2 јануари 2021.
  125. „Milovanović, Miloš — sezona 2020/21“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Архивирано од изворникот на 2022-01-28. Посетено на 2 јануари 2021.
  126. „Milovanović, Miloš — sezona 2021/22“. Прва лига Србије у фудбалу, званична презентација. Посетено на 5 август 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.