Милорад Медаковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Милорад Медаковиќ
Milorad Medakovic.jpg
Роденноември 1824 [[{{{3}}}]][[Категорија:Родени во {{{3}}} година]]

[[Категорија:Родени во {{{3}}} година]]

[[Категорија:Родени во {{{3}}} година]]
Звониград, Австријско царство
Починал14 март/26 март 1897 ( г.)
Шаблон:Починал во Белград, Kралство Србија

Милорад Медаковиќ (Звониград, ноември 1824Белград, 14 март/26 март 1897) бил српски историчар, новинар и дипломат. Медаковиќ бил и секретар и војвода на кнезот Данило, биограф на Његош и брат на Данило Медаковиќ (1819—1881)[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Податотека:Milorad Medakovic 2.jpg
Милорад Медаковиќ

Милорад Георгије Медаковиќ и неговиот брат Данило го превртеле тркалото на историјата на нивнит народ. Подеднакво се борел за негово ослободување и отфрлање на плаштот на заостанатоста. Со романтичарски занос ја ширел идејата за словенството и љубовта према Русија, со чијае тогашна моќ бил горд колку и со својата српска припадност. Носен од патриотизмот на Милорад во годината 1844 година по препорака на тогашниот дубровнички парох и уредник на „Српско-далматински магазинГеоргије Николајевиќ оди во Цетиње и станува учител. Од тогаш почнува милорадовата возбудлива дипломатска, новинарска, истражувачка и книжевна кариера. По неколку години на учителствување, Петар II Петровиќ Његош го именува Милорад за својот прв аѓутант. Наскоро стануваат големи пријатели, четиригодишни соработници и соборци. Заедно одат во Виена каде што Његош му ја доверува улогата на коректор на „Горски виенец".

По враќањето од Австрија Милорад свратува во Венеција, заради собирање на материјали за Црна Гора. Една година подоцна одлучил да го напушти Цетиње и заминал во новинарска и книжевна авантура, запишано е во „Глас Црногорца“ во бр. 51 на 26 ноември 1894година. Уште на 1 септември 1848 година Милорад се појавил во Котор, и два месеци подоцна во Сремски Карловци каде што се приклучил на својот брат, д-р по филозофија Данило Медаковиќ, кој во тоа време бил познат новинар и издавач на списанието „Напредак“. Заради пишување на статии против метерниковата политики за угнетување на јужните Словени, Милорад во 1849 година бил затворен. По излегување од затвор заминал во Загреб, каде што се приклучил на Људевит Гај и станал соработник на „Народних новиниа“. Бил главен уредник на „Шумадинка“, ги покренал и списанијата "Војвоѓанка" и "Јужна пчела"(покренат на 15 октомври 1851)година . Кон крајот на 1854година Милорад добива повик од Цетиње "да ја прифати позицијата на секретар на кнезот Данило“. Во јуни 1885 година ја прифатил понудата и така влегува во политиката. Патувал во Русија, настојувајќи да издејствува политичката независност на Црна Гора. Едно време бил чиновник на руското пратеништво во Белград. Работел и на собирање на книги за библиотеката во Цетиње, а во Дубровник завршил фотографски курс и така во 1845година станал прв црногорски фотограф. Починал во Белград на 14 март 1897година во 74 година од животот, завештувајќи ги трите куќи и сите акции на српскиот народ. Најважното дело на Милорад Медаковиќ е „Животот и обичаите на Црногорците“ („Живот и обичаји Црногораца“ ) од (1860) година.

Референци[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]