Максим (бугарски патријарх)
Патријарх Максим | |
---|---|
Црква | Бугарска православна црква |
Седиште | Софија |
Ракоположен | 4 јули 1971 |
Службата завршила | 6 ноември 2012 |
Претходник | Патријарх Кирил |
Наследник | Патријарх Неофит |
Лични податоци | |
Световно име | Марин Најденов Минков |
Роден | 29 октомври 1914 Орешак, Бугарија |
Починал | 6 ноември 2012 Софија, Бугарија | (возр. 98)
Почивалиште | Тројански манастир |
Максим бил православен духовник од Бугарија, поглавар на Бугарската православна црква и митрополит Софиски од 1971 па сè до својата смрт во 2012 година.
Животопис
[уреди | уреди извор]Максим е роден како Марин Најденов Минков на 29 октомври 1914 година во село Орешак во семејството на Најден Минков Рачев и Пена Борџукова. Од рани години бил послушник во Тројанскиот манастир. Основното образование го стекнал во своето родно село. Завршил Софиската духовна богословија и Богословскиот факултет на Софискиот универзитет. Во 1941 година примил монашки потстриг во параклисот на Богословскиот факултет под името Максим, а потоа бил ракоположен за јероѓакон. Во 1947 година бил воведен во архимандритско достоинство од Доростолскиот и Червенскиот митрополит Михаил.
Од 1947 до 1950 година архимандритот Максим бил протосингел на Доростолско-червенската митрополија, а од 1950 до 1955 година бил претставник на Бугарското црковно подвоје при Московската патријаршија. По враќањето во Бугарија, во 1955 година бил назначен за главен секретар на Светиот синод, на оваа функција бил сè до 1960 година. На 30 декември 1956 година бил хиротонисан во епископски чин како епископ Браницки по предлог на патријархот Кирил. Во 1960 година бил избран и утврден за Ловчански митрополит. По смртта на патријархот Кирил во март 1971 година бил намесник-претседател на Светиот синод на Бугарската православна црква. Бил назначен за Бугарски патријарх на 4 јули 1971 година. Според статутот на БПЦ, патријархот е истовремено и Софиски митрополит. Починал на 6 ноември 2012 година во Софија.[1][2][3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ www.news.bg — Патриарх Максим почина
- ↑ „Официален сайт на Св. Синод на БПЦ — Днес, 6 ноември 2012 г., се претстави в Господа Негово Светейшество Българският Патриарх и Софийски митрополит Максим“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2012-11-06.
- ↑ Се упокои во Господ Неговата Светост Бугарскиот Патријарх Максим
Поврзано
[уреди | уреди извор]„Максим (бугарски патријарх)“ на Ризницата ? |
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|