Прејди на содржината

Леринска битка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Леринска битка
Дел од Македонскиот фронт

Битката за Лерин
Датум 17 август 1916 - 28 август 1916
Место околу Лерин, Грција
Исход Бугарско освојување на Лерин, ограничени бугарски придобивки, запрено бугарското напредување
Завојувани страни
Бугарија Бугарија  Србија
Команданти и водачи
Климент Бојаџиев Павле Јуришиќ-Штурм
Сила
Прва бугарска армија
116.000 луѓе
Три српски армии[nb 1]
124.000 луѓе
Жртви и загуби
1.079 убиени, 4.399 ранети
Вкупно: 5.478[1]
657 убиени, 2.555 ранети, 706 исчезнати
Вкупно: 3.918[1]

Леринска битка - офанзивна операција на бугарската војска за време на Првата светска војна помеѓу 17 и 28 август 1916 година, во која тие го освоиле градот Лерин, но не успеале да го освојат селото Чеган.[2]

Позадина

[уреди | уреди извор]

Во август 1916 година, Романија избира да се вклучи во војната на страната на Антантата. За средината на август, Сојузниците планирале голема офанзива на Македонскиот фронт, со цел да го поддржат влезот на Романија во војната и да притиснат колку што е можно повеќе бугарски сили. На 9 август, Бугарската врховна команда покренува офанзиви и борби околу Дојран кои само ги потврдуваат сомневањата. Од почетокот на годината, Бугарите од своја страна се залагаат за македонска офанзива и планираат напади со Првата и Втората армија на двете крила на Сојузниците.

Операцијата Струма на источната страна од Бтората бугарска армија, под водство на генерал Тодоров бил огромен успех, главно поради тоа што грчката влада наредила нејзините војници да не се спротивставуваат.

Чеганска офанзива

[уреди | уреди извор]

Напреднувањето на десното крило било преземено од Првата бугарска армија која во јули 1916 година го имала следниов боев поредок:

Боев поредок на Првата армија
Баталјони Луѓе Пушки Митралези Топови
Армиски персонал, позадински служби и др. 13.361 5.524
Пешадиска дивизија „Тунџа“ 22 41.376 22.538 36 48
3/6 пешадиска бригада 10 8.029 6.491 12 12
Трета коњичка бригада 1.892 1.310 4
Трета пешадиска дивизија „Балкан“ 21 42.777 26.953 36 48
Армиски единици (15-МР, резерви, итн.) 4 7.946 7.000 20 66
Германски единици 1.987 987 24 12
Вкупно 57 117.368 70.803 128 190

Германците конечно се согласиле дека е потребна офанзива и на 12 август, генералот Бојаџиев ги примил наредбите од командното место на армиската група „Макензен“. На десното крило на армијата, која се состоела од засилената 8-ма пешадиска дивизија (четири и пол пешадиски бригади), било да се напредува и да се заземе Лерин, додека делови од 3-та дивизија за цел ја имале Чеганска Планина и истоименото село (грчки: Άγιος Αθανάσιος, Агиос Атанасиос, на северозападниот дел на Островското Езеро, во грчкиот округ Постол). Генералот Бојаџиев се согласил да нападне, но бил загрижен за конечниот резултат од офанзивата, бидејќи неговата војска била распоредена на 140 километри фронт и ѝ недостигала планинска и тешка артилерија. На Бугарите им се спротивставиле шест пешадиски и една коњичка дивизија од три српски армии.

Офанзивата започнала на 17 август 1916 година со бугарското преземање на Лерин и Баница. Сепак напредувањето брзо наишло на тешкотии и значително забавило, што се должело на зголемувањето на српскиот отпор. Борбите биле особено тешки на голите карпести падини на планините Чеган и Ниџе. Србите постојано се зајакнувале со нова артилерија и нови војници, благодарение на железницата што стигнувала на бојното поле, додека Бугарите наскоро се соочиле со недостаток на муниција. Ова, како и бавниот напредок ја принудило бугарската врховна команда на 27 август да ги прекине сите напади и им наредиле на силите да се вкопаат на окупираните позиции помеѓу Островското Езеро, Петерското Езеро и по сртовите на планината Ниџе. За следните неколку дена бугарските позиции биле подложени на тежок артилериски оган и неколку српски напади кои биле одбиени.

Последици

[уреди | уреди извор]

Офанзивата на Чеган, исто така позната и како Леринска офанзива, не успеала. Исто така, не успеала да влијае на Романија која што влегла во војната на страната на Сојузниците, како што и не успеала да ја постигне својата крајна цел, да го заземе селото Чеган и да продолжат северно од реката Острово.

Францускиот генерал Морис Сарај, бил подготвен за противнапад против Првата бугарска армија, која ќе прерасне во Битолска битка.[3] На 23 септември 1916 година, Лерин бил повторно заземен од страна на Французите.

  1. 1,0 1,1 Richard C. Hall, "Balkan Breakthrough: The Battle of Dobro Pole 1918" pg. 68
  2. Мира Радојевиќ, Љубодраг Димиќ, Србија у Великом рати 1914 -1918, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2018, стр. 57 - 58.
  3. Мира Радојевиќ, Љубодраг Димиќ, Србија у Великом рати 1914 -1918, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2018, стр. 258 - 262.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Македонски фронт