Лазарадес

Координати: 40°1′N 21°51′E / 40.017° СГШ; 21.850° ИГД / 40.017; 21.850
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лазарадес
Λαζαράδες
Лазарадес is located in Грција
Лазарадес
Лазарадес
Местоположба во областа
Лазарадес во рамките на Серфиџе-Велвендо
Лазарадес
Местоположба на Лазарадес во Општина Серфиџе и областа Западна Македонија
Координати: 40°1′N 21°51′E / 40.017° СГШ; 21.850° ИГД / 40.017; 21.850
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаСерфиџе
Општ. единицаКамбуница
Надм. вис.&10000000000000635000000635 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно94
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Лазарадес (грчки: Λαζαράδες) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 94 жители (2011).

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 6 км југозападно од селото Трановалто, во северозападните разгранки на планината Камбуница, на надморска височина од 635 м.[2] Сместено е на 46 км јужно од Кожани и околу 30 км југозападно од општинскиот центар Серфиџе.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Неговото население уште од порано има грчко потекло.[2]

Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. го наведува Лазаропско (Lazaropsko) како грчко село.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лазарадис се води како чисто грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак со 35 куќи.[4]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Лазарадес живееле 180 Грци христијани.[5] Според грчка атинска статистика од 1910 година во Лазарадес живееле 180 Грци христијани.[6]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна, на 9 октомври 1912 г. настанува битка меѓу грчките единици и отоманската војска кај селото. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Лазарадес броело 129 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 143 лица.[2]

Во 1960-тите се доселени семејства од планинското село Падеж, поради што во пописот од 1961 г. броело 289 жители, а во 1971 г. 257 лица.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението произведува жито, тутун, компири и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 142 197 289 257 196 169 152 94
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Камбуница со седиште во селото Трановалто, која припаѓа на поголемата општина Серфиџе, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Трановалто, во кој влегуваат истоименото село и Низиско.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 318–319.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 278. ISBN 954430424X.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 59.
  5. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.
  6. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Η Μακεδονία: εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι, 1910, σ. 107.
  7. „Δυτική Μακεδονία“. Ελλάδος Περιήγηση. Посетено на 4 април 2024.