Низиско

Координати: 40°4′N 21°48′E / 40.067° СГШ; 21.800° ИГД / 40.067; 21.800
Од Википедија — слободната енциклопедија
Низиско
Φρούριο
Низиско is located in Грција
Низиско
Низиско
Местоположба во областа
Низиско во рамките на Серфиџе-Велвендо
Низиско
Местоположба на Низиско во Општина Серфиџе и областа Западна Македонија
Координати: 40°4′N 21°48′E / 40.067° СГШ; 21.800° ИГД / 40.067; 21.800
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаСерфиџе
Општ. единицаКамбуница
Надм. вис.&10000000000000600000000600 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно51
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Низиско (грчки: Φρούριο, Фрурио; до 1961 г. Παλιάλωνα, Палијалона[2]; до 1928 г. Νιζισκό, Низиско[3]) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 51 жител (2011).

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено југозападно од Серфиџе и јужно од Кожани, на 2 км источно од десниот брег на Бистрица, во подножјето на планината Камбуница, на надморска височина од 600 м.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Среден век[уреди | уреди извор]

Кај селото се наоѓаат остатоците на средновековниот град Соск.[5][6]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Иако носи македонско (словенско) име, неговото население уште од порано има грчко потекло.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Низиско се води како чисто грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак со 15 куќи.[7]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Изиско живееле 90 Грци христијани.[8]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Низиско броело 109 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 116 лица.[4]

Во 1928 година, името на селото било променето во Палијалона (Παλιάλωνα).[3] Во 1961 г. е одново преименувано, овојпат во Фрурио (Φρούριο).[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 189 210 264 216 127 96 79 51
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Камбуница со седиште во селото Трановалто, која припаѓа на поголемата општина Серфиџе, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Трановалто, во кој влегуваат истоименото село и Лазарадес.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 3 април 2024.
  3. 3,0 3,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 3 април 2024.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 322.
  5. 5,0 5,1 „Φρούριο Κοζάνης“ (грчки). Μικρόβαλτο Κοζάνης. Архивирано од изворникот на 2014-12-27. Посетено на 3 април 2024.
  6. „ΠΟΛΕΙΣ –ΚΑΣΤΡΑ ΤΗΣ ΠΕΡΙΟΧΗΣ ΤΗΣ ΚΟΖΑΝΗΣ“ (грчки). Μικρόβαλτο Κοζάνης. Архивирано од изворникот на 2014-12-27. Посетено на 3 април 2024.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 60.
  8. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.
  9. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/26378/758/12-7-1996 - ΦΕΚ 756/Β/27-8-1996“ (грчки). Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-18. Посетено на 3 април 2024.