Курфирст

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Илустрација на средба на курфирстите каде што вршат избор императорот Хенри VII. Потеклото на курфирстите може да се идентификува според грбот што се наоѓа над секој од нив (од лево на десно): Архиепископите на Келн, Мајнц и Трир, Крупфалц (Палатин на Рајна), Војводство Саксонија, Грофот на Бранденбург и кралот на Бохемија

Курфирст на Светото Римско Царство (германски: Kurfürst (За оваа звучна податотека listen ), латински: Princeps Elector) — член на изборен колегиум на Светото Римско Царство.

Од XII век па натаму, курфирстите ја имале привилегијата да го изберат кралот на Римјаните, кој подоцна бил крунисан од страна на папата како император на Светото Римско Царство. Карло V бил последниот крунисан император (избран 1519, крунисан 1530). Неговите наследници биле избирани за императори директно од страна на избирачкиот колегиум и секој избран император ја носел титулата „избран Император на Римјаните“ (германски: erwählter Römischer Kaiser; латински: electus Romanorum imperator). Во пракса, сите освен еден император по 1440 биле од австриската династија Хабсбурговци, па затоа историчарите сметаат дека поради тоа курфирстите само го ратификувале наследството во хабсбуршката династија.

Достоинството на курфирстот носело голем престиж и се сметало дека е второ по она на кралот или императорот.[1] Курфирстите имале ексклузивни привилегии кои што ги немале останатите кнезови во империјата. Паралелно со титулата курфирст, тие исто така ја држеле и титулата кнез. Престолонаследникот на секуларните курфирсти бил познат како изборен кнез (германски: Kurprinz).

Историја[уреди | уреди извор]

Грбовите кои ги претставуваат оригиналните курфирсти прикажани заедно со Германија

Германската практика на вршење на избор на монарси започнала кога античките германски племиња формирале ад-хок коалиции и ги одбирале лидерите на истите. Изборите биле нерегуларно извршувани од страна на франките чии земји-наследнички ги вклучувале Франција и Светото Римско Царство. Француската монархија со текот на времето станала наследна, но императорите на Светото Римско Царство останале одбирани, барем теоретски поради тоа што најголем број од монарсите произлегувале од Хабсбушката династија. Покрај тоа што слободните мажи на почеток го изразувале своето право на глас на избори, правото на глас постепено станало ограничено на владеачките фигури во царството. Во изборот на Лотар II во 1125, мал број на еминентни благородници го одбирале монархот, а потоа го доставувале нивниот избор на одобрување на останатите аристократи кои се наоѓале во повисоките слоеви од општеството.

Подоцна правото да се врши избор на монархот станало практика на ексклузивна група од кнезови, а процедурата за барање на одобрение од останатото благородништво згаснала. Колегиумот од курфирсти се споменувал во 1152 и повторно во 1198. Составот на курфирсти во тоа време бил нејасен, но се смета дека бил составен од претставници на црквата како и војводи од четирите нации на Германија: франките (Војводство Франконија), швабите (Војводство Швабија), саксонците (Војводство Саксонија) и баварците (Војводство Баварија).

1257 до Триесетгодишната војна[уреди | уреди извор]

Во писмото на папата Урбан IV се вели дека од „памтивек“ традицијата се состоела во тоа што седум кнезови го имале правото да го одбираат кралот и идниот император. Овие седумина кнезови биле споменувани како личностите кои дале глас во изборот во 1257 што резултирал со избор на два крала.

Тројцата архиепископи ги надгледувале моќните престоли во Германија, додека другите четворица ги претставувале четирите војвотства. Грофот Палатин на Рајна владеел на поголемата територија од поранешното Војводство Франконија по смртта на последниот војвода во 1039. Грофот на Бранденбург станал курфирст кога војвотството Швабија се распаднало по обезглавувањето на последниот војвода на Швабија во 1268. Саксонија, и покрај намалената територија останала на својата еминентна позиција.

Палантин и Баварија на почеток биле под владетелство на една личност, но во 1253, тие се поделиле на две членки во склоп на династијата Вителсбах. Останатите курфирсти одбиле да дозволат двајца кнезови од една иста династија да имаат изборно право, па поради тоа настанало големо ривалство помеѓу војводата од Крупфалц и војводата од Баварија за тоа кој треба да го заземе столот на Вителсбах.

Во меѓувреме, кралот на Бохемија, кој ја бил на древната империјалистичка функција Главен Пехарник, го потврдил неговото право на учество на изборите.

Рензенскиот договор кој бил склучен во 1338 го имал ефектот каде што мнозинството од курфирстите автоматски ја доделувале титулата и владеењето над империјата, без папско одобрување. Златната була во 1356 конечно ги решила споровите меѓу курфирстите. Според оваа декларација, архиепископите од Мајнц, Трир и Келн како и кралот на Бохемија, грофот на Палатин на Рајна, војводата од Саксонија и грофот на Бранденбург го имале правото на избор на кралот.

Ратификација на договорот во Минстер, Џерард Терборк, 1648.

Составот на колегиумот останал непроменет до XVII век, иако изборното кнежевство Саксонија се трансформирало од поголема во помала гранка на династијата Ветин во 1547, како последица на Шмалкалдската војна.

Од Триесетгодишната војна до Наполеон[уреди | уреди извор]

Во 1621 Фридрих V Палатински добил царска забрана поради учеството во бунтот во Бохемија (дел од Триесетгодишната војна). Местото на курфирстот Фридрих V Палатински било доделено на војводата на Баварија, челник на помлада гранка од неговата фамилија. Првентствено, со изборното кнежевство лично владеел војводата, но подоцна тоа станало наследно. Триесетгодишната војна завршила со Вестфалскиот мир во 1648 каде што бил воспоставен ново изборно кнежевство за грофот од Крупфалц. Поради тоа што курфирстот од Баварија го задржал своето место, бројот на избирачи се зголемил на осум. Двете линии од династијата Вителсбах биле доволно отуѓени меѓусебно што тоа не претставувало дополнителна опасност.

Во 1685, религиозниот состав во изборниот колегиум бил нарушен кога католичка гранка од династијата Вителсбах го наследила грофовството Крупфалц. Бил воспосавено ново протестантско изборно кнежевство во 1692 за војводата од Брауншвиг-Линебург, кој станал познат како Курфирстот од Хановер (царскиот Рајхстаг официјално го признал формирањето во 1708). Курфирстот од Саксонија се преобратил во католик во 1697 со цел да стане крал на Полска, но други дополнителни протестантски курфирсти не биле назначени. Иако курфирстот од Саксонија лично се сметал за католик, официјалната религија во изборното кнежевство останала протестантството, а курфирстот останал и лидер на протестантското тело во Рајхстагот.

Во 1706, на курфирстите од Баварија и архиепископот на Келн имале забрана за време на Војната за шпанското наследство но местата на двајцата курфирсти биле одново воспоставени во 1714 по Договорот од Баден. Во 1777, бројот на курфирсти бил намален на осум кога курфирстот од Крупфалц ја наследил Баварија.

Голем број на промени биле неопходни поради агресиите на Наполеон за време на раниот XIX век. Според Договорот од Линевил во 1801, вила отстапена територија на левиот брег на Рајна на Франција, што довело до укинување на архиепископии на Трир и Келн како и префрлување на останатиот религиски курфирст од Мајнц на Рагенсбург. Во 1803 изборните кнежевства биле овозможени за војводата на Виртемберг, грофот на Баден, грофот на Хесен-Касел и војводата на Салцбург со тоа зголемувајќи го вкупниот број на курфирсти на десет. Кога Австрија го анексирала Салцбург според Договорот од Пресбург во 1805, војводата на Салцбург се отселил во Големото Војводство Вирцбург и го задржал своето изборно кнежевство. Ниеден од новите курфирсти немал прилика да гласа поради распадот на Светото Римско Царство во 1806, а новите курифрсти никогаш не биле потврдени од страна на царот.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]