Список на владетели на Прусија
Ова е список на владетели на поранешната германска држава Прусија. Државата првично постоела во облик на териториите крај Балтичкото Море, што Тевтонските витези ги освоиле од Прусите, Полска и Литванија. Подоцна Прусија станува сузеренство на Кралството Полска, независно војводство, независно кралство, кралство во рамките на Германското Царство, и на крај државна покраина во составот на Германија.
Почнувајќи од 1618, историјата на Прусија е потесно поврзана со историјата на Маркгрофовство Бранденбург - владетелот на Прусија бил и изборен кнез на Бранденбург (1618-1806).
Војводи на Прусија (1525-1701)
[уреди | уреди извор]Војводи на Прусија - династија Хоенцолерн | ||||
Слика | Име | Од | До | Забелешки |
Алберт I | 10 април 1525 | 20 март 1568 | Внук на Алберт III Ахил од династијата Хоенцолерн. Велемајстор на Тевтонските витези. Станал лутеранец, па од кралот на Полска ја добил световната титула „Војвода на Прусија“. | |
Алберт II Фридрих | 20 март 1568 | 18 август 1618 | Син на Алберт I. Во 1577 е прогласен за душевно неподобен. Кога кралот Сигизмунд II Август ја придодал војводска Прусија во 1569, власта најпрвин ја имал Герг Фридрих, маркгроф на Бранденбург-Ансбах, потоа Јоаким Фридрих (1605–1608), па на крај од Јохан Сигизмунд. | |
По смртта на Алберт Фридрих (1618) власта врз војводството му припаднала на неговиот зет и далечен братучед, изборниот кнез Јохан Сигизмунд од старешинскиот род на династијата Хоенцолерн што владеела со Маркгрофовството Бранденбург. Иако маркгрофовството и војводството биле правно посебни единици, понекогаш во целина се нарекуваат Бранденбург-Прусија. | ||||
Јохан Сигизмунд | 18 август 1618 | 23 декември 1619 | изборен кнез на Бранденбург од 1608. Се оженил со војвотката Ана, ќерка на Алберт Фридрих. | |
Георг Вилхелм | 23 декември 1619 | 1 декември 1640 | Син на Јохан Сигизмунд и Ана. | |
Фридрих Вилхелм | 1 декември 1640 | 9 мај 1688 | Син на Георг Вилхелм. Во 1657 полскиот крал Јан II Казимир го признал неговиот целосен суверенитет врз Војводството Прусија, и така тоа станало независна држава. Полска го задржала правото да ја поништи одлуката во случај да изумрат сите членови на династијата Хоенцолерн. правата на прускиот војвода и полскиот крал биле утврдени со низа договори кои се обновувале со секоја смена на владетел, сè до 1698 (крунисувањето на полскиот крал Август II). | |
Фридрих I | 9 мај 1688 | 18 јануари 1701 | Син ха Фридрих Вилхелм. Во 1701 бил крунисан за „Крал во Прусија“, што ја означува целосната независност на Прусија од Полска, но со суверентиет ограничен на поранешната територија на војводска Прусија. |
Кралеви на Прусија (1701-1918)
[уреди | уреди извор]Пред 1772 г. овие кралеви ја носеле титулата „Крал во Прусија“ (со предлогот „во“ наместо „на“).
Кралеви во и на Прусија - дианстија Хоенцолерн | ||||
Слика | Име | Од | До | Забелешки |
Фридрих I | 18 јануари 1701 | 25 февруари 1713 | Целосно ја отцепил Прусија од Полска и во 1701 се прогласил за суверен „Крал во Прусија“. | |
Фридрих Вилхелм I | 25 февруари 1713 | 31 мај 1740 | Син на Фридрих I. Бил нарекуван „Кралот-војник“ (Der Soldatenkönig). Ја реформирал војската и ги ограничил државните издатоци што не се однесувале на војската. | |
Фридрих II | 31 мај 1740 | 17 август 1786 | Откако ја припоил Кралска Прусија со поделбата на Полска 1772, „Фридрих Велики“ ја сменил својата титула во „Крал на Прусија“ наместо „Крал во Прусија“. | |
Фридрих Вилхелм III | 17 август 1786 | 16 ноември 1797 | Син на братот на Фридрих II. Ја проширил Прусија припојувајќи уште полски територии. | |
Фридрих Вилхелм III | 16 ноември 1797 | 7 јуни 1840 | Син на Фридрих Вилхелм II. Со распуштањето на Светото Римско Царство (1806), ја изгубил титулата изборен кнез („изборник“) на Бранденбург, но успеал да ги придодаде неговите територии во Бранденбург кон Прусија. И покрај загубите во Наполеоновите војни, со Виенскиот конгрес територијата на Прусија во голема мера се проширува за сметка на другите германски држави, и со тоа Прусија станува доминантна сила во северна Германија. | |
Фридрих Вилхелм IV | 7 јуни 1840 | 2 јануари 1861 | Син на Фридрих Вилхелм III. За време на револуциите од 1848-9 му било понудено да стане „Цар на Германците“, но ја одбил понудата. | |
Вилхелм I | 2 јануари 1861 | 9 март 1888 | Брат на Фридрих Вилхелм IV. Со Германско-данската војна (1864) и Австриско-пруската војна (1866), Прусија припоила уште територии и станала најсилна држава во Северногерманскиот Сојуз. По победата во Француско-пруската војна (1871), Вилхелм I бил прогласен за Германски цар, задржувајќи ја титулата Крал на Прусија и сите дотогашни владеачки права. | |
Фридрих III | 9 март 1888 | 15 јуни 1888 | Син на Вилхелм I. Исто така бил германски цар. Починал по само 99 од рак на грлото. Затоа 1888 се нарекува „Година на три цара“. | |
Вилхелм II | 15 јуни 1888 | 9 ноември 1918 | Син на Вилхелм II. Со поразот на Германија во Првата светска војна (1914-1918), Вилхелм абдицирал и пребегнал во странство. Ова го означува крајот на владеачката кариера на династијата Хоенцолерни. |
По монархијата
[уреди | уреди извор]Иако Германското Царство повеќе не постоело како монархија, неговите составни земји продолжиле да постојат како републики во рамките на Вајмарската Република. Така, Прусија била „Слободна Држава Прусија“.
Премиери на Слободната Држава Прусија (1918-1945)
[уреди | уреди извор]- Паул Хирш (СПД) 1918-1920
- Ото Браун (СПД) 1920-1921
- Адам Штегервалд (ДЦП) 1921
- Ото Браун (СПД) 1921-1925
- Вилхелм Маркс (ДЦП) 1925
- Ото Браун (СПД) 1925-1932
Во 1932 г. германскиот канцелар Франц фон Папен извршил пуч врз пруската влада и оттогаш со Прусија управувал „рајхскомисар“:
- Франц фон Папен (независен) 1932 (канцелар и рајхскомисар на Германија)
- Курт фон Шлајхер (независен) 1932-1933 (канцелар и рајхскомисар на Германија)
- Франц фон Папен (независен) 1933 (канцелар и рајхскомисар на Германија)
По доаѓањето на нацистите, избран е нов премиер. Меѓутоа тој имал главно церемонијална улога бидејќи покраините ја изгубиле својата автономија и станале административни единици.
- Херман Геринг (НСДАП) 1933-1945
По поразот на нацистичка Германија (1945) пруските покраини биле прераспределени во сојузни покраини. Во 1947 официјално престанува да постои како политички ентитет. Изворните територии на Прусија им припаднале на Полска и СССР.
Претенденти на прускиот престол
[уреди | уреди извор]Претенденти на прускиот престол - династија Хоенцолерн | |||
Слика | Име | Период | Забелешки |
Вилхелм II | 1918-1941 | живеел во прогонство во Холандија сè до крајот на животот | |
Принц-престолонаследник Вилхелм | 1941-1951 | ||
Принц Луј Фердинанд | 1951-1994 | ||
Принц Георг Фридрих | 1994 - |