Кременска Река
| Кременска Река Лакинска Река | |
|---|---|
| Местоположба | |
| Место | Банско, Пиринска Македонија |
| Физички особености | |
| Извор | |
| • место | Ајдучки Кладенец, с. Кремен, Општина Банско |
| • надм. вис. | 1.727 м |
| Устие | |
• место | р. Места кај с. Места, Општина Банско |
• надм. вис. | 302 м |
| Должина | 12 км |
| Големина на сливот | 25 км2 |
| Проток | |
| • просечен | 0,5 м3/с |
| Особености на сливот | |
| Течение | Места→ Егејско Море |
Кременска Река или Лакинска Река (бугарски: Кременска река, Лъкинска река) — река во Северен Пирин, на територијата на Општина Банско, Пиринска Македонија, десна притока на Места. Долга е 12 км и го носи името на селото Кремен, низ чиј атар минува.[1]
Река започнува од атарот на с. Кремен во месноста Ајдучки Кладенец (Харамибунар), североисточно од врвот Човеко. Тече на исток и јужно од селото се влева во десниот брег на Места.
Најголема притока е реката Старите Чаркови (десна). Сливот на Кременска Река зафаќа 25 км2 и има средна надморска височина од 1.325 м. Се напојува од дожд и снег; најполноводна е напролет, а најслабоводна е лете и наесен.[1]
Во Кременска Река се забележуваат мрената и речната пастрмка. Долината е всечена во гранити. Во горниот дел, поречието е пошумено со бел бор, муника и смрча, во средниот со бука и бел бор, а во долното течение со благун, габер и црн бор.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 467. ISBN 954-90006-1-3.