Квалификации за Светско првенство во фудбал 2018 - плејоф (КОНКАКАФ - АФК)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Квалификации за Светско првенство во фудбал 2018
(плејоф КОНКАКАФАФК)
ПрвенствоКвалификации за СП 2018
вкупен резултат
Прв натпревар
Датум10 ноември 2017 (2017-11-10)
СтадионСтадион Олимпико Метрополитано, Сан Педро Сула
СудијаИталија Даниеле Орсато
Гледачи38,000
Втор натпревар
Датум15 ноември 2017 (2017-11-15)
СтадионСтадион Австралија, Сиднеј
СудијаАргентина Нестор Питана
Присутни гледачи77,060

Квалификации за Светско првенство во фудбал 2018 – плејоф (КОНКАКАФ–АФК) било фудбалско натпреварување, односно два натпревари од дополнителните квалификации помеѓу победникот од 4. круг квалификации на АФК конфедерацијата Австралија, и четвртопласираната репрезентација од 5. круг квалификации од КОНКАКАФ конфедерацијата Хондурас. Натпреварите од баражот се одиграле на 10 и 15 ноември 2017 година.[1] Австралија победила со вкупен резултат 3–1 и се квалификувала за Светското првенство.

Преглед[уреди | уреди извор]

Австралија шестти пат настапила во дополнителен интерконтинентален бараж на квалификации за Светско првенство. Прв пат во интерконтинентален бараж Австралија настапила 1985 каде била поразена од Шкотска. Во баражот за Светското првенство 1994, Австралија најпрво била поуспешна од Канада, а потоа загубила од Аргентина со вкупен резултат 2–1. Четири години подоцна, кенгурите ниту овој пат не успеале да се квалификуваат на Светското првенство 1998, каде сега во баражот биле поразени од Иран. Иако двата натпревари завршиле со нерешен резултат 1–1 и 2–2 Иран се квалификувал за Светското првенство поради правилото за повеќе постигнати голови во гости. Во квалификациите за Светското првенство 2002 во интерконтиненталниот бараж Австралија играла против Уругвај. Иако во првиот натпревар Австралија победила со резултат 1–0 во вториот натпревар Уругвај остварил убедлива победа со резултат 3–0 и се пласирал на Светско првенство. Четири години подоцна исти дуел Уругвај и Австралија повторно се сретнале во баражот. Овој пат Австралија била поуспешна по изведување на пенали во реваншот на домашен терен. Во двата натпревари домаќините оствариле идентични победи со резултат 1–0. За разлика од Австралија, за Хондурас ова бил прв интерконтинентален бараж.[2]

Натпревари[уреди | уреди извор]

Прв натпревар[уреди | уреди извор]

10 ноември 2017 (2017-11-10)
16:00 UTC−6
Хондурас  0–0  Австралија Стадион Олимпико Метрополитано, Сан Педро Сула
Гледачи: 38,000
Судија: Даниеле Орсато (Италија Италија)
Извештај
Хондурас
Австралија
GK 22 Донис Ескобер
RB 21 Брајан Бекелес добил жолт картон во 19-тата минута 19'
CB 23 Џони Паласиос добил жолт картон во 37-мата минута 37'
CB   3 Хенри Фигероа
LB   7 Емилио Исагире Captain sports.svg
RM 20 Хорхе Кларос добил жолт картон во 78-мата минута 78'
CM   8 Алфредо Мехија
CM 16 Луис Алфредо Лопес заменет 66'
LM 12 Ромел Киото
CF   9 Антони Лосано заменет 73'
CF 11 Карлос Ланса заменет 60'
Замени:
MF 17 Михаел Киринос влегол во игра 60'
MF 10 Марио Мартинес добил жолт картон во 90+3-тата минута 90+3' влегол во игра 66'
FW 13 Карло Костли влегол во игра 73'
Селектор:
Колумбија Хорхе Луис Пинто
AUS-HON-2017-10-10.svg
GK   1 Метју Рајан
CB   6 Метју Џрман добил жолт картон во 47-мата минута 47'
CB 20 Трент Сеинсбри добил жолт картон во 48-мата минута 48'
CB   8 Бејли Рајт
RM   7 Џош Рисдон добил жолт картон во 39-тата минута 39' заменет 84'
CM 15 Миле Јединак Captain sports.svg
CM 21 Масимо Луонго добил жолт картон во 87-мата минута 87'
LM 16 Азиз Бехич
RF 22 Џексон Ирвајн заменет 74'
CF   9 Томи Јуриќ заменет 89'
LF 13 Арон Мој
Substitutions:
MF 23 Том Рогиќ влегол во игра 74'
DF   2 Милош Дегенек влегол во игра 84'
FW 17 Никита Рукавиција влегол во игра 89'
Селектор:
Анге Постекоглу

Помошни судии:
Италија Лоренцо Мангели
Италија Рикардо ди Фјоре
Четврти судија:
Италија Паоло Талјавенто

Втор натпревар[уреди | уреди извор]

15 ноември 2017 (2017-11-15)
20:00 UTC+11
Австралија  3–1  Хондурас Стадион Австралија, Сиднеј
Гледачи: 77,060
Судија: Нестор Питана (Аргентина Аргентина)
Јединак гол 54'72' (пен..)85' (пен..) Извештај М. Фигероа гол 90+3'
Австралија
Хондурас
GK   1 Метју Рајан
CB   8 Бејли Рајт
CB 20 Трент Сеинсбри добил жолт картон во 88-мата минута 88'
CB   6 Метју Џрман добил жолт картон во 2-рата минута 2'
DM 15 Миле Јединак Captain sports.svg
CM   5 Марк Милиган заменет 89'
CM 13 Арон Мој добил жолт картон во 45+2-тата минута 45+2'
AM 23 Том Рогиќ заменет 77'
RW   7 Метју Лики добил жолт картон во 81-вата минута 81'
LW 16 Азиз Бехич
CF   4 Тим Кејхил заменет 66'
Substitutions:
FW   9 Томи Јуриќ влегол во игра 66'
FW 10 Роби Крузе влегол во игра 77'
MF 14 Џејмс Троиси влегол во игра 89'
Селектор:
Анге Постекоглу
AUS-HON 2017-11-15.svg
GK 22 Донис Ескобер
RWB 21 Брајан Бекелес
CB 23 Џони Паласиос добил жолт картон во 84-тата минута 84'
CB   3 Мајнор Фигероа Captain sports.svg добил жолт картон во 19-тата минута 19'
CB   5 Евер Алварадо
LWB   7 Емилио Исагире заменет 42'
CM 20 Хорхе Кларос добил жолт картон во 57-мата минута 57'
CM   6 Брајан Акоста
RW 17 Алберт Елис
LW 12 Ромел Киото заменет 75'
CF   9 Антони Лосано
Замени:
DF   4 Хенри Фигероа влегол во игра 42' заменет 73'
MF 10 Марио Мартинес влегол во игра 73'
FW 11 Еди Ернандес влегол во игра 75'
Селектор:
Колумбија Хорхе Луис Пиното

Помошни судии:
Аргентина Ернан Мајдана
Аргентина Хуан Пабло Белати
Четврти судија:
Аргентина Патрисио Лоустау

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Dates set for Socceroos-Honduras World Cup qualifier“ (engleski). SBS the World Game. 15. 10. 2017. конс. 19. 12. 2017. 
  2. „Preliminary Draw procedures outlined“ (engleski). FIFA.com. 9. 7. 2015. конс. 20. 12. 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]