Прејди на содржината

Карол Џи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карол Џи
Роден(а)Каролина Џиралдо Наваро
14 февруари 1991(1991-02-14)(33 г.)
Меделин, Колумбија
Занимање
  • Пејачка
  • Текстописец
Активен период2006–денес
Страница
karolgmusic.com

Каролина Хиралдо Наваро (шпански: Carolina Giraldo Navarro родена на 14 февруари 1991 година), естрадно позната како Карол Џи, ― колумбиска пејачка и глумица. Таа се смета за една од највлијателните регетон и латино-треп музичарки.[1][2][3] Има добиено неколку награди, меѓу кои и пет Латински Греми награди и четири Билборд музички награди, а два пати била номинирана за Греми награда. Ја добила наградата „Прекршувач на правила“ од страна на Жени во музиката при Billboard и наградата „Дух на надежта“ од Латинските музички награди при Билборд, а нејзините дела собориле пет Гинисови рекорди.

Живот и кариера

[уреди | уреди извор]

Каролина Џиралдо Наваро е родена на 14 февруари 1991 година во Меделин.[4] На 14-годишна возраст, учествувала на El Factor X.[4] Џиралдо, на YouTube објавила преработки на песни од Алиша Кис и Лорин Хил, со кои се надевала дека ќе биде откриена како Џастин Бибер.[5] Конечно, потпишала договор со Flamingo Records (Колумбија) и Diamond Music (Порторико) и го избрала „Karol G“ како нејзино уметничко име.

Откако увидела дека нејзината музичка кариера не напредува доволно брзо во Јужна Америка, разочараната Карол во 2014 година се преселила во Њујорк. Карол одлучила да се запише на часови по музичка бизнис-администрација. Одлуката ѝ помогнала уште повеќе да ја засака музиката и ја мотивирало да ја продолжи својата музичка кариера.[6] Во 2016 година, потпишала со Universal Music Latino.[4]

2017–2018: Пробив и Unstoppable

[уреди | уреди извор]
Карол Џи во 2018 година

Во февруари 2017 година, Карол Џи ја објавила песната „A Ella“ (За неа); песна инспирирана од настани од нејзиниот живот. Во мај, заедно со порториканскиот треп уметник Bad Bunny ја објавила „Ahora Me Llama“ (Сега тој ме вика) и песната станала нејзин пробивен хит.[6][7][8] „Ahora Me Llama“ била главен сингл за нејзиниот прв студиски албум, Unstoppable објавен во октомври 2017 година.[4]

2019–2021: Ocean and KG0516

[уреди | уреди извор]
Карол Џи во 2019 година

На 3 мај 2019 година Карол го издала албумот Ocean. Албумот бил инспириран од моментите на мир и опуштање кои таа го доживеала на плажата на островот Тенерифе; таа отишла на плажите на островите Туркс и Кајкос, како и на Свети Мартин, за дополнителна инспирација за албумот.[6]

Во јули 2019 година, Карол Џи соработувала со Ануел АА, Деди Јенки, Озуна и Џеј Балвин за песната „China“. Песната има семплови и е заснована на песната од раперот Шеги од 2000 година, „It Wasn't Me“.[9] Песната се искачила на прво место на топ-листата Billboard Hot Latin Songs на 23 ноември 2019 година и останала на листата 25 недели.[4] На 7 ноември 2019 година, Карол Џи го издала „Tusa“, прв сингл од нејзиниот албум KG0516. Tusa е регетон дует со Ники Минаж; песната била успешна била номинирана за Запис на годината и Песна на годината на 21-то годишно доделување на Латино Греми наградите.[10]

На 26 март 2021 бил објавен албумот KG0516. На 21 септември 2021 година, Карол Џи ја објавила песната Sejodioto која веднаш станала комерцијален успех и била номинирана за Запис на годината и за Песна на годината.

2021– денес: Mañana Será Bonito

[уреди | уреди извор]

Во април 2022 година, бил објавен синглот „Provenza“ како водечки сингл на тогаш ненајавениот албум, Mañana Será Bonito, кој станал вирален на интернет. Насловот се однесува на населба во Меделин која се вика Провенца.[11]

На 24 февруари 2023, Карол Џи го објавила албумот Mañana Será Bonito.[12] Албумот се искачил на прво место на Билборд 200, со што станал прв албум на шпански јазик од женски изведувач кој дебитирал на прво место. Албумот имал седум номинации на 24-те годишни награди Латински Греми, а освоил три награди: албум на годината и најдобар урбан музички албум, а дуетот со Шакира „TQG“ добил награда за најдобра урбана фузија/изведба.[13] На следните 66-ти годишни награди Греми, албумот бил номиниран за Најдобар албум со урбана музика.[14]

Во јуни 2023 година, Карол Џи потпишала со Interscope Records.[15][15] На 2 јуни 2023 година, Карол Џи ја објавила песната „Watati“, промотивен сингл за саунтракот од филмот Барби.[16] Музичкото видео беше објавено на 15 јуни 2023 година.[17] На 11 август 2023 година, Карол Џи издала придружен микстејп за Mañana Será Bonito, насловен Mañana Será Bonito (Bichota Season). Албумот вклучува соработки со Peso Pluma, Kali Uchis и Tiësto, меѓу другите.[18]

Музички стил

[уреди | уреди извор]

Музикиот стил на Карол Џи се опишува претежно како регетон и латино-треп.[8][6][7] Сепак, таа експериментирала и со многу други жанрови во нејзините песни. Нејзиниот албум Ocean содржи широк спектар на стилски експерименти. Карол Џи ја навела дека пејачките Ријана, Бијонсе, Селена Кинтанила и Шакира имале големо влијание во нејзините дела, а дека соработка со Ријана е нејзин „сон“.[4] Карол Џи има тетоважа со портрети на Ријана и Квинтанила, заедно со сопственото лице, на десната подлактица.[7] Други влијаниа се: Деди Јенки, Малума, Розалија, Глорија Треви, Backstreet Boys,[19] Кристина Агилера,[20] Ајви Квин,[21] Анаи,[22] Талиа, Spice Girls, Џери Ривера, Bee Gees и Red Hot Chili Peppers.[4]

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Карол Џи во август 2018 година се запознала со порториканскиот рапер Ануел АА за време на снимањето на спотот за нивната песна „Culpables“, еден месец по неговото ослободување од затвор.[23] Во јануари 2019 година, тие ја потврдиле нивната врска.[24] На 25 април 2019 година, Карол Џи навела дека се свршиле.[23] На 20 април 2021 година, Ануел АА потврдил дека тој и Карол Џи ја прекинале врската.[25]

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

  • Unstoppable (2017)
  • Ocean (2019)
  • KG0516 (2021)
  • Mañana Será Bonito (2023)

Награди и номинации

[уреди | уреди извор]

Карол Џи има добиено неколку награди и номинации: пет Латино Греми награди (вклучувајќи и албум на годината), четири музички награди Билборд, три музички награди на Ем-ти-ви, една МТВ Видео Музичка Награда, една American Music Award и десет награди Ло Нуестро, меѓу другите.

  1. Raygoza, Isabela (17 March 2022). „5 Women Essential To Reggaeton: Ivy Queen, Natti Natasha, Karol G, Ms Nina & Mariah Angeliq“. The Recording Academy. Архивирано од изворникот на 19 November 2023. Посетено на 19 November 2023.
  2. Pareles, Jon (14 February 2023). „Karol G's Songs Conquered the World. On a New LP, She Reveals Herself“. The New York Times. ISSN 0362-4331. Архивирано од изворникот на 14 February 2023. Посетено на 19 November 2023.
  3. „Karol G Is an Unstoppable Force in Latin Music“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на 19 November 2023. Посетено на 19 November 2023.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Празен навод (help)
  5. Празен навод (help)
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Suarez, Gary (22 May 2019). „Karol G Is Bigger Than Reggaetón“. Vice. Архивирано од изворникот на 31 July 2019. Посетено на 5 May 2020. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „vicebigger“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  7. 7,0 7,1 7,2 Jackson, Jhoni (11 November 2019). „Karol G Is Leading Urbano's New Wave“. Paper. Архивирано од изворникот на 13 January 2021. Посетено на 5 May 2020. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „paperleading“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  8. 8,0 8,1 Празен навод (help)Caraballo, Ecleen Luzmila (13 May 2019).
  9. Празен навод (help)
  10. Празен навод (help)
  11. „Karol G dances in a white trikini and shows a preview of "Provenza", her new solo song“. latestusnewshub.com (англиски). Архивирано од изворникот на 21 February 2021. Посетено на 19 April 2021.
  12. Alba Hoyos, Estela (January 26, 2023). „Karol G announces her new album Mañana será bonito. Los 40 (Spanish). Архивирано од изворникот на January 26, 2023. Посетено на January 26, 2023.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  13. Празен навод (help)
  14. Празен навод (help)
  15. 15,0 15,1 Празен навод (help)
  16. Furry, Emma (2023-06-03). „Karol G releases new single, Watati, from Barbie The Album“. United By Pop (англиски). Архивирано од изворникот на 6 September 2023. Посетено на 2023-08-04.
  17. Празен навод (help)
  18. Празен навод (help)
  19. The Tonight Show Starring Jimmy Fallon (25 March 2021). „Karol G Is a Huge Backstreet Boys Fan“ (англиски). Архивирано од изворникот на 10 June 2021. Посетено на 4 April 2021.
  20. „Reggaeton Queen Karol G Is The One To Watch“. V. 15 September 2020. Архивирано од изворникот на 25 February 2021. Посетено на 18 February 2022.
  21. Villa, Lucas (31 March 2020). „Karol G On The Magic Of "Tusa," Working With Nicki Minaj And New Album“. Vibe. Архивирано од изворникот на 21 December 2022. Посетено на 5 May 2020.
  22. Празен навод (help)
  23. 23,0 23,1 Fernandez, Celia (2 May 2019). „Inside Karol G and Anuel AA's Whirlwind Relationship“. Oprah Magazine. Архивирано од изворникот на 4 February 2021. Посетено на 16 April 2020.
  24. Празен навод (help)
  25. Празен навод (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]