Карло III (Шпанија)
Карлос е роден на 20 јануари 1716 година во Мадрид, Шпанија. Тој е најголемиот син од вториот брак на Филип V од Шпанија со Елизабет Фернезе. Кога имал шеснаесет години бил испратен да управува со Парма. По победата на Шпанија над Австрија, тој станал крал на Неапол и Сицилија. Во 1735 година тој ја предал Парма на Австрија а во замена тој ја добил кралската титула Карл VI. На 9 август 1759 година починал шпанскиот крал Фернандо VI од Шпанија, по кое Карлос бил објавен за нов крал на земјата абдицирајќи од Сицилија и Неапол. Во текот на своето владеење, тој склучил сојуз со Франција и ѝ објавил војна на Велика Британија, најголемиот шпански конкурент во колонизацијата на Америка. Шпанија ја загубила контролата над Флорида која била заземена од Велика Британија. Во војната за независност на Америка, кралот дал поддршка на американците и во времето на војната Шпанија успеала да ги врати Флорида и Менорка, но не можела и Гибралтар. Починал на 14 декември 1788 година во Мадрид.
|
- Луѓе од Мадрид
- Шпански монарси
- Кралство Арагон
- Кралство Сицилија
- Римокатолички монарси
- Монарси од Неапол
- Војводи на парма
- Бурбонска династија во Шпанија
- Витези на Златното Руно
- Шпански генерали
- Италијански генерали
- Родени во 1716 година
- Починати во 1788 година
- Италијанско благородништво
- Фарнeска династија
- Европски монарси од 18 век