Прејди на содржината

Источнополинезиски јазици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Источнополинезиски јазици
Географска
распространетост:
Полинезиските острови
Класификација:австронезиски
Гранки:
Централни источни

Источнополинезиските јазици се тихоокеанските острови што се простираат од Хаваи на север до Нов Зеланд на југозапад и Велигденскиот Остров на југоисток. Во оваа група на полинезиски јазици спаѓаат хавајскиот, маркискиот, туамотскиот, тахитскиот, новозеландскиот маорски, раротонганскиот (куковоостровски маорски) и рапанујскиот јазик.

По број на говорници, двете најзначајни групи се тахитските и маорскиот. Тахитскиот е главен јазик на Друштвените Острови, а се користи и како лингва франка ширум Француска Полинезија, додека пак маорскиот го зборува многубројно малцинство во Нов Зеланд, кајшто ужива статус на службен јазик заедно со англискиот. Хавајскиот го зборуваат малкумина, но сепак е службен во сојузната држава Хаваи.

Блиското сродство помеѓу ови јазици е наполно издржано согласно извршените анализи објавени во Базата на основниот лексикон на австронезиските јазици (Austronesian Basic Vocabulary Database, 2008).[1][2]