Прејди на содржината

Исламот во Унгарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ислам во Европа [1]
  20%-30% (Кипар)
  30%-40% (Македонија)
  80%-90% (Албанија)
  90%-95% (Косово)
Џамија во Шиклош.

Исламот во Унгарија има долга историја која датира најрано од 10 век. Влијанието на сунитскиот ислам беше особено нагласено во 16 век, за време на Отоманскиот период во Унгарија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Рана историја

[уреди | уреди извор]

Според старата форма на унгарскиот јазик, муслиманите биле наречени Бјосјормењи, термин зачуван како презиме и во името на градот Хајдубјосјормењ.[2]

Првиот исламски автор кој зборувал за оваа муслиманска заедница беше Јакут ал-Хамави (1179-1229 година по н.е.). Тој пишува за познат унгарски студент кој тој го менторирал во Алеп, според кој околу 30 муслимански села постоеле во Унгарија.[3] Јакут пишува во својот познат географски речник, "Му'аџам ал-Булдан"[4] за неговата средба со унгарски муслиман кој во Сирија го изучуваше исламот и кој му раскажа некои детали од историјата и животот на неговите луѓе во Унгарија. Шпанскиот муслимански патник Абу Хамид ал Гарнати напиша за два типа на муслимани во Унгарија, Böszörmény од Панонската низина и Волшките Бугари (Харезми).

Во 11 век, Свети Ладислав и подоцна Коломан донеле закони против нехристијаните (Синодот на Шаболци). Овие закони го покориле исламот со тоа што ги принудувале муслиманите да јадат свинско месо, да одат во црква, да стапуваат во брак со немуслимани и исто така им забрани да го слават петок. Коломанските закони вклучувале:[5]

§ 46 Ако некој ги фати Исмаилите како постат или јадат или одбиваат свинско месо или во ритуално миење или во други лажни практики, овие Исмаили треба да бидат испратени до царот, а оној што ќе ги тужи ќе добие дел од нивните имоти.

§ 47 Ние им наредуваме на сите исмаилски села да изградат црква и да ја финансираат. Откако црквата ќе биде изградена, половина од селото треба да се отсели и да се насели на друго место, за да станат слични со нас во однос на живеењето, а исто така и во однос на Христа и црквата (т.е. да станат слични по верата).

§ 48 Исмаилите не смеат да ги венчаат нивните ќерки за својата нација, туку само за нашата нација

§ 49 Доколку некој Исмаил има гостин или ако покани некој во својата куќа на оброк, тој и неговите гости морат да јадат само свинско месо.


Свети Ладислав го донесе следниов закон[6]

§ 9 за трговците познати како Исмаили, ако се примети дека и по нивното крштевање тие се вратат на нивните стари прописи во однос на обрежувањето, тие треба да ги напуштат своите домови, но ако докажат дека се невини тие моажат да останат.


Овие закони наметнати од страна на Католичката црква сериозно дискриминирале против малата немнозинска заедници и на крај довеле до целосно исчезнување на заедницата и нејзините професии.

Турската власт во централна Унгарија

[уреди | уреди извор]
Џамија во Печ.

Турците навлегле во Унгарија по Мохачката битката во 1526 година. Од 1541 година тие воспоставиле директна контролира врз централниот дел на Унгарија и го организирале во пет вилаети: Будим, Надканижа, Егер, Варад (Орадеја) и Темишвар.

Минаре во Егер

Во 16 век, за време на отоманското владеење, голем број значајни муслимански личности биле родени во Унгарија. Меѓу нив, најзначајни биле отоманскиот голем везир Сијавуш-паша Кањижанин (од Надканижа) кој бил на оваа функција трипати помеѓу 1582 и 1593 година, како и познатиот мевлевски дервиш Пекшеви Арифи Ахмед Деде, Турчин кој поттекнувал од Печ. Повеќето исламски студии во Унгарија биле во Ханифискиот мезхеб.

Модерна ера

[уреди | уреди извор]

Во 19 век, по неуспехот на револуцијата од 1848-9, повеќе од 6.000 Полјаци и Унгарци го следиле генералот Јозеф Бем во турски егзил. Меѓу нив биле и унгарските офицери Ричард Гујон (Куршид-паша), Ѓорги Кмети (Исмаил-паша) и Максимилијан Штајн (Ферад-паша). Овие личности потоа биле унапредени и се здобиле со функцијата генерал.

  • Гујон е опишан во Оксфордскиот речник за национална биографија како "првиот христијанин кој се здобил со титулата паша и со турска воена команда без да биде обврзан да ја промени својата религија", знак на модернизирана меритократија кај Османлиите од 19 век.

Советот на Ујбуда на муслиманската заедница во Унгарија ѝ даде дозвола да го изгради првиот исламски центар во Будимпешта. Новиот исламски центар ќе има и библиотека која ќе содржи 50,000 тома.[7][8]

Во 2013 година Унгарскиот исламски совет побара големиот муфтија на Босна и Херцеговина Хусеин Кавазовиќ исто така да стане голем муфтија на Унгарија.[9]

Верски закон

[уреди | уреди извор]

Новиот унгарски "Закон за правото на слобода на совест и религија и за црквите, религиите и религиските заедници" - беше донесен на 12 јули 2011 година и признал само 14 религиозни групи. Исламот не бил вклучен во оваа листа и муслиманите требале да аплицираат за да добијат официјално признавање според новиот закон. Според законот, само 14 од 358 регистрирани цркви и верски здруженија ќе добијат правно признание, додека другите ќе мораат да реаплицираат за правна регистрација по одобрение на две-третини од парламентот.[10]

На 27 февруари 2012, унгарскиот парламент го измени контроверзниот закон за религиозни организации со што се прошири списокот и официјално бил признат и Унгарскиот исламски совет.[11]

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според унгарскиот попис од 2011 година, 5,579 муслимани живеат во Унгарија и претставуваат 0.000568242% од вкупното население. Од нив, 4,097 (73.4%) се изјасниле како Унгарци, додека 2,369 (42.5%) се изјасниле како Арапи по етничка припадност.[12] Во Унгарија постои можност за изјаснување на повеќе од еден етнички идентитет (износот е поголем од целината).[13] Податоците од 2011 година не ја вклучуваат турската популација (1,565 според пописот од 2001 година).[14] Сепак, поголемиот дел од муслиманите во Унгарија се од арапско или турско потекло.[15] Покрај ова, исто така постои сè поголем број на етнички Унгарци кои се преобраќаат во ислам.[15]

Значајни луѓе

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Pew Forum, 2011-01 report
  2. Hajduboszormeny | HajduPorta[мртва врска]
  3. (cf. "The Islamic Review", London, February 1950, 38th vol., No.2).
  4. (comp. 625/1228, vide also Wustenfeld's edition, Leipzig, 1866, 1st vol., p. 469)
  5. Coloman's Laws very free translation from Hungarian (original Latin).
  6. „Szent László törvényei“. Посетено на 13 May 2015.
  7. „New Islamic Center in Budapest“. 16 June 2009. Архивирано од изворникот на 2012-02-25. Посетено на 13 May 2015.
  8. „Budapest district green-lights Islamic center“. Архивирано од изворникот на 4 October 2011. Посетено на 13 May 2015.
  9. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-12-31. Посетено на 2017-05-14.
  10. „Churches Divided On Hungary's New Religion Law“. Huffington Post. 19 July 2011.
  11. „In Hungary, amended religion law recognize Hungarian Islamic Council“. Adventist.org. 28 February 2012.
  12. „Központi Statisztikai Hivatal“. Посетено на 13 May 2015.
  13. Hungarian census 2011 - final data and methodology
  14. Hungarian Central Statistical Office. „Factors of the nationality of the population based on affiliation with cultural values, knowledge of languages“. Посетено на 2013-05-21.
  15. 15,0 15,1 Lederer, Gyorgy (2009), „Hungary“, Во Nielsen, Jorgen; Akgönül, Samim; Alibašic, Ahmet; Maréchal, Brigitte; Moe, Christian (уред.), Yearbook of Muslims in Europe, Volume 1, BRILL Publishers, стр. 161, ISBN 9047428501

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]