Ирско востание (1798)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ирско востание од 1798
Дел од Атлантски револуции и Француски револуционерни војни

Битката кај Кеслбар
Датум 24 May – 12 October 1798
Место Ирска
Исход Победа на Британците

Ирското востание од 1798 ( ирски: Éirí Amach 1798) било големо востание против британското владеење во Ирска. Востанието било организирано од Друштвото на обединети Ирци, републиканска револуционерна група под влијание на идеите на американската и француската револуција: била формирана од презвитеријански радикали на кои им се придружило мнозинското католичко население.

И покрај неговото брзо задушување, востанието од 1798 година останува значаен настан во ирската историја. Прославата на неговата стогодишнина во 1898 г. придонела за развојот на современиот ирски национализам, а неколку клучни ликови во востанието, како Волф Тон, станале основа за подоцнежното републиканство.

Позадина[уреди | уреди извор]

Охрабрени од успесите на американската и француската револуција, членовите на католичката организација „Друштво на обединети Ирци“ се спротивставиле на англиското владеење со Ирска. Ирските националисти и нивниот водач Волф Тин се надевале на помош од Француската Република. Тон, во 1976, пристигнал во Франција без инструкции или акредитација од Обединетите Ирци, но успеал да го убеди Францускиот Директорат да им помогне.[1]

Во Брест биле собрани 15000 војници и на 16 декември 1796, придружувани од Тон, се упатиле кон Ирска. На 22 декември 1796 година, откако ја избегнале Кралската морнарица пристигнале на брегот, но не успеале да се истоварат поради лошото време.[2] Француската флота била принудена да се врати назад, а армијата која требало да ја предводи инвазијата на Ирска била прераспоредена да се бори во другите театри на Француските револуционерни војни.

Во 1797 година во Британија почнале да стигнуваат извештаи дека во Ирска цоработниците на Тон подготвуваат тајна револуционерна армија.[3]

Тон се обидел да го убеди се влијателниот генерал Наполеон Бонапарт, кој неодамна спровел успешна кампања во Италија да прати нова војска во Ирска. Бонапарт на почетокот не бил заинтересиран затоа што не бил запознаен со состојбата во Ирска и му требало освојувачка, а не ослободителна војна за да ја исплати својата војска. Меѓутоа, во февруари 1798 година, британските шпиони дознале дека подготвува флота од 50000 војници во пристаништата на Ламанш. Дестинацијата била непозната, но извештаите веднаш биле препратени на ирската влада под раководство на вицекралот, лорд Камден.[3] Ирската влада на 30 март вовела воена состојба. Целокупната команда со армијата од Ралф Аберкромби била префрлена на Џерард Лејк, кој имал агресивен пристап против осомничените бунтовници.[3]

Тек на настаните[уреди | уреди извор]

Планот на востанието бил прво да се заземе Даблин, а окрузите кои се граничат со Даблин да дадат поддршка и да го спречат доаѓањето на засилување.[4] Првите престрелки во востанието се случиле утрото на 24 мај. Борбите брзо се прошириле низ Лејнстер, а најтешки борби се воделе во грофовијата Килдер, каде што бунтовниците ја ставиле под контрола поголемиот дел од територијата на грофовијата. Сепак, бунтовниците биле поразени кај Карлоу во грофовијата Мит, со што востанието во тие грофовии било задушено.

На 22 август, речиси два месеци по поразот на главните востанички сили, околу 1.000 француски војници под команда на генералот Умберт се истовариле во Килкумин во грофовијата Мајо . Ним им се придружиле околу 5.000 месни востаници. Тие успеале да им нанесат понижувачки пораз на Британците кај Каслбар и била создадена краткотрајната „Ирска Република“ со Џон Мур како претседател. Ова предизвикало востанија во Лонгфорд и Вестмит кои брзо биле задушени. Француско-ирските трупи победиле во битката кај Колуни, но на 8 септември 1798 биле поразени во битката кај Балинмак, во Лонгфорд. Ирската Република траела само дванаесет дена од нејзиното прогласување до нејзиниот пад. Француските трупи кои претходно се предале биле вратени во Франција во замена за британски воени затвореници, но стотици заробени ирски востаници биле погубени.

Востание било задушено 4 месеци по неговиот почеток, а по 2 години со Актот на Унијата (од август 1800 година кој стапил на сила на 1 јануари 1801) биле обединети Кралството Велика Британија и Кралството Ирска (претходно во личен сојуз) и било создадено Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Elliott 2012.
  2. Stewart 1995.
  3. 3,0 3,1 3,2 Pakenham 1997.
  4. R. B. McDowell, Ireland in the Age of Imperialism and Revolution, 1760–1801 (1991) pp 612–36.

Предлошка:French RevolutionПредлошка:Client states of the French Revolutionary and Napoleonic Wars