Прејди на содржината

Илјадалетие на Русија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Илјадалетие на Русија
Месно име
Russian
МестоположбаВелики Новгород, Новгородска област, Русија
Височина15.7m
Изграден1862
Службен назив: Историски споменици на Новгород и околината
Тип:Културно
Критериуми:ii, iv, vi
Прогласено:1992 (16th session)
Број604
Регион:Источна Европа
Илјадалетие на Русија.
Илјадалетие на Русија (1862), со храмот Света Софија во позадина.

Илјадалетие на Русија (руски: Тысячелетие России, на латиница: Tysyacheletiye Rossii) е бронзен споменик во Новгородски кремљ. Бил подигнат во 1862 за прославата на еден милениум од пристигнувањето на Рурик во Новгород, настан кој традиционално се смета за почетна точка на историјата на руската државност.[1]

Горно ниво

[уреди | уреди извор]
Слика Опис
Ангел (персонификација на Православната црква) носи крст и благословува клекната жена во руска народна носија, потпрена на штит на кој е грбот и годината "1862". Фигурите се изработени од Иван Шредер, а крстот според нацрт на Виктор Хартман. Тие се наоѓаат на орб (симбол на власта на монархот), ишаран со крстови. Околу орбот има натпис: „За илјадалетието на руската држава, кое се случи за време на просперитетното владеење на императорот Александар II во годината 1862“

Средно ниво

[уреди | уреди извор]
Слика Име Име на руски Година Опис
Пристигнувањето на Варјазите во РусПризвание варягов на Русь862Статуа на првиот кнез Рурик со шлем и штит со натпис „година 6370“ (византиски календар). Рурик носи крзно на Рамењата, а зад него се наоѓа словенскиот пагански бог Велес. Фигурата гледа југозападно, во правец кон Киев.
Покрстувањето на РуситеКрещение Руси988Во средината се наоѓа великиот кнез киевски Владимир Светославич, со подигнат византиски крст. Покрај него, стои жена, Словенка, која го поддава своето дете за крштевање и Славјанин кој го соборува идолот на богот Перун. Композицијата гледа во југоисточен правец.
Почетокот на изгонувањето на ТатаритеНачало изгнания татар1380Дмитриј Донски, победникот во Куликовската битка, држи боздоган во својата десна рака. Под неговите нозе лежи Мамај, поразениот водач на Златната Орда. Во левата рака Дмитриј Донски држи заробен бунчук, татарски симбол на власта. Композицијата гледа источно.
Основање на независно Руско ЦарствоОснование самодержавного царства Русского1491Иван Велики облечен во царска византиска облека и мономахова шапка. Во своите раце држи скиптар и орб. Пред него клечи Татар, покрај него Литванец, кој го претставува Големото Кнежевство Литванија, и тевтонски витез со скршен меч, кој го претставува Тевтонскиот ред. Композицијата гледа североисточно.
Устоличување на династијата РомановиНачало династии Романовых1613Младиот цар Михаил Фјодорович се искачува на рускиот престол по надминување на смутното време. Кнезот Дмитриј Пожарски кој го претставува благородништвото го штити со својот меч, а Кузма Минин кој го претставува народот му ја нуди шапката на Мономах и скиптар. Во позадина се гледа сибирски козак кој ја симболизира идната колонизација на Сибир.
Основање на Руската ИмперијаОбразование Российской империи1721Петар Велики со ловоров венец и скипар во десната рака, а зад него ангел кој му го покажува патот кон северозапад, каде што идиот град Санкт Петербург треба да биде основан. Под нозете на Петар се гледа поразен Швеѓанец кој се обидува да го заштити своето искинато знаме. Ова ја симболизира руската победа во Големата северна војна. Композицијата гледа кон северозапад.

Долни ниво

[уреди | уреди извор]

На долното ниво се претставени просветители, државници, херои, и писатели и уметници.

Просветители
Државници
Воени луѓе и херои
Писатели и уметници
  1. Ketola, Kari; Vihavainen, Timo (2014). Changing Russia? : history, culture and business (1.. изд.). Helsinki: Finemor. стр. 1. ISBN 9527124018.

58°31′16.05″N 31°16′30.87″E / 58.5211250°N 31.2752417°E / 58.5211250; 31.2752417