Прејди на содржината

Соборна црква „Света Софија“ - Велики Новгород

Од Википедија — слободната енциклопедија
Соборна црква „Света Софија“
Софийский собор (руски)
Соборниот храм „Света Софија“ видена од југоисток
Религија
ПрипадностРуска православна црква
Riteправославие
Еклизиастичен или организациски статуссоборна црква на Новгородската епархија
Година на осветување1050 или 1052
Статусактивна
Локација
ЛокацијаРусија, Велики Новгород
Карта
Географски координати58°31′18″N 31°16′34″E / 58.52167°N 31.27611°E / 58.52167; 31.27611
Архитектура
Типцрква
Почеток на градба1045
Завршена во1050
Спецификации
Висина (max)38 m
Купола(и)5
Слика на црквата од 1900 година

Соборна црква „Света Софија“ (руски: Собо́р Свято́й Софи́и, romanized: elсоборна црква во новгородскиот кремљ во Велики Новгород. Таа е соборна црква на новгородскиот архиепископ односно седиште на Новгородската епархија при Руската православна црква.

Од 1992 година црквата се наоѓа во списокот на „Светското наследство на УНЕСКО“ како дел од комплексот „Историски споменици на Новгород и околината“. Храмот исто така се наоѓа на списокот на културното наследство на Руската Федерација под број 5310033042.[1]

Архитектура и историја

[уреди | уреди извор]

Црквата е висока 38 м, изградена е од камен и има пет куполи. Ја изградил меѓу 1045 и 1050 година, новгородскиот кнез Владимир Јарославич на место на поранешна црква која во X век ја изградил Јоаким Корсунијан. Со исклучок на црквите во Шоана и Архиз, претставува најстара црква во Русија која и денес е во употреба.

Од XII до XV век била духовно и културно средиште на Новгородската Република, а во текот на Втората светска војна тешко настрадала. Во советско време била музеј, а во 1991 година ѝ била вратена на Руската православна црква. Како дел од стариот град на Велики Новгород, во 1992 година влегла во Светското културно наследство на УНЕСКО.

На западниот влез во црквата се наоѓа познатата Магдебуршка врата.

Во црквата „Света Софија“ се наоѓаат гробовите на Ана од Новгород, Владимир Јарославич, Лука Шиѓата и Јован Новгородски.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Богуславский, Владимир Вольфович (2001). Славянская энциклопедия. Киевская Русь – Московия: в 2 т. Т.2 Н-Я. ОЛМА Медиа Групп. стр. 409–410. ISBN 978-5-224-02251-9.
  • (германски) Willibald Sauerländer: Die Bronzetür von Nowgorod. R. Piper & Co, Minhen 1963

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. наследие Российской Федерации объект № 5310033042[мртва врска]