Изет Меџити
| Изет Меџити | |
|---|---|
| Градоначалник на Општина Чаир | |
| На должноста | |
| Стапил/ -а 4 ноември 2025 | |
| Претходник | Висар Ганиу |
| На должноста 15 април 2005 – 6 ноември 2017 | |
| Претходник | Аце Миленковски |
| Наследник | Висар Ганиу |
| Министер за животна средина и просторно планирање | |
| На должноста 23 јуни 2024 – 4 ноември 2025 | |
| Претседател | Гордана Сиљановска-Давкова |
| Премиер | Христијан Мицкоски |
| Претходник | Каја Шукова |
| Потпретседател на владата на Македонија | |
| На должноста 23 јуни 2024 – 4 ноември 2025 | |
| Претседател | Гордана Сиљановска-Давкова |
| Премиер | Христијан Мицкоски |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 8 февруари 1977 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
| Националност | Албанец |
| Партија | Демократско Движење |
| Сопружник | Ава Меџити |
| Установа | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ |
| Професија | Економист |
| Вероисповед | Ислам |
Изет Меџити — македонски политичар, градоначалник на Општина Чаир во периодот од 2005 до 2017 година и актуелен градоначалник. Пратеник, поранешен министер за животна средина. Тој е од редовите на ВРЕДИ.
Рани години
[уреди | уреди извор]Изет Меџити е роден на 8 февруари 1977 година во Скопје. Средно образование завршил во гимназијата „Зеф Љуш Марку“ од Чаир. Дипломирал на Економскиот Факултет во Скопје, а бил на последипломски студии од областа на јавниот менаџмент. Во периодот 2001-2003 бил професор по економија во СУГС „Арсениј Јовков“. Откако го напуштил професорското место, работел како економски советник во Македонски Пошти до 2005 година.[1]
Политичка кариера
[уреди | уреди извор]Меџити бил член на политичката партија ДУИ, како еден од четворицата потпретседатели на партијата, заедно со Теута Арифи, Невзат Бејта и Г'зим Острени. Дополнително, тој бил и член на Централното претседателство на партијата.
Првиот мандат како градоначалник го добил на локалните избори во 2005 година, овие избори биле веднаш по новата територијална организација во 2004 година со што за прв пат Општина Чаир ќе добие Албанец градоначалник. Тој на локалните избори во 2013 година остварил една од најубедливите победи во вториот изборен круг со освоени 70% од гласачките ливчиња.[2][3]
Во негово време бил поставен споменик на „Скендер-бег“ на општинскиот плоштад.[4]
За време на неговиот втор мандат донел одлука за преименување на четири основни училишта од општината, која е противзаконска.[5] Поради незаконитоста на одлуката на сведителствата кои се издаваат во овие училишта стоеле старите имиња на училиштата.[6]
Тој бил нарачател на промена на знамето и грбот на Општина Чаир во 2010 година.[7]
Во текот на неговиот мандат како градоначалник на Општина Чаир се граделе бројни дивоградби во општината.[8]
Тој бил вмешан во инцидентот од 2011 година кога била урната црквата на Скопско кале, со што се заостриле меѓуверските односи.[9]
На 13 август 2023 година, ја официјализирал својата партија „Демократско Движење“, со која на парламентарните избори во 2024 година, настапиле во коалицијата „Вреди“ предводена од „Беса“, на кои освоиле 107.081 гласови, односно 10.93% од гласовите и освоиле 13 пратенички мандати.
По парламентарните избори во 2024 година, на 23 јуни 2024 година бил избран за министер за животна средина и просторно планирање и прв заменик премиер во владата на Македонија.
На локалните избори во 2025 година тој бил повторно избран за градоначалник на Општина Чаир.[10]
Приватен живот
[уреди | уреди извор]Меџити се оженил 10 јули 2006 година со сопругата Ава, која работи како педагог во градинка од Чаир. Инаку тој е единствен син во неговото семејство, а има и една сестра. Не е голем љубител на спортот, но активно се занимава со планинарење. Како што тој самиот истакнал, Старата скопска чаршија е неговиот омилен дел од градот.[11]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Немаме магично стапче, но ќе ја решаваме „Дижонска"“. Утрински Весник. 16 октомври 2006. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 21 мај 2013.
- ↑ „Меџити ќе бара втор мандат за да ја доразубави сликата за Чаир“. Утрински Весник. 27 јануари 2009. Архивирано од изворникот на 2023-11-03. Посетено на 21 мај 2013.
- ↑ „Убедлива победа на Изет Меџити во Чаир“. Плус Инфо. 8 април 2013. Посетено на 21 мај 2013.[мртва врска]
- ↑ „Личност на денот - Изет Меџити“. Утрински Весник. 29 ноември 2006. Архивирано од изворникот на 2022-10-18. Посетено на 21 мај 2013.
- ↑ „Стар експлозив за нови тензии: Изет Меџити билда рејтинг со беззаконие!“. МКД.мк. 31 август 2012. Архивирано од изворникот на 2012-11-03. Посетено на 21 мај 2013.
- ↑ „Старите имиња на училиштата ќе стојат на свидетелствата на основците од Чаир“. МКД.мк. 1 август 2013. Посетено на 1 август 2013. Text "Република Online" ignored (help)[мртва врска]
- ↑ Јоновски (2010-12-16). „Општина Чаир со лого инспирирано од грб | Македонско грбословно друштво“. Посетено на 2025-11-05.
- ↑ Дејан, Дејан (2025-10-14). „Османи: Дивоградби во Чаир нема да има тоа го ветувам по цена на избори и било што друго“. telma.com.mk. Посетено на 2025-11-05.
- ↑ „Инцидент на скопско Кале околу изградбата на сакралниот објект“. Исламски центар. 11 февруари 2011. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 21 мај 2013.
- ↑ „Изет Меџити официјално го презеде мандатот како градоначалник на Општина Чаир“. Fokus.mk. 2025-11-04. Посетено на 2025-11-05.
- ↑ „Скопските градоначалници приватно“. Вест. 18 ноември 2006. Посетено на 21 мај 2013.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Политички и професионален профил на Изет Меџити Архивирано на 4 март 2016 г.
- Фејсбук страницата