Иван Црнојевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Иван Црнојевиќ (починал во 1490 година) бил владетел на српската средновековна држава Зета, односно Црна Гора во периодот од 1465 до 1479 година и повторно од 1481 до 1490 година. Бил син и наследник на Стефан Црнојевиќ. [1]

Младоста и доаѓањето на власт[уреди | уреди извор]

Првото турско освојување на Црна Гора (1479)
Романтизиран ликовен приказ на Иван Црнојевиќ

За да можел таткото на Иван, Стефан да ја изрази својата почит кон локалниот моќник војводата Стефан и неговото средновековно однесување, бил принуден да го даде во заложништво својот син Иван. Ова затворање на Иван кај војводата Стефан траело околу десет години, а тој бил ослободен по инсистирањето на Венеција кај војводата за заслугите на Стефан Црнојевиќ. По смртта на Стефан Црнојевиќ (1465), неговиот син Иван станал господар (владетел) на Зета.

На почетокот на неговото владеење, во пролетта 1465 година, Иван ја предводел својата војска обединета заедно со семејството на Грбљаните и семејството на Паштрови од Котор, по што следеле многу крвави судири. На тој начин тој ја напуштил политиката на својот татко, која се засновала на добри односи со Венецијанците. Гледајќи го непријателот во новиот црногорски господар, Венеција ја уценувала главата на Иван со околу 10.000 дукати и ги прекинала односите со сите поданици на семејството Црнојевиќ. Не било забележано дека тој бил единствениот вистински интересент за да ја добие оваа исклучително висока награда односно главата на Иван.

Мир со Венецијанците и со Отоманската империја[уреди | уреди извор]

Во присуство на моќната турска империја под султанот Мехмед II, познат како Освојувачот, Иван многу брзо ја забележал грешката на политиката на отворен судир со Венецијанците уште во 1466 година. Со Венеција, со многу мака, тој успеал да склучи мир. Така тој повторно станал венецијански вазал, но исто така морал да ја признае врховната власт и на султанот и да му исплатува годишен данок во износ на 1.000 дукати. За да ја зацврстел својата моќ, Иван ги земал како заложници синовите на непослушни локални моќници и така ги принудувал на послушност. За да можело Венецијанската Република поцврсто да го врзе Иван за своите интереси, во месец февруари 1474 година таа му го дала своето благородништво нему и на неговите деца.

Војна со Отоманската империја[уреди | уреди извор]

Подемот на Отоманската империја започнал во 1474 година по голем напад на градот Скадар кој во тоа време бил контролиран од Венецијанците. Во овие битки учествувале и силите на Иван. Истата година, турската офанзива била прекината, но Иван почувствувал дека неговиот главен град на истурениот Жабљак повеќе не бил безбеден, бидејќи Турците се зацврстувале на левата страна на реката Морача, а и ја обновувале Подгорица. Во 1475 година започнал со изградба на речниот град на Обод. За време на животот на Иван, тоа место го сменило името од Обод во Риека Црнојевиќ. Подготвувајќи се по вторпат да го нападнат Скадар, Турците постојано ги напаѓале териториите на Иван од десната страна на реката Морача и во околината на Скадарското Езеро.

Војна со Херцеговина[уреди | уреди извор]

Освен овие проблеми со Турците, Иван многу често морал да се судира и со силите на херцеговскиот господар и неговиот зет - Херцегот Влатко. Овие постојани конфликти влијаеле на губењето на човечките сили и на слабеењето на одбранбената моќ на Иван.

Првиот пад на Зета (1479)[уреди | уреди извор]

Набрзо Турците започнале втора офанзива на градот Скадар и тоа во 1478 година. Во март 1479 година Венецијанците биле принудени да им го предадат на Турците. [2] За време на битките за Скадар, Турците го нападнале и Жабљак. Меѓутоа, Иван веќе бил преместен во градот Риека, а Жабљак го чувал еден од неговите братучеди, кој со мал број луѓе не се обидувал да се спротивстави во одбрани од налетот на многуте Турци. Така во 1478 година Жабљак паднал во турски раце.

По падот на Скадар, Турците започнале офанзива врз Иван и по тешките борби бил притиснат, така што бил принуден да ја напушти Црна Гора. Така, во 1479 година тој заминал преку Котор со своето семејство и дворските благородници во егзил во Венеција кај своите сојузници во Италија. Набргу потоа, во мај 1481 година Султанот Мехмед II умрел, и во превирањата околу наследувањето на претстолот на тронот настанале многу конфликти како во самата Турција така и низ балканските територии освоени од страна на Турците.

Државната обнова (1481)[уреди | уреди извор]

Во такви околности, Иван се вратил во Црна Гора и многу брзо успеал да си ги врати претходните територии и со тоа да ја врати назад власта. Новиот турски султан Бајазит II се помирил со ситуацијата и на крајот на 1481 или почетокот на 1482 година го прифаќатил Иван за господар на Црна Гора и негов собирач на арачот (данок). Од друга страна, Венецијанците сè уште го прифаќале Иван за свој војвода. Овој двоен статус се одржувал до крајот на владеењето на Иван.

Иван Црнојевиќ ја обновил својата држава во 1481 година со новата престолнина Цетиње. Со обновувањето на власта, Иван изградил двор во Цетиње, каде што се преселил во 1485 година. Таму го изградил и манастирот Света Богородица и во 1483 година го пренел седиштето на Зетската митрополија. Со цел да се покаже лојалност и признавање на врховната власт кон новиот турски султан, Иван во 1485 година неговиот најмлад - четиринаесетгодишен син Станко (Станиша) го испратил кај султанот како заложник. Турците Станко го преобратиле во ислам и тој од Станко бил наречен Скендербег.

Кон крајот на својот живот на Иван му помагал и го заменувал во управувањето со земјата неговиот најстар син Ѓураѓ, кој по смртта на неговиот татко во 1490 година ја преземал власта во Црна Гора.

За време на неговото владеење, Иван и другите членови на семејството Црнојевиќ биле и врховни судии и ги користеле правилата на Иван за да донесуваат пресуди, кои главно се темелеле на Душановиот кодекс (законик) и мотото било: „да се суди според правдата, а не според моќта и угледот на личноста“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Благојевић & Спремић 1982.
  2. Божић 1982.

Владеење[уреди | уреди извор]

Претходник:
Стефан Црнојевиќ

(1451-1465)

Владетел на Зета

Иван Црнојевиќ
(1465-1479 и 1481-1490)

Наследник:
Ѓураѓ Црнојевиќ

(1490-1496)