Морача

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Морача
Река
Долината на Морача кај Подгорица
Земја  Црна Гора
Притоки
 - леви Рибница, Циевина
 - десни Зета, Ситница
Извор ’Рзача
Утока Скадарско Езеро
Должина 113 км

Морачарека во Црна Гора. Извира под планината ’Рзача во северниот дел од земајта. Тече на југ во должина од 113 км, па се влева во Скадарското Езеро.

Во горното течение, Морача е брза планинска река и тече низ тесна клисура северно од Подгорица, каде ѝ се приклучува најголемата притокаЗета, па навлегува во Зетската Рамница. Тече низ рамничарските предели, па на крај завршува во Скадарското Езеро. Реката е скромна во ширина и длабочина, па затоа не е пловна.

Морача важи за еден од симболите на Подгорица и најголема река што тече низ градот.

Во северниот дел на речната клисура е сместен Манстирот Морача, основан во 1252 г. од Стефан, син на големиот жупан на Зета, Вукан Немањиќ.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]