Стефан Црнојевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стефан I Црнојевиќ (починал во 1465 година), познат и како Стефаница Црнојевиќ, бил српски средновековен благородник и првиот независен владетел на Зета од династијата на Црнојевиќ. Тој владеел од 1451 до 1465 година. Претходно, како војвода, бил во служба на српскиот деспот Ѓураѓ Бранковиќ, во времето кога областа Зета била дел од српското деспотство. Подоцна застанал на страната на Венецијанците (Млечаните), користејќи го повлекувањето на владата на деспотот за да воспостави независна регионална администрација во Зета. За време на неговото владеење, тој успеал да ја задржи како Зета независна држава помеѓу Венецијанците и Турците. Стефан Црнојевиќ бил наследен од синот Иван Црнојевиќ.[1]

Војводата[уреди | уреди извор]

Најраните семејни имоти на семејството Црнојевиќ

Стефан Црнојевиќ најпрво се истакнал како војвода, во текот на втората четвртина на XV век, станувајќи еден од најважните благородници во областа на Зета, која во 1421 година започнала да биде дел од српскoто деспотство.[2] Во тоа време Зета имала чести конфликти со Венецијанците, кои се обидувале да ја потиснат моќта на српското деспотство од нивните крајбрежни упоришта не само од крајбрежната област Долна Зета, туку и од областа на Горна Зета во внатрешноста на територијата. За време на овие конфликти, благородниците од Зета застанувале на едната или на другата страна во зависност од моменталните околности. Истакната улога во воените и политичките настани во областа на Зета добило благородничкото семејство Црнојевиќ, кое во средината на XV век се утврдило во областите на Горна Зета. Главен претставник на оваа фамилија бил војводата Сефан Црнојевиќ, кој заедно со своите браќа и останатите роднини на почетокот биле во служба на српскиот деспот.

Во новите околности, кои се создале по првиот пад на Смедерево (1439), војводата Стефан Црнојевиќ во наредните години бил во дилема на која страна да застане, дали со деспотот Ѓураѓ, војводата Стефан Вукчиќ Косач или со Венецијанците. Откако преминал на венецијанската страна, се борел против војската на деспотот Ѓураѓ и значително придонел за зајакнување на венецијанската власт во крајбрежните области на Долна Зета. Војската на чело со војводата Стеван во неколку наврати ја поразила деспотската војска, што резултирало со проширување на територијата под контрола на семејството Црнојевиќ.

Брак[уреди | уреди извор]

За време на војната во Зета, босанско-захумскиот војвода Стефан Вукчиќ Косач со помош на Стефан Црнојевиќ ја освоил Горна Зета, како и градот Бар кој се наоѓал во Долна Зета.

Неговата сопруга Марија била сестра на Скендербег, по кого бил именуван првиот син на Иван (Стефан), Ѓураѓ.

Преговори со Венецијанците[уреди | уреди извор]

Обид да се освои Бар (1448). Војводи во служба на српскиот деспот Ѓураѓ Бранковиќ: Алтоман (1) и Стефан Црнојевиќ (2); Семејството на Паштовиќ (мнозинството) на страната на српскиот деспот (3). Платена воена чета на Мркојевиќ, во служба на Венецијанците (4)

По 1444 година, војводата Стефан повторно застанал на страната на српскиот деспот. Во тој период, поради бунтот во областа на Грбаљ, градот Котор бил во тешка положба и побарал од Венецијанците да влијаат на војводата Стеван да застане на нивна страна. Поради согласноста на Стефан за нови преговори со Венеција, во семејството Црнојевиќ избувнале сериозни конфликти помеѓу браќата, кои завршиле со тоа што Стефан целосно ги отстранил своите браќа од преговорите. Со склучување на договор со Венецијанците во 1451 година Стефан станал врховен војвода на Горна Зета, кому Венецијанците му плаќале 500 дукати годишно. Како признание за венецијанската надмоќ, Стефан бил должен два месеци годишно да се бори за интересите на Венецијанската Република. Венецијанците (Млечаните) во 1452 година го поставиле Стефан за нивни капетан и војвода во областа на Горна Зета и му обезбедиле цела низа на приходи. Териториите контролирани од страна на Стефан граничеле со териториите на војводата (херцегот) Стефан Вукчиќ Косачот.

Иван како заложник[уреди | уреди извор]

За Стефаница да ја изразел својата почит кон локалниот моќен војвода (хегцег) Стефан, и кон неговото средновековно однесување, тој бил принуден да го даде во заробеништво својот син Иван Црнојевиќ. Ова заробеништво на синот Иван кај војводата Стефан траело околу десет години. Тој бил ослободен по инсистирањето на Венеција кај херцегот само поради заслугите на Стефан Црнојевиќ во борбите против деспотската војска.

Смртта[уреди | уреди извор]

По смртта на Стефан во 1465 година, владетел на Зета станал неговиот син Иван Црнојевиќ (1465-1490).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Благојевић & Медаковић 2001.
  2. Спремић 1982.