Жозеф Нисефор Ниепс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жозеф Нисефор Ниепс
Роден 7 март 1765
Шалон на Сона, Франција
Починал 5 јули 1833 (на 68 г.)
Сен Лу де Варен, Франција
Националност Французин
Познат фотографија
Занимање пронаоѓач

Жозеф Нисефор Ниепс (фр. Joseph Nicéphore Niépce; 7 март 17655 јули 1833) — француски пронаоѓач, најпознат по пионерството во фотографијата.

Ниепс ја направил првата успешна трајна фотографија. Почнал со експерименти уште од 1793 г. Некои од неговите рани експерименти резултирале со слики, но тие набргу избледнувале. Се смета дека Ниепс почнал да прави долготрајни слики во 1824 г. Најстарата трајна фотографија зачувана денес била направена во јуни или јули 1827 г (или 1826 г, според некои извори). Ниепс овој процес го нарекол „хелиографија“, што значи „сонцепис“. Ова бил бавен процес кој барал некои 8 часа силно сонце за да може да се отслика тоа што се слика; затоа бил користен за фотографирање на згради и неподвижни предмети, но не за луѓе.

Почнувајќи од 1829 г. Ниепс почнал да соработува и да го подобрува фотографскиот процес заедно со Луј Дагер. Умрел ненадејно од срцев удар во 1833 г.

Кратерот „Ниепс“ на Месечината и именуван по него за неговите заслуги.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Најраната зачувана фотографија на Ниепс од ~ 1826 г.