Ендометриоза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ендометриоза
Endometriosis.jpg
Ендометриоза видена при лапароскопска хирургија
Специјалност Гинекологија
Симптоми Пелвична болка, неплодност[1]
Вообичаена појава 30–40 години[2][3]
Времетраење Долготрајно[1]
Причинители Непознати[1]
Ризик фактори Семејна историја[2]
Дијагностички метод Врз основа на симптомите, медицинско снимање, ткивна биопсија[2]
Слични состојби Пелвична воспалителна болест, синдром на иритабилно црево, интерстицијален цистит, фибромијалгија[1]
Превенција Комбинирани орални контрацептиви, вежбање[2][4]
Третман НСАИЛ, континуирана употреба на контрацептиви, интраутерини помагала со прогестерон, хирургија[2]
Фреквенција 10.8 милиони (2015)[5]
Смртни случаи ~100 (2015)[6]
Esculaap4.svg     Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).



Ендометриоза е честа состојба која погодува околу 10% од жените. Тоа е состојба при која ткивото кое обично ја покрива матката расти се наоѓа на други невообичаени места во телото. Најчесто, ендометриозата се наоѓа во карличниот дел. Овие израслини може да предизвикаат бројни симптоми како што се болки во карличниот дел и неплодност.

Точниот причинител на оваа болест сѐ уште не се знае. Најпопуларна теорија е дека за време на менструацијата менструалното ткиво поминува назад низ јајцеводите и во карлицата каде што се зацврстува и расте. За сега се мисли дека ендометриозата е наследна.

Според една проценка 10.8 милиони жени имале ендометриоза на глобално ниво во 2015.[5] Други извори проценуваат дека се погодени 6–10% од жените.[1] Ендометриозата најчество се јавува во триесеттите и четириесеттите години; иако, може да се јави и кај девојчиња од 8 години.[2][3] Бројот на смртни случаи е мал.[7] Ендометриозата за прв пат била одвоена како посебна состојба во 1920-тите години.[8] Пред тоа ендометриозата и аденомиозата биле сметани за иста болест.[8] Не е јасно кој прв ја опишал болеста.[8]

Дијагноза[уреди | уреди извор]

Ако жената има ендометриоза во јајниците тоа обично ќе се покаже со ултразвук. Најточна дијагноза може да се постави само со лапароскопија или пак со отворена операција. Лапароскопијата е постапка кога мал телескоп се вметнува низ мал отвор во стомакот. Лапароскопијата е корисна за да се постави дијагноза, а исто така помага да се утврди колку сериозна е ендометриозата. Таа всушност му помага на лекарот да избере најдобар начин на лекување.

За да се потврди дијагнозата ќе се направи и патолошки тест (биопсија). Ова е важно зашто често пати ендометриозата се меша со други болести. За сега не постојат тестови за ендометриоза без користење на оперативна постапка.

Симптоми[уреди | уреди извор]

Многу жени имаат ендометриоза без симптоми или проблеми, меѓутоа тоа не секогаш е случај. Често симптомите од ендометриозата се:

  • Болки при менструацијата
  • Болки при сексуален однос
  • Болки во карлицата вон времето на менструација
  • Болки во грбот
  • Недостаток на енергија
  • Болки во стомакот.

Влијание врз плодноста[уреди | уреди извор]

Кај некои жени кои имаат потешкотии да останат бремени понекогаш се дијагностицира ендометриоза, иако немаат никакви симптоми. Кај некои од нив лузни на ткивото како последица од ендометриоза ќе предизвика запушување на јајцеводите. Меѓутоа, кај повеќето жени не е познато како ендометриозата влијае на плодноста. Теориите велат дека енометриозата:

  • влијае да се создадат јајцеви клетки кои тешко ќе се оплодат
  • произведува природни отрови за спермата.

Извор[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Endometriosis and infertility. „Journal of Assisted Reproduction and Genetics“ том  27 (8): 441–7. август 2010 г. doi:10.1007/s10815-010-9436-1. PMID 20574791. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име WH2014.
  3. 3,0 3,1 McGrath, Patrick J.; Stevens, Bonnie J.; Walker, Suellen M.; Zempsky, William T. (2013) (на en). Oxford Textbook of Paediatric Pain. OUP Oxford. стр. 300. ISBN 9780199642656. https://books.google.com/books?id=xWyrAAAAQBAJ&pg=PA300. 
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Ver2011.
  5. 5,0 5,1 Global, regional, and national incidence, prevalence, and years lived with disability for 310 diseases and injuries, 1990-2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015. „Lancet“ том  388 (10053): 1545–1602. октомври 2016 г. doi:10.1016/S0140-6736(16)31678-6. PMID 27733282. 
  6. Global, regional, and national life expectancy, all-cause mortality, and cause-specific mortality for 249 causes of death, 1980-2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015. „Lancet“ том  388 (10053): 1459–1544. октомври 2016 г. doi:10.1016/S0140-6736(16)31012-1. PMID 27733281. 
  7. Global, regional, and national age-sex specific all-cause and cause-specific mortality for 240 causes of death, 1990-2013: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2013. „Lancet“ том  385 (9963): 117–71. јануари 2015 г. doi:10.1016/S0140-6736(14)61682-2. PMID 25530442. 
  8. 8,0 8,1 8,2 Brosens I (2012). Endometriosis: Science and Practice. John Wiley & Sons. стр. 3. ISBN 9781444398496. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори