Лапароскопија (од античките грчки зборови λαπάρα (лапара), што значи „страна“ и σκοπέω (скопео), што значи „гледа“) — операција која се изведува во абдоменот или карлицата преку мали засеци (обично 0,5-1,5 см) помош на камера. Лапароскопот помага при дијагностицирање или терапевтски интервенции со неколку мали засеци на стомакот[1]. Лапараскопската хирургија има голем број на предности за пациентот во однос на класичната отворена процедура. Главни предности се намалена болка поради малите засеци, намалена хеморагија и пократко време на закрепнување.