Евгениј Зноско-Боровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Евгениј Зноско-Боровски
Семјон Алапин во 1880-тите или 1890-тите
Целосно имеСемјон Зиновјевич Алапин
ЗемјаРусија Руска Империја
Роден28 август 1884
Павловск, Руска Империја
Починал30 декември 1954
Париз, Франција
Титуламајстор

Евгениј Александрович Зноско-Боровски (руски: Евгений Александрович Зноско-Боровский; 28 август 1884, Павловск - 30 декември 1954, Париз) бил руски шахиовски мајстор, шаховски теоретичар, учител и автор, како и драматург, музички и театарски критичар.[1]

Својата дејност како драматург и театарски критичар ја започнал во Русија, а негов близок соработник бил Всеволод Маерхолд. Неговата прва пиеса „Крстарица „Дијамант““ била издадена во 1910 година, а истата година, благодарение на Маерхолд, премиерно била изведена неговата комедија „Преправениот принц“. Откако се преселил во Франција, главно работел за тамошните руски весници, во коишт објавувал статии и рецензии на делата на познатите руски поети, меѓу кои: Блок, Волошин, Ахматова, Цветаева и др.

Како шахист, Зноско-Боровски бил активен уште од своите училишни денови. Станал шаховски мајстор во 1906 година, откако имал забележителен успех на турнирот во Ниргнберг. Во периодот додека живеел во Русија бил еден од најсилните шахисти на Санкт-петербуршкиот шаховски клуб. По преселбата во Франција се занимавал со пишување на шаховски дела и објавување на статии и колумни за шахот. Големи успеси остварил со освојувањето на третото место на турнирот во Ница во 1930 и победата на градскиот турнир на Париз во 1931 година.

Животопис[уреди | уреди извор]

Зноско-Боровски се родил во Петрпоавловск, во непосредна близина на Санкт Петербург. Средното образование го завршил на Александровскиот лицеј во 1904 година, а веднаш потоа како војник се вклучил во Руско-јапонската војна. Во неа се здобил со повреда на денсата рака, а по нејзиното завршување бил одликуван со Орденот на Свети Ѓорѓи. Во 1909 година, се запознал со Всеволод Маерхолд, а во ноември истата година му бил секундант на Николај Гумиљов во неговиот двобој против Максимилијан Волошин. Една година подоцна била издадена неговата прва пиеса „Крстарица „Дијамант““. Творбата била подложна на критики, коишто го подвелкувале влијанието на Морис Метерлник. Во периодот од 1909 до 1912, бил критичар на модернистичкото списание „Аполон“, во коешто објавувал театарски рецензии и хроники. Неговата комедија „Преправениот принц“ била поставена од страна на Маерхолд и за првпат изведена во 1910 година.

Како војник учествувал и во Првата светска војна, во којашто се здобил со повреда на нозете. По војната, неколку месеци живеел во Кавказот, каде што раководел со театар, а за време на Руската граѓанска војна живеел во Ростов на Дон. Во 1920 година се преселил во Париз, каде што го поминал остатокот од животот. Таму работел за руски весници, а бил и писател и театарски критичар. Во тамошните весници објавил и статии за поезијата на руските поети: Блок, Волошин и Ахматова; како и рецензии на стихозбирки од Цветаева, Ходасевич и Шкљар. Починал во 1954 година, на 70-годишна возраст. Погребан е на гробиштата Сент Женевјев де Буа.

Семејство[уреди | уреди извор]

Евгениј Зноско-Боровски бил оженет со Марија Нерпина (1882-1946), која по професија била глумица и на сцената била позната како „Филаретова-Багрова“. Двојката имала син, Кирил Зноско-Боровски, кој бил писател познат под псевдонимот „Едмон Кари“, како и активен работник во Комунистичката партија на Франција.

Шаховска кариера[уреди | уреди извор]

Шах научил да игра уште како момче. Освоил неколку награди на локалните и регионални турнири за време на своето школување на Царскоселскиот ликеј. Првото учество на еден меѓународен турнир го остварил на турнирот во Остенде во 1906 година. Истата година се стекнал и со мајсторската титула, откако имал забележителен настап на меѓународниот турнир во Нирнберг. Во продолжение учествувал на различни серуски натпреарувања, така што на турнирот во Лоѓ во 1907/08 завршил на делба на третото место (заедно со Хенрик Салве). Уште пред Октомвриската револуција важел за водечки шахист на Санкт-петербуршкиот шаховски клуб.

За време на Руската граѓанска војна во 1920 година, Зноско-Боровски се преселил во Франција, со постојано место на живеење во Париз, а нешто подоцна се стекнал и со француско државјанство. Во текот на својата понатамошна шаховска кариера, тој успеал да оствари победи против најдобрите шахисти во тоа време, меѓу кои: Хосе Раул Капабланка, Акиба Рубинштајн, Давид Јановски и Зигберт Тараш. На турнирите главно завршувал на средината од конечната табела, а се издвојуваат третото место на турнирот во Ница во 1930 година и победата на превснтвото на градот Париз во 1931 година. Во 1941 година, тој одиграл меч против францускиот мајстор Амеди Гибо, којшто го добил со 7,5-2,5 (+7, -2, =1).

Шаховско творештво[уреди | уреди извор]

Највискоиот историски рејтинг на Зноско-Боровски во неговата кариера изнесувал 2613 бода и бил достигнат во декември 1914 година.[2] Неговата работа во шахот се состоела и во анализа на проблеми од средишницата и завршницата, како и опишување на карактерситиките на најсилните шахисти. Работел и како шаховски учител и шаховски автор. Неговото творештво како шаховски автор било високо оценето од страна на познатиот писател Владимир Набоков.

Зноско-Боровски пишувал статии и колумни за шахот во бројни весници во Русија и Франција. Тој бил одговорен уредник на шаховскиот дел од петербуршкиот весник „Нева“, а во тоа време успеал да ја издаде и својата прва шаховска книга. Во понатамошните години се усовршил во пишувањето на шаховски книги, коишто се стекнале со голема популарност меѓу шахистите. Така, автор е на делата: „Еволуција во шахот“ (1910), „Капабланка“ (1911), „Гамбитот Муцио“ (1911), „Теорија на средишницата во шахот“ (1925), „Капабланка и Алехин“ (1927), „Како не смее да се игра шах“ (1930), „Како да се стане брилијантен шахист“ (1935), „Како да се играат шаховските отворања“ (1938) и „Уметноста на шаховската комбинација“.

Цитати[уреди | уреди извор]

  • „Она што треба да се бара не е потег, дури ни најдобар, туку остварлив план.“[3]
  • „Шахот е игра на разбирање, а не на меморија.“[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hooper, David; Whyld, Kenneth (1992), The Oxford Companion to Chess (2. изд.), Oxford University Press, стр. 457, ISBN 0-19-280049-3
  2. Chessmetrics.com
  3. ChessQuotes: Planning
  4. The Z-B Chess Course Архивирано на 25 октомври 2012 г., Chessville.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Шахматный словарь / гл. ред. Л. Я. Абрамов; сост. Г. М. Гейлер. — М.: Физкультура и спорт, 1964. — С. 239. — 120 000 экз.
  • Шахматы. Энциклопедический словарь / гл. ред. А. Е. Карпов. — М.: Советская энциклопедия, 1990. — С. 129. — 100 000 экз. — ISBN 5-85270-005-3
  • Тименчик Р. Д. Зноско-Боровский Евгений Александрович // Русские писатели, 1800—1917 : Биографический словарь. Москва : Большая Российская энциклопедия, 1992. Т. 2. С. 347. ISBN 5-85270-064-9.
  • Российское зарубежье во Франции, 1919—2000 : Биографический словарь : В 3 т. Москва, 2008. Т. 1. С. 598—599.
  • Анзикеев В. Друг Гумилева, Алехина и Набокова // 64 — Шахматное обозрение. 2009. № 8. С. 86—87.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]