Ева Мендез (на англиски: Eva Mendes) e американска глумица со кубанско потекло која е родена на 5 март1974 година. Нејзиниот талент најмногу го има докажано во филмовите како што се: „Излезни рани“ (2001) со Стивен Сигал, „Брзи и Бесни“ (2003), „Без време“ (2003) со Дензел Вашингтон, „Љубовен терапевт“ (2005) со Вил Смит и „Ghost Rider“ (2007) со Николас Кејџ.
Ева е родена во Мајами, Флорида. Нејзиното детство таа го поминала во Лос Анџелес со нејзината мајка, откако нејзините родители се развеле.[1] Студирала на „Државниот Универзитет на Калифорнија“, а подоцна го напуштила и се посветила на глумата. Има една сестра - Џенет и таа живее во Лос Анџелес. Ева долго време веќе е во врска со Џорџ Гаргуревич. Моментално живее на Холивуд Хилс. Кога нема обврски сака да слуша музика, да вози велосипед, да скија и да се качува по планини.