Долењска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Долењска
Dolenjska
Историско-географска област
Типичен пејзаж во Долењска во близина на Свети Врх
Типичен пејзаж во Долењска во близина на Свети Врх
Знаме на Долењска
Знаме
Грб на Долењска
Грб
Мапа на Долењска од 1714 година, Долењска во зелено
Мапа на Долењска од 1714 година, Долењска во зелено
ДржаваСловенија
Надм. вис.&10000000000000400000000400 м

Долењска (словенечки: Dolenjska; германски: Unterkrain) — еден од 8-те традиционалните региони на кои е поделена Словенија.

Географија[уреди | уреди извор]

Tрадиционални региони во Словенија.

Долењска е исцртана со Љубљанскиот басен со градот Љубљана на северозапад, со реката Купа и границата со Хрватска со Жумберачките Планини на југ и југоисток, со реката Сава на север и североисток и со планината Крим, Блошката висорамнината и висорамнината Поток на запад. Најјужниот регион до границата со Хрватска на реката Купа се нарекува Бела Долењска и обично се смета за дел од Долењска.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Во 17 век, Хабсбуршкото војводство Крањска било внатрешно поделено на три административни области. Областите биле познати на германски како Kreise (Kresija на старословенечки). Тие биле: Горна Долењска со центар во Љубљана (поранешен Крањ), што ги опфаќа северните области на војводството; Внатрешна Долењска која го опфаќа југозападот, со центар во Постојна, и Долењска на југоисток. Додека најголемиот дел од населението е словенечко, постои значително германско малцинство на југот.

Оваа поделба останала, во различни форми, до 1860-тите, кога биле укинати старите административни области, а Долењска била поделена на помали oкрузи (германски: Bezirk): Ново Место (Rudolfswert), Кочевје (Gottschee) и Кршко (Gurkfeld). Сепак, регионалниот идентитет остана силен и потоа. По распаѓањето на Австро-Унгарија по Првата светска војна, Долењска била инкорпорирана во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците и престанала да постои како посебна политичка и географска единица. Регионален идентитет набрзо избледе, но регионалната идентификација со нејзините подединици (Горна Долењска, Долењска и, во помала мера, Внатрешна Долењска) останува силна.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ferenc, Tone. 1988. "Dolenjska." Enciklopedija Slovenije, vol. 2, pp. 287–298. Ljubljana: Mladinska knjiga, p. 287.