Добриот, лошиот и грдиот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Добриот, лошиот и грдиот
Il buono, Il brutto, Il cattivo
Goodbadugly.JPG
Плакат на англиски јазик
РежисерСерџо Леоне
ПродуцентАлберто Грималди
СценаристПриказна:
Серџо Леоне
Лучано Винченцони
Сценарио:
Аџе и Скрапели
НастапуваатКлинт Иствуд
Илај Волак
Ли Ван Клиф
Марио Брега
Ал Малок
МузикаЕнио Мориконе
КинематографијаТонино Дели Коли
МонтажаОригинал:
Еугенио Алабисо
Нино Бараљи
Поправена верзија:
Џо Д’Агустине
ДистрибутерUnited Artists
ПремиераИталија 23 декември, 1966
САД 29 декември, 1967
Времетраење179 мин.
(161 мин. кино верзија)
ДржаваИталија
Јазикиталијански; англиски
Буџет1.300.000 долари
ПретходенЗа неколку долари повеќе

Добриот, лошиот и грдиот (на италијански Il buono, il brutto, il cattivo) е шпагети вестерн филм од 1966, режиран од Серџо Леоне и со Клинт Иствуд (Добриот), Ли Ван Клиф (Лошиот) и Илај Валак (Грдиот) во главните улоги. Филмот се одвива во 1862, за време на американската граѓанска војна и раскажува за три мажи што бараат закопано воено злато. Филмот е особено познат по краткиот, но впечатлив саундтрек на Енио Мориконе, како и по клучната пресметка на гробиштата меѓу трите главни ликови. Она што луѓето често го игнорираат е алегориската природа на филмот, којашто повлекува линија меѓу трите лика и Христос, Сатаната и Човештвото. Филмот е сниман во Технископ од страна на наградуваниот Тонино Дели Коли. Често се наоѓа на списоците на најдобрите филмови на сите времиња.

Филмот содржи многу белези на Леоне како што се сув дијалог, долги сцени што постепено се надградуваат до климакс (за овој филм, во форма на мексиканска престрелка) и контраст меѓу долги опфатни кадри и екстремно тесен фокус на очи и прсти. Првите 10 минути од филмот немаат дијалог.

Филмот е дел од лабаво поврзаната трилогија на претходните филмови на Леоне, За грст долари и За неколку долари повеќе. Иствуд е главниот лик во сите три, со истата наметка и истите манири, така што неговиот лик е популарно наречен „Човекот без име“ (всушност, ликот е три пати наречен „Џо“ во првиот, еднаш наречен „Манко“ во вториот, и постојано нарекуван „Блонди“ т.е. „Плавуш“ во третиот). Добриот, лошиот и грдиот се смета за хронолошки претходник на првите два филм бидејќи ликот на Иствуд постепено се стекнува со наметката што ја носи во другите филмови - иако самиот филм е многу поепски во својот спектар.

Дејство[уреди | уреди извор]

Филмот говори за тројца мажи кои бараат, често на сметка на оној другиот, информации за локацијата каде се закопани парите на војската на Конфедерација за време на Американската граѓанска војна. Првиот лик со кој се запознаваме е Туко, „Грдиот“, за кој е распишана потерница со награда заради разни злосторства. Туко е во партнерство со Блонди („Добриот”), кој го доведува до шерифот, ја зема наградата која двајцата ја поделуваат после кога Блонди го спасува Туко во последен момент. Во меѓувреме, третиот човек, Ангелски очи, наречен „Лошиот“ дознава за скриеното злато кое е во рацете на војникот од војската на Конфедерацијата, Бил Карсон. Лошиот оди во потрага по богатството.

Блонди

Блонди конечно вклопува партнерство со Туко и го остава во пустина без вода, поради неговото постојано жалење. Туко преживува и одлучува да му се одмазди на бившиот партнер, за таа цел, тој му прави заседа на Блонди и го носи низ пустината во Њу Мексико. Наидуваат на побегната кочија полна со мртви јужни војници. Бил Карсон, човекот кој знае каде е скриено богатството, умирајќи, му вели на Туко дека ќе му ја открие локацијата ако му донеси вода. Додека Туко оди по вода, Карсон за момент пред смртта го открива на Блонди името на гробот каде што е закопано богатството. Облечени во униформа на мртви јужни војници, Туко и Блонди, стигнуваат во блискиот католички манастир, кој води до братот свештеник на Туко. Додека Блонди оздравува, Туко и неговиот брат Пабло се караат околу животните грешки на Туко. Напуштајќи го манастирот, двајцата мажи, сѐ уште облечени во војнички униформи, и набрзо се уапсени од војниците на Унијата и одведени во логорот на заробените. Лошиот ги следел трагите на Бил Карсон и се представил во логорот како наредник на Унијата.

Туко

Лошиот и неговиот колега Валас го претепуваат и го мачат Туко сè додека тој не го открива името на гробиштата каде што е скриено богатството. Кога Лошиот сфаќа дека единствено Блонди знае во кој гроб се наоѓа богатството, ја менува тактиката. Му нуди партнерство на Блонди, и заедно со пет или шест други убијци, тргнува во потрага за богатството. Туко бега од возот во кој требаше да биде префрлен од логорот и го убива Валас. Во најблискиот град, Туко наидува на ловец на уцени, кој го ранил на почетокот од филмот, а кој бара одмазда. Кога Туко го убива ловецот, Блонди, кој се наоѓа во истиот град со Лошиот, го препознава звукот на пиштолот на Туко, го пронаоѓа, па и двајцата го обновуваат старото партнерство. Заедно ја убиваат бандата на убијци на Лошиот, но само Лошиот побегнува.

Туко и Блонди наидуваат на битка помеѓу војската на Унијата и Конфедерацијата на мостот. Бидејќи гробот кој го бараат е на другата страна на мостот, одлучуваат да го уништат мостот и да ги натераат војниците да се борат некаде на друго место. Додека поставуваат динамит, Туко открива дека гробиштата кој ги бараат се вика Тажен Рид, а Блонди дека името кое го бараат е "Арк Стантон". Од другата страна на реката, Туко го напушта Блонди и конечно наидува на блиските гробишта. Туко започнува да го бара гробот на Арк Стантон. Конечно го пронаоѓа, но таман кога почнува да копа, доаѓа Блонди и му се заканува со пиштол, а потоа доаѓа и Лошиот, и тој му се заканува со пиштол на двата. Меѓутоа, Блонди открива дека во гробот на Арк Стантон има само костур и. Блонди тогаш ги одведува тројцата мажи на празно седиште на гробиштото и става камен на средината, понудувајќи им дуел.

Драматичната завршница на гробиштата Сенд Хил која резултира со мексиканска престрелка меѓу Блонди, Туко и Ангелски Очи.

Во конечната пресметка на тројцата мажи, Блонди пука во Лошиот, а Туко сфаќа дека пиштолот му е празен, бидејќи Блонди го испразнил минатата ноќ. Блонди тогаш открива дека на вистинскиот гроб каде што се наоѓа богатството пишува ‘Непознато’, веднаш до гробот на Арк Стантон. Туко почнува да го копа гробот и го ископува богатсвото, радувајќи се на него. Ама неговата среќа не трае долго кога здогледува јаже кое виси на дрво, а Блонди му наредува да се качи на гробот и да си го стави јажето околу вратот, Блонди потоа му врзува и рацете. Туко стои нестабилно на гробот, а Блонди зема половина од богатството и си заминува со коњот додека Туко го преколнува за помош. Во драматичниот крај, Блонди се врти и пука над главата на Туко, како што го правел тоа во времето додека беа партнери, со тоа го ослободува од јажето. Туко гневно и гласно го навредува Блонди додека тој си заминува со коњот.

Улоги[уреди | уреди извор]