Дејвид Духовни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дејвид Духовни
David Duchovny cropped.jpg
Дејвид Духовни, 11 ноември 2007г.
Роден(а) Дејвид Вилијам Духовни
7 август 1960
Њу Јорк, САД
Занимање Актер
Активност 1987–сега
Сопруг(а/и) Теа Леони (1997–сега)

Дејвид Вилијам Духовни (англиски David William Duchovny; роден на 7 август 1960) е американски актер. Има освоено Златен Глобус за улогата на специјален агент на ФБИ, Фокс Молдер во „Досиеја Икс“ (The X-Files) и Хенк Муди во ТВ серијата Californication.[1]

Рани години[уреди]

Духовни е роден во Њујорк Сити, Њу Јорк. Син на Маргарет "Мег" (родена Милер), училиштен администратор и наставник и Емрем Духовни (1927-2003),[2] писател и публицист кој работел за Американскиот еврејски комитет (анг. American Jewish Committee).[3][4][5] Бабите и дедовците на татко му биле руски Евреи а мајка му е лутерански имигрант од Шкотска.[6][7] Татко му додал "х" (анг. "h") во презимето поради честопати погрешниот изговор. Блиско сродство на Духовни се Дениел Духовни и Лори Духовни.

Образование[уреди]

Духовни најпрво го посетувал училиштето Грејс Чрч (Grace Church School), а средното образование го поминал во училиштето за момчиња Колигејт (The Collegiate School For Boys) – и двете се наоѓаат во Менхетен. Дипломирал на универзитетот Принстон (Princeton University)[4] во 1982-та год., стекнувајќи се со диплома за уметност во англиската литература. Бил член на друштвото Чартер (Charter Club), едно од друштвата за исхрана при универзитетот. Во 1982г. неговата поезија била почесно номинирана за универзитетска награда од страна на Академијата на американски поети (Academy of American Poets), а насловот на неговата теза гласи „Шизофреничка критика на чистиот разум во раните романи на Бекет“ (The Schizophrenic Critique of Pure Reason in Beckett's Early Novels).[8] Една сезона Духовни играл и во кошаркарската лига при Принстон, како шутинг гард и како центар во безбол тимот.

Се здобил со мастер диплома по уметност, како и по англиска литература од универзитетот Јеил (Yale University) и истовремено започнал да работи на докторатот, кој останал недовршен.[4] Насловот на неговата недовршена докторска теза гласи Магијата и технологијата во современата проза и поезија (Magic and Technology in Contemporary Poetry and Prose.)

Кариера[уреди]

Духовни се појави во реклама за пивото Löwenbräu во 1987г. Се појавува во две сцени во филмот Working girl (1988г.). Игра улога на измислен лик како трансвестит ДЕА агент во серијата Twin Peaks и го глуми нараторот во долготрајната еротска / меко порно ТВ серија на Showtime, Red Shoe Diaries. Во 1993-тата година, Духовни започнува да глуми во научно-фантастичната серија Досиеја Икс како специјален агент на ФБИ, Фокс Молдер, теоретичар на заговор кој верува дека сестра му ја грабнале вонземјани.[4] Шоуто се појавило како култен хит и брзо стана еден од главните хитови на FOX Network. За време на прикажување на серијата, помеѓу петтата и шестата сезона, Духовни игра главна улога заедно со Џилијан Андерсон во долгометражниот филм, насловен како The X-Files: Fight the Future, кој го продолжува сценариото на Досиеја Икс.[4] Останува во серијата сè до 2001г. кога напушта делумно поради спорот во договорот, кој настана откако заврши снимањето на седмата сезона.[9] Духовни се појававува и во половина од епизодите од осмата сезона но не се појави во деветтата сезона сè до финалето на серијата во 2002-та година. Го позајми и гласот за пародијата на неговиот лик, Фокс Молдер во една епизода од серијата Симпсонови, насловена како Досиеја Спрингфилд.

Духовни предизвика контроверзност откако јавно се дознало дека тој е главната причина што снимањето на серијата Досиеја Икс се префрли од Ванкувер, Бритиш Колумбија, во Лос Анџелес во 1998 г. Многу жители на Ванкувер се вознемириле од шегите на Духовни во вечерното шоу на Конан О’ Брајан за поројните дождови во градот. Тој се шегува дека "Ванкувер е многу убаво место доколку сакате 400 инчи дожд на ден." Изјавил и, "Секако дека сум уморен од дождот, но да немав жена кој живее во Л.А. ќе останев во Ванкувер. Убав град е."[10] За време на Досиеја Икс, се појави и неколку пати како гостин во култната ТВ сатира The Larry Sanders Show каде што се глуми себеси но особено го имитира Сендерс. Во последната епизода од серијата, изведува пародија од 'блескавата' сцена од Basic Instinct со Шерон Стоун, како и пародија на "Dr. Hannibal Lecter", кој се запознава со агентот "Клерис Старлинг" "во Silence of the Lambs".

Духовни два пати гостува во Saturday Night Live (13 мај 1995г. и 9 мај 1998г.). И двете шоуа беа последни во сезона. Во 2000-та глуми во играниот филм Return To Me, романтична комедија/драма. Return To Me е режиран од Бони Хант, а во него настапуваат и Мини Драјвер и Керол О’Конор. Во 2001-та г. Духовни глуми модел во комедијата на Бен Стилер, Zoolander. Во истата година ја игра и улогата на Ира Кејн во филмот Evolution заедно со Шон Вилијам Скот.

Се појави и во изданието на славните во квизот Кој сака да биде милионер? (анг. Who Wants to Be a Millionaire?) во мај, 2000-та год. Стигна до 250 000 долари, но погреши на прашањето за 500 000 долари при што изгуби 218 000 долари и си замина со 32 000 долари.

Духовни го позајми гласот на Итан Кол во видеоиграта од 2005г. Area 51, како и оној од насловниот лик "XIII" во видеоиграта XIII од 2003г. Во 2003г. Духовни глумеше во 84-тата[11] епизода од HBO шоуто Sex And The City. Ја игра улогата на Џереми, поранешното момче на Кери Бредшоу од средно, кој се доведе себеси до душевнa установа во Конектикат. Во 2005-тата г. кога веќе и дебитираше во режисерските води со епизода од Досиеја Икс, Духовни ја пишуваше, режираше и глумеше во House of D.[4] Во филмот настапуваат Антон Јелцин, Робин Вилијамс и сопругата на Духовни, Теа Леони во приказната за станување полнолетен.[4] Претежно се здоби со лоша критика[12] и слаб успех на бокс офис.[13] Духовни режираше и епизода од Bones (епизода 211, "Judas on a Pole") за време на втората сезона.

Моментално, Духовни го игра Хенк Муди, романсиер кој налетува на неволји, во серијата на Showtime, Californication. Интерпретацијата на ликот му ја овозможи наградата Златен глобус за најдобар актер во телевизиска комедија или мјузикал во 2007 година.[14]

Приватен живот[уреди]

Духовни се ожени со актерката Теа Леони на 6ти мај 1997г. Во април 1999г. Леони ја роди ќерката Меделејн Вест Духовни. Нивното второ дете, синот Кид Милер Духовни се роди во јуни 2002г. На 15ти октомври 2008г. претставници на Дејвид и Леони изјавија дека тие се разделиле уште неколку месеци пред оваа изјава.[15] На 21 октомври 2008г. адвокатот на Духовни рече дека тој планира да го тужи британското ‘’Daily Mail’’ за написот во кој се вели дека тој има афера со унгарската инструкторка по тенис Едит Пекеј додека сè уште бил во брак со Леони, тужба што Духовни ја негираше.[16] На 16ти ноември 2008г. ‘’Daily Mail’’ испечати порекнување во кое се вели дека приказната е "неточна и дека Г-ца Пекеј и Г-дин Духовни се само пријатели кои играле тенис повремено".[17] Во јуни 2009г. Духовни и Леони се видени заедно и во интервјуата во септември 2009г. се дозна дека се смириле.

Духовни е поранешен вегетаријанец.[18]

На 28 август 2008г. Духовни изјави дека се пријвил во установа за рехабилитација за зависност од секс.[19]

Награди и номинации[уреди]

Еми награди[уреди]

  • 1997 – Номиниран – Извонреден гости—актер во комичната серија – The Larry Sanders Show
  • 1997 – Номиниран – Извонреден главен актер во драма серијата – The X-Files
  • 1998 – Номиниран – Извонреден главен актер во драма серијата – The X-Files
  • 2003 – Номиниран – Извонреден гости—актер во комичната серија – Life with Bonnie

Златен глобус[уреди]

  • 1996 – Номиниран – Најдобра актерска изведба во ТВ серија – драма – The X-Files
  • 1997 – Добитник – Најдобра актерска изведба во ТВ серија – драма – The X-Files
  • 1998 – Номиниран – Најдобра актерска изведба во ТВ серија – драма – The X-Files
  • 2008 – Добитник – Најдобра актерска изведба во ТВ серија – мјузикал или комедија – Californication
  • 2009 – Номиниран – Најдобра актерска изведба во ТВ серија – драма – мјузикал или комедија – Californication


Филмографија[уреди]

Year Film Role Notes
1988 Working Girl Пријател наа роденденската забава на Тес
1989 New Year's Day Били
1990 Denial Џон
Bad Influence Дечко во клуб со очила
1991 Twin Peaks ДЕА Агент Денис Брајсон ТВ серија
Julia Has Two Lovers Дениел
Don't Tell Mom the Babysitter's Dead Брус
The Rapture Ренди
1992 Ruby Официер Типит
Beethoven Бред
Baby Snatcher Дејвид Андерсон ТВ филм
Red Shoe Diaries Јејк Винтерс ТВ серија (1992-1997) и филм
Venice/Venice Дилан
Chaplin Роли Тотхероу
1993 Kalifornia Брајан Кеслер
Досеија Икс ФБИ Специјален агент Фокс Молдер ТВ серија (1993-2002)
1995 Saturday Night Live Host Епизода 386, 13ти Мај, 1995
1996 Space: Above and Beyond Alvin EL 1543, a.k.a. "Handsome Alvin"
1997 The Simpsons Специјален агент на ФБИ Фокс Молдер ТВ серија (Една епизода: "Досиејата Спрингфилд")
Playing God Др. Иџн Сендс
1998 The X-Files: Fight the Future Специјален агент на ФБИ Фокс Молдер
Saturday Night Live Host Епизода 446, 9ти Мај, 1998
2000 Return to Me Боб Руленд
2001 Evolution Др. Ира Кејн
Zoolander Џ.П.Прувит
2002 Full Frontal Бил/Гас
2003 Sex and the City Џереми ТВ серија (Една епизода: "Boy, Interrupted")
2004 Connie and Carla Џеф
House of D Том Воршоу режисерско дебитирање, го напиша и сценариото
2005 Trust the Man Том
2006 Pedigree Petfoods Наратор "We're for dogs" ad campaign
Queer Duck: the Movie Тајни Џизас
The TV Set Мајк Клајн
2007 Things We Lost in the Fire Брајан Брук
The Secret (AKA Si j'étais toi) Др. Бенџамин Марис
Californication Хенк Муди ТВ серија (2007-)
2008 Досиеја Икс: Сакам да верувам Фокс Молдер Снимањето завршува на 11ти март 2008г., пуштен на 25ти јули 2008г. [20]
2009 The Joneses Стив пост-продукција

Наводи[уреди]

  1. http://cuzoogle.com/2008/10/02/the-best-of-hank-moody-quotes-clips/
  2. SSDI
  3. Amram Ducovny, 75, Late-Blossoming Novelist - New York Times
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Stated in interview on Inside the Actors Studio
  5. David Duchovny Biography (1960-)
  6. David Duchovny DuchovnyNet - Article: A Man and His 'X'
  7. David Duchovny DuchovnyNet - Article: Cult Times 1997
  8. Duchovny, David William. The Schizophrenic Critique of Pure Reason in Beckett's Early Novels. 1982.
  9. http://news.bbc.co.uk/1/hi/entertainment/tv_and_radio/1337685.stm BBC News
  10. http://www.mjq.net/xfiles/dd-wet.htm Mike Roberts, Vancouver Province
  11. http://www.hbo.com/city/episode/season6/episode84.shtml Boy, Interrupted
  12. http://www.rottentomatoes.com/m/house_of_d/ Rotten Tomatoes
  13. http://www.imdb.com/title/tt0372334/business/ IMDb
  14. „Hollywood Foreign Press Association 2008 Golden Globe Awards For The Year Ended 31 декември, 2007“. HFPA. 2007. http://www.goldenglobes.org/news/id/81. конс. 13 декември, 2007. 
  15. http://www.people.com/people/article/0,,20233501,00.html
  16. The Ex Files: David Duchovny Sues Paper over Affair Story" TV Guide. 21 октомври, 2008. Retrieved on 22 октомври, 2008.
  17. „David Duchovny“. The Daily Mail. 15 ноември, 2008. http://www.dailymail.co.uk/mailonsunday/article-1085847/David-Duchovny.html. конс. 17 ноември, 2008. 
  18. He stated on the 16 ноември, 2007 episode of Live with Regis and Kelly that he is no longer vegetarian but still does not consume red meat.
  19. Duchovny enters rehab for sex addiction“, 28 август, 2008.
  20. Glen Schaefer (12 март, 2008). „Filming of the X-Files sequel wraps“. Vancouver Province. http://www.canada.com/theprovince/news/story.html?id=3c696f83-c42f-4b57-9f7b-9372a358eea2&k=93084. конс. 12 март, 2008. 

Надворешни врски[уреди]

Шаблон:GoldenGlobeBestActorTVDrama 1990-2009 Шаблон:GoldenGlobeBestActorTVComedy 1990-2009 Шаблон:Xfiles

Наводи[уреди]