Прејди на содржината

Џилијан Андерсон

Од Википедија — слободната енциклопедија

Џилијан Андерсон (9 август 1968)[1][2] е американска глумица, позната по улогата во серијата Досиеја икс. Родена е во Чикаго, а пораснала во Лондон и Гранд Рапидс, Мичиген. Таа завршила театарско училиште на Универзитетот ДеПол во Чикаго, а потоа се преселила во Њујорк за да ја продолжи својата глумечка кариера. Откако ја започнала нејзината кариера на сцената, Андерсон добила меѓународно признание за нејзината улога како специјален агент на ФБИ, Дана Скали, во американската научно-фантастична драмска серија Досиеја икс. Нејзината филмска работа вклучувала доста драми: „Моќниот Келт“ (2005), “Последниот крал на Шкотска“(2006), „Танцувач во сенка“ (2012), „Куќата на вицекралот“ (2017) и два Досиеја икс филмови: Досиеја икс: „Борба против иднината“(1998 ) и „Сакам да верувам“ (2008). Други значајни телевизиски улоги на Андерсон се : Лејди Дедлок во „Мрачна Куќа“ (2005), Волис Симпсон во „Секое човечко срце “(2010), Мис Хавишам во „Големи очекувања“ (2011), д-р Беделија Ду Мауриер на „Ханибал“ (2013–2015) и медиуми на „Американски богови“ (2017). Во 2019 година, Андерсон започнала да ја глуми Џин Милбурн во комедија-драмата „Сексуално образование“ на Нетфликс.

Настрана од филмот и телевизијата, Андерсон се искачила на сцената и добила многу награди и критички признанија. Нејзината работа на сцената ги вклучува наградите: „Отсутни пријатели“ (1991), за што ја освоила Светската награда за театар за најдобар новодојденец; „Куќа на куклите'“(2009), за која била номинирана за наградата Лоренс Оливие и портрет на Бланш Дубоис во „Трамвај наречен желба“ (2014, 2016), освојувајќи ја наградата „Вечерен Стандард“ за најдобра глумица и добивање на втората Лоренс Оливие номинација за награда за најдобра глумица. Во 2019 година, таа ја глумела Марго Чанинг во сценската продукција на „Сè за Ева“ за која ја добила и трета номинација за Лоренс Оливие. Андерсон е ко-писател на романот трилогија „Земјата сага “ и книгата за водич за самопомош НИЕ: „Манифест за жени насекаде“.

Андерсон била активна во поддршката на многубројни добротворни и хуманитарки организации. Таа е била портпарол на мрежата на неврофиброматоза и ко-основач на јужноафриканската младинска едукација за одржливост (SAYes). Андерсон била назначена за Офицер на Најдобриот ред на Британската Империја (ОБЕ) во 2016 година за нејзините услуги во драмата.

Ран живот

[уреди | уреди извор]

Џилијан е родена во Чикаго, Илионис. Андерсон има германско, англиско и ирско потекло. После нејзиното раѓање нејзиното семејство се преселило во Порторико, таму престојувале 15 месеци, а потоа заминале во Лондон. Причината за нивното преселување била за нејзиниот татко да може да оди во Лондонското филмско училиште.  За време на нејзиното детство, таа со своето семејство живеела во северниот дел на Лондон, Крауч Енд и Харингеј. Учела во основното училиште Колериџ. Кога Андерсон имала 11 години, нејзиното семејство се вратило во САД и се населиле се во Гранд Рапидс, Мичиген. Тие продолжиле да го чуваат станот во Лондон и летото го поминале таму. Андерсон подоцна изјавила дека отсекогаш имала намера да се врати во Англија. Во Гранд Рапидс, Андерсон присуствувала на основното и градското средно училиште „Фонтана“. Тоа било програма за надарени ученици со голем акцент на хуманистичките науки.

Откако Андерсон се преселива во Гранд имала турбулентно тинејџерство. Започнала со конзумирање на дрога, дружење со многу постара девојка и негување на панк- изглед (боење на косата во разни бои, бричење на страните на главата, прободување на носот и целосно црна гардероба).[3][4][5] На својата 14- годишна возраст примала терапии.[6] Андерсон обожавала да слушала бендови како што се Dead Kennedys и Skinny Puppy. Од нејзините соученици била изгласана како „кловн на класот“, „најчудна девојка“ и „веројатно ќе биде уапсена“. Таа била уапсена на матурската вечер за кршење и влегување во средното училиште во обид да ги залепи бравите на вратите.[7] Подоцна таа успеала да ги намали обвиненијата на упад.[8]

Таа уште од мала се интересирала за морската биологија, но откако почнала да се интересира за театарот во тинејџерските години, започнала да глуми во средношколски претстави во текот на нејзината прва година, а подоцна и во театарот во заедницата.[4] Таа исто така служела како студент-практикант на Граѓанскиот театар Гранд Рапидс и Школата за театарска уметност.[9] По завршувањето на средното училиште во 1986 година, таа го посетувала во Театарското училиште на Универзитетот ДеПол во Чикаго и таму добила диплома за ликовни уметности во 1990 година.[10] Андерсон исто така учествувала во летната програма на Националниот театар на Велика Британија на Универзитетот Корнел. За да се издржува финансиски за време на студентските години, таа работела во една пиварница на островот Гус во Чикаго. Откако Андерсон станала позната, пиварницата во нејзина чест го нарекла едно од пивата по неа - белгиски стил Farmhouse Ale, било наречено „Џилијан“.[11]

Андерсон е најголемата од тројцата браќа и сестри. На нејзиниот брат Арон му била дијагностицирана неврофиброматоза и починал во 2011 година од тумор на мозокот, на возраст од 30 години. Арон бил диџеј, ментор и будист. Тој бил во втора година на докторска програма за развојна психологија на Универзитетот Стенфорд кога му бил дијагностициран глиобластом во 2008 година.[12][13] Нејзината сестра Зои е керамичарка, а Андерсон ја нарекува „исклучителен уметник“. Зои е отворено геј и е мажена за нејзината партнерка.[14]

Андерсон зборува на повеќе дијалекти.[15] Со својот англиски акцент и потекло, таа била исмејувана и се чувствувала како да не е на свое место во Американскиот Среден Запад кога била тинејџерка и наскоро се прилагодила на акцентот на Средниот Запад. Таа лесно се снаоѓа меѓу нејзините американски и англиски акценти.[16] Во мај 2013 година, за време на едно интервју, Андерсон на прашањето за нејзиниот национален идентитет изјавила: „Ме прашаа дали се чувствувам повеќе како Британка отколку како Американка и не знам каков е одговорот на тоа прашање. Знам дека во Лондон се чувствувам како да сум дома и многу сум задоволна со тоа што е како мој дом. Го сакам Лондон како град и таму се чувствувам многу пријатно. Во однос на идентитетот, сè уште сум збунета“.[17]

Андерсон во 2004 година

Андерсон се преселила во Њујорк на свои 22 години. За да се издржува самата себе додека ја започнала својата кариера, работела како келнерка.[18] Таа ја започнала својата кариера со претставата „Отсутни пријатели“ на Алан Ајкбурн во театарскиот клуб Менхетен заедно со Бренда Блетин;[19] за нејзината улога ја освоила и Светската награда за театар 1990/91 за „Најдобар новодојденец“.[20] Нејзината следна театарска улога била во филмот „Филантроп“ на Кристофер Хамптон во театарот Лонг Варф во Њу Хејвен, Конектикат.[21]

Андерсон се преселила во Лос Анџелес во 1992 година. Истата година, таа се појавила и во нејзиниот прв долгометражен филм „Пресврт“, во кој глумеле Карен Ален и Тес Харпер . Филмската драма е адаптација на претставата „Домашни пожари што горат“.[18]

И поркај тоа што таа еднаш ветила дека никогаш нема да работи со телевизија, после една година без работа го сменила мислењето. Андерсон се присетила на тоа што го кажала: „Како прво, се заколнав дека никогаш нема да се преселам во Лос Анџелес, а штом се вратив, се заколнав дека никогаш нема да работам на телевизија. Дури откако скоро една година бев без работа, започнав да одам на аудиции за кои се молев да не поминам затоа што не сакав да се занимавам со нив“.[18] Таа повторно влегла во мејнстрим телевизијата во 1993 година со нејзиното гостување во колеџ драмата „Класа од ’96“ на мрежата „Фокс“.[22]

После нејзиното гостување ѝ било испратено сценарио за Досиеја икс. Таа имала 24 години кога решила да се појави на аудиција, бидејќи „за прв пат по долго време, во сценариото била вклучена силна, независна, интелигентна жена како главен лик“.[23] Продуцентот Крис Картер сакал да ја вработи, но во Фокс сакале некој со претходно искуство на телевизија и поголем сексапил.[18] Фокс испратил повеќе глумици, но Картер ја поддржал Андерсон, и на крајот била избрана за специјалната агентка на ФБИ, Дана Скали. Андерсон ја добила улогата под претпоставка дека ќе трае 13 епизоди, стандарден минимален налог за американските телевизиски мрежи. Снимена во првите пет сезони во Ванкувер, Британска Колумбија, пред да се пресели во Лос Анѓелес, серијата траела девет сезони. Произведени биле и два филма, издадени во 1998 и 2008 година. За време на Досиеја икс Андерсон освоила многубројни награди за портретот на специјалниот агент Скали, вклучувајќи ја и наградата „Еми“ за најдобра главна глумица во драмска серија,[24] „Златен глобус“ за најдобра глумица во драмска телевизиска серија, две „Награди за глумци на екран за најдобра изведба на глумица во драмска серија“ и награда „Сатурн“ за најдобра глумица на телевизија. Андерсон е првата глумица што освоила „Еми“, “Златен глобус“ и награда „САГ“ во истата година.[25] За улогата, таа добила вкупно четири номинации за „Еми“, четири номинации за “Златен глобус“ и девет номинации за „САГ“.[4]

Андерсон го обезбедила гласот за пародија на нејзиниот лик Скали во „Досиејата во Спрингфилд“, епизода од анимираната комедија телевизиска серија Симпсонови. Додека ги снимала Досиеја икс, таа се сретнала со помошниот уметнички директор Клајд Клоц, кој станал нејзин прв сопруг.[4] Ликот на Андерсон на Досиеја икс иницирал феномен наречен „Ефектот на Скали“; бидејќи медицинскиот лекар и специјалниот агент на ФБИ инспирирале многу млади жени да продолжат со кариера во науката, медицината и спроведувањето на законот. Тоа придонело за зголемување на бројот на жени на тие полиња.[26][27] Додека била домаќин на документарната серија на Би-Би-Си Фантастична иднина, таа станала импресионирана од тематската музика на шоуто, од електронското дуо Хал и иницирала соработка со нив. Во 1997 година, Андерсон се појавила во музичкото видео за нивниот сингл „Екстремис“, кој често се емитувал на МТВ. Таа, исто така, помогнала да се состави албум со електронска музика, Иднина: Патување низ електронското подземје, за Вирџин Рекордс, кој освоил пофалби од европските музички критичари.[28][29]

Во 1997 година, Андерсон се појавила и во независниот филм Чикаго такси. Во 1998 година таа глумела во филмот „Играјќи од срце“ со Шон Конери, Анџелина Џоли, Елен Бурстин и Џон Стјуарт.[22] Во 1999 година, Андерсон добила споредна улога „Принцезата Мононоке“ на Хајао Мијазаки на англиски јазик, каде го глумела ликот на Моро. Андерсон била обожавателка на делото на Студио Гибли и Мијазаки.[30] Таа исто така учествувала и во Монолозите на вагината на Еве Енслер.[31]

Андерсон во 2008 година

Во 2000 година, Андерсон глумeла во филмот „Куќата на радоста“ со Ерик Штолц- Теренс Дејвис адаптација на истоимениот роман, за кој што освоила признанија и награди.

Кога Досиеја икс завршиле во 2002 година, таа се вратила во Лондон.[32][33] Во 2002 година, Андерсон го имала своето деби во Вест Енд во претставата на Мајкл Велер, „За што е ноќта“ во театарот за комедија.[34] Во 2004 година, Андерсон глумела во продукцијата на Кралскиот Корт театар на претставата „Најслаткиот замав во бејзбол“ на Ребека Гилман, како Дана Филдинг која ја преземала личноста на проблематичниот бејзбол играч Дарил Строубери, а за таа улога заработила многу одлични критики.[35][36]

Во 2005 година, таа се појавила во ликот Лејди Дедлок во адаптацијата на БиБиСи на романот „Црната куќа“ на Чарлс Дикенс. Таа имала главна улога во филмот „Моќниот Селт“, за кој добила и награда на ИФТА за најдобра меѓународна глумица.[37] Истата година таа исто така глумела во „Приказна за петел и бик“ со Стив Куган и Роб Брајдон за филмска верзија на романот Тристрам Шенди“.

Во текот на 2006 и 2007 година, Андерсон се појавила во два британски филма: „Последниот крал на Шкотска“ со Форест Витакер и Џејмс Мекавој,[38] (2006) и „Прави глави“ со Дени Даер (2007).[39] Во 2008 година, Андерсон била домаќин на Театарско ремек-дело за време на серијата Џејн Остин.[40] Таа била првата жена што ја водела серијата откако започнала во 1971 година.[41] Истата година, Андерсон глумела и во вториот филм со Досиеја икс, „Досиеја икс: Сакам да верувам“ и се појавила заедно со Сајмон Пег во британскиот хумористичен филм „Како да се изгубат пријатели и отуѓени луѓе“. Во 2009 година глумела во британскиот хумористичен филм Буги Вуги со Алан Каминг, Дени Хјустон и Стелан Скарсгард.

Таа ја глумела Нора во „Куќата за кукли“ на Ибзен, за што добила номинација за наградата Лоренс Оливие за најдобра глумица, за продукции отворени во календарската 2009 година.[42]

Андерсон на Стрип Кон Интернешнл во Сан Диего 2013 година

Во ноември 2010 година, Андерсон ја глумела Волис, војвотката од Виндзор во „Секое човечко срце“ - телевизиска адаптација на Вилијам Бојд од истоимениот роман, за кој била номинирана за БАФТА - најдобра споредна женска улога на телевизија. Во април 2011 година, таа глумела во адаптација на Би-Би-Си како г-ѓа Каставеј, за која била номинирана за наградата за најдобра глумица на радиодифузија. Во август 2011 година, таа се појавила во телевизиската мини серија Моби Дик според романот на Херман Мелвил од 1851 година, како Елизабет, сопругата на Ахаб. Истата година се појавила како шеф на ем-ај 7, Памела Торнтон, во британска комедија, и како госпоѓица Хавишам во адаптација на Би-Би-Си во три дела на „Големите исчекувања“ што се емитувал кон крајот на декември 2011 година.[43] За ова, ја добила Наградата за уметничка извонредност,[44] била номинирана за Телевизиската награда за избор на критичарите за најдобра глумица во филм / мини серија и за наградата за радиодифузна програма за најдобра глумица.[45]

Во 2012 година, Андерсон глумела во швајцарскиот драмски филм „Сестра“ и во „Танцувач во сенка“ - британско-ирски драмски филм на истоимениот роман, за ирското републиканско движење. Андерсон го глумела ликот на д-р Мики Хокуто во англиска верзија на Студио Гибли, Од ридот на булките, објавена во март 2013 година. Истата година, таа глумела и во канадскиот техно-трилер „Јас ќе те следам“ и во „Последната љубов на Мистер Морган“ со Мајкл Кејн.

Во мај 2013 година, Андерсон започнала да глуми како Стела Гибсон во филмот „Падот“, и била номинирана за неколку награди.[46][47][48] Помеѓу 2013 и 2015 година, Андерсон ја играла д-р Беделија Ду Мауриер, психијатар на Ханибал Лектор, во серијата Ханибал.

Во јули 2014 година, Андерсон се здобила со признанија од критиката за нејзината сценска изведба како Бланш Дубоа во Уличен трамвај наречен желба од Тенеси Вилијамс во театарот Јанг Вик во Лондон.[49] Таа ја освоила наградата на „Вечери на театарот“ за најдобра глумица и ја добила својата втора номинација за наградата Лоренс Оливие за најдобра глумица. Во првата соработка помеѓу Театарот Јанг Вик и Националниот театар, претставата била емитувана во живо на 16 септември 2014 година.[50]

Андерсон на Берлинскиот филмски фестивал 2017 година

Во октомври 2014 година, Андерсон ја објавила својата прва книга „Визија на огнот“, заедно со Џеф Ровин, која издавачот ја опишувал како „научно фантастичен трилер со епски размери“.[51][52] Во декември 2015 година, Андерсон и Ровин го објавиле својот втор роман „Сон на мразот“.[53] Во јануари 2016 година, Андерсон ја глумела Ана Павловна Шерер во телевизиската адаптација „Војна и мир “.[54] Истиот месец, таа се вратила да ја глуми специјалната агентка на ФБИ, Дана Скали, во десеттата сезона во шесте епизоди на „Досиеја икс“.

Заедно со новинарката и активистката, Џенифер Надел, ја објавила својата книга за самопомош за жени, насловена НИЕ: Манифест за жени насекаде.[55] Андерсон изјавила дека книгата е „Повик до сите жени ширум светот, жени, девојки, трансродови лица, сите што се идентификуваат себеси како суштински жени“.[56] Во октомври 2017 година, Андерсон се појавила заедно со Глен Клоуз и Кристина Хендрикс во „Искривена куќа“ - филмска адаптација на истоимениот роман на Агата Кристи.[57] Во јануари 2018 година, таа се вратила во улогата на специјалниот агент на ФБИ, Дана Скали, во единаесеттата сезона на Досиеја икс.[58] Во јануари 2018 година, таа потврдила дека ќе ги напушти „Досиеја икс“ по завршувањето на сезоната.[59] Во јануари 2019 година, таа започнала да ја глуми Џин Милбурн во драмата Сексуално образование на Нетфликс.[60]

Од 2 февруари 2019 година до 11 мај 2019 година, Андерсон ја глумела Марго Чанинг во сценската продукција на „Сè за Ева“ во театар во Лондон, за која ја добила својата трета номинација за Лоренс Оливие.[61][62]

Личен живот

[уреди | уреди извор]
Андерсон бремена со нејзиниот син Феликс на премиерата на Досиеја икс: Сакам да верувам, 25 јули 2008 година

Андерсон била колекционер на уметности. Првата плата од Досиеја икс ја потрошила за да купи литографија на Дејвид Блекбурн.[63] Нејзината колекција вклучувала дела од уметници како Дајан Арбус, Хелен Левит, Синди Шерман, Франческо Клементе, Алексис Рокман и Кики Смит.[9][64][65] Андерсон уживала во архитектурата и дизајнот на ентериер, и периодично работела на проекти за планирање на подови и куќи.[66]

Андерсон се идентификувала како феминистка.[67][68] Во едно интервју за август 2014 година за списанието „Гламур“, Андерсон рекла: „Имам феминистички коски и кога слушам работи или гледам како луѓето реагираат на жени на одредени начини, имам многу мала толеранција“.[69] Андерсон имала неколку тетоважи,[7] и секојдневно вежбала медитација.[70]

Врски и деца

[уреди | уреди извор]

Андерсон се омажила за нејзиниот прв сопруг Клајд Клотц, асистент на уметничкиот директор во Досиеја икс, за Нова година 1994 година, на Хаваите со будистичка церемонија. Нивната ќерка Пајпер Мару е родена на 25 септември 1994 година.[4][22] Крис Картер, кум на Пајпер, именувал по неа епизода со Досиеја икс. Андерсон и Клотц се развеле во 1997 година. На 29 декември 2004 година, Андерсон се омажила со Џулијан Озан, режисер на документарци, на островот Ламу, крај брегот на Кенија. Андерсон ја објавила нивната разделба на 21 април 2006 година. Андерсон и поранешниот партнер, стопанственикот Марк Грифитс, имаат две деца.[71] Таа ја завршила нивната врска во 2012 година.

Во март 2012 година, Андерсон раскажала за списанието „Аут“ за нејзините минати врски со жени.[5] Андерсон се идентификувала како хетеросексуалец.[72] Во интервју за Лондон Ивнинг Стандард во декември 2014 година, таа изјавила: „Јас сум активна хетеросексуална жена“.[73]

Андерсон престојува со своите три деца во Лондон, каде живее од 2002 година.[33] Таа е во врска со сценаристот и драматург Питер Морган од 2016 година.[74][75]

Активизам и добротворна работа

[уреди | уреди извор]
Андерсон и Бил Ниги за време на меморијалниот роденден на Џо Кокс на плоштадот Трафалгар во Лондон, 22 јуни 2016 година

Андерсон е активна во поддршката на бројни добротворни организации, глобални и социјални цели, како и водење сопствени хуманитарни потфати. Таа ја поддржува организацијата Проект Тревор, се фокусирала на напорите за спречување самоубиства кај младите ЛГБТ и присуствувала на три настани на „Тревор Проектот Х-Мас“ од Тревор.[76][77] Во 2013 година, Андерсон била ставена за покровител на Фондот за статуи на Чарлс Дикенс и била клучна во обезбедувањето финансирање за првата статуа на Дикенс во Велика Британија, сместена во Портсмут, Хемпшир.[78] Во јуни 2016 година станала покровител на Темпл правниот центар, организација со седиште во Лондон, која им помага на луѓето низ правниот процес, обезбедувајќи им бесплатни совети за семејно право и поддршка.[79] Во јуни 2016 година, Андерсон изразила поддршка за Обединетото Кралство да остане членка на Европската унија во пресрет на референдумот во јуни за тоа прашање.[80]

Неврофиброматоза

[уреди | уреди извор]

Андерсон е почесен портпарол на мрежата на неврофиброматоза, НФ. Таа често одржувала аукции во корист на мрежата на НФ.[81] Нејзиниот брат Арон починал од болеста во 2011 година.[12][14] Во мај 1996 година, Андерсон се обратила на Конгресот на Соединетите држави со барање за повеќе образование и финансирање на истражувачки проекти за НФ.[82] Таа соработувала со Дудл 4 НФ - годишно собирање средства за мрежата на НФ.[83] Таа исто така ја поддржала организацијата „Деца со тумори“ и движењето „Глобални гени“, кое е посветено на помагање на деца со НФ.[84]

Африка и SAYes

[уреди | уреди извор]
Андерсон за време на добротворниот настан Бускаид на Сент Мери, плоштад Брајанстон во Лондон, 10 јули 2004 година

Во 2008 година, Андерсон ко-основала Јужноафриканско образование за одржливост на младите (SAYes), кое помага во зајакнување на маргинализираните млади луѓе во Јужна Африка преку менторство на млади. Непрофитната организација им обезбедувала на младите кои ги напуштаат домовите на децата со насоки кои им овозможуваат да ги развиваат своите вештини, да го продолжат своето образование и да обезбедат соодветно домување со цел да учествуваат во општеството како независни возрасни.[85]

Додека Андерсон го снимала „Последниот крал на Шкотска“ во 2005 година, започнала свое претпријатие за финансирање , во корист на јуниорското училиште „Алиниикира“ во Кампала, Уганда. Таа го водела филантропскиот проект до 2011 година.[86] Андерсон била член на раководството на директори за уметници за Нова Јужна Африка[87][88] и поборник за Акција за Јужна Африка.[89][90] Таа исто така била патрон на акционата кампања Пријатели на третман (FoTAC) која работела со Акционата кампања за третман во Јужна Африка за да обезбеди поголем пристап до третманот за да ги намали ефектите на ХИВ вирусот и да го спречи неговото пренесување.[91] Андерсон исто така го поддржала Бускаид - добротворна цел за да им помогне на младите црнци музичари во Јужна Африка.[92][93]

Правата на жените

[уреди | уреди извор]

Андерсон била поддржувач на разни организации за жените и социјални движења. Таа долги години ја поддржувала Фондацијата за феминистичко мнозинство (ФМФ). Во 1996 година, Андерсон станала и портпарол на ФМФ и била водач на тимот во кампањата на ФМФ Милион4ро. Во март 1999 година, таа присуствувала на настан на ФМФ за спречување на родовиот апартхејд во Авганистан и во април 2002 година, таа се појавила на шоуто Холивудските плоштади за кампањата на ФМФ за помош на авганистански жени и девојки.[94] Андерсон учествувала во Монолозите на вагината на Еве Енслер, вклучувајќи и сценски настап на 14 февруари 1999 година.[31]

Андерсон е поборник за репродуктивни права. Во 2001 година, таа учествувала во собирањето средства преку концертот „Рок за избор“, со музичарите Сара Меклахлан, Пола Кол и Мелиса Етериџ, како и глумиците Хелен Хант, Елен Деџенерис, Портија де Роси и Кети Наџими.[95] За Меѓународниот ден на жената 2014 година, Андерсон била еден од уметниците кои го потпишале писмото на Амнести интернешенал до премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон во кампања за правата на жените во Авганистан.[96] Андерсон е исто така говорник на Конференцијата за доверба на жените во фондацијата Томсон Ројтерс.[97]

Детски права

[уреди | уреди извор]

Андерсон била заштитник на Чилдрнрич интернешенал, добротворна организација со седиште во Лондон, која работела во партнерство со локалните заедници во земјите во развој за да се обезбедат основните права на децата. Во 2015 година, Андерсон станала заштитник на Меѓународниот центар за писменост (ILC).[98] Во текот на февруари и март 2016 година, Андерсон одржала добротворна аукција преку интернет во корист на детската болница „Грејт Ормонд Стрит“ во областа Блумсбери во Лондон.[99] Во март 2016 година било објавено дека Андерсон е еден од уметниците кои спонзорираат малолетник бегалец без придружба во кампот „Јунгла“ во Кале.[100]

Домородните права

[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 2010 година, Андерсон и други уметници се приклучиле на кампањата за бојкот на Боцвана, поради третманот на владата од Калахари Сан.[101] Андерсон ја поддржувала добротворната организација за племенски права Срвајвал интернешенал. Тоа била организација која ги поддржувала племенските народи низ светот. Во јуни 2011 година, Андерсон станала амбасадор на Срвајвал интернешенал.[102]

Права на животните и застапување за животна средина

[уреди | уреди извор]

Во 2012 година, Андерсон му се придружила на Гринпис заедно со народот во Бразил за закон за уништување на шумите со цел да се спаси Амазон.[103] Во 2013 година, Андерсон го поддржала фондот кој се грижел за зачувувањето на гепарди и создале краток филм заедно со фондот, поддржувајќи ја акцијата на ЦЦФ за да се спречи истребувањето на гепардот.[104] Во 2013 година, таа се приклучила на кампањата „Љубовта кон рибите“, и ја поддржала борбата против неодржливиот риболовшто му штети на морскиот екосистем.[105]

  1. ANDERSON, Gillian Leigh. Who's Who. 2015 (online Oxford University Press. изд.). A & C Black, an imprint of Bloomsbury Publishing plc. (бара претплата)
  2. „Monitor“. Entertainment Weekly (1271). August 9, 2013. стр. 22.
  3. „Gillian Anderson On 'The Fall' And Getting Arrested in High School“. NPR. December 7, 2013. Посетено на September 21, 2015.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 „Biography: Gillian Anderson“. Lifetime. Архивирано од изворникот на 2017-04-06. Посетено на 2020-11-14.
  5. 5,0 5,1 Hicklin, Aaron (March 13, 2012). „The Double Life of Gillian Anderson“. Out. Посетено на September 21, 2015.
  6. Hattenstone, Simon (February 8, 2015). „Gillian Anderson on therapy, rebellion and 'being weird'. The Guardian. Посетено на August 23, 2015.
  7. 7,0 7,1 Mejia, Paula (May 14, 2015). 'X-Files' Behind Her, Gillian Anderson Is a Believer“. Newsweek. Посетено на August 23, 2015.
  8. Rochlin, Margy (October 1, 1997). „US Magazine – 1997 Interview“. US Magazine. Посетено на August 26, 2015.
  9. 9,0 9,1 Mottram, James (April 10, 2010). „X-Files to YBAs: Gillian Anderson takes on the art world“. The Independent. Посетено на October 30, 2015.
  10. „The Theatre School at DePaul University – Alumni“. theatre.depaul.edu. Посетено на October 5, 2015.
  11. Shannon Miller, Liz (January 16, 2015). „Gillian Anderson on Owning Feminine Sexuality in The Fall. Indiewire. Посетено на October 21, 2015.
  12. 12,0 12,1 Larry Kaplan (March 9, 1998). „Gillian's Plea: "Save my sick brother". New Weekly. Посетено на November 9, 2015.
  13. „Aaron Anderson obituary“. Obits.mlive.com. November 5, 2011. Посетено на June 8, 2013.
  14. 14,0 14,1 „Gillian Anderson: 25 Things You Don't Know About Me“. Us Magazine. February 7, 2015. Архивирано од изворникот на 2015-08-10. Посетено на November 9, 2015.
  15. Aitkenhead, Decca (March 11, 2017). „Gillian Anderson: 'There were times when life was really bad'. The Guardian. Посетено на August 17, 2017.
  16. Farndale, Nigel (May 1, 2009). „Gillian Anderson bares all“. The Daily Telegraph. Посетено на March 24, 2010.
  17. „Milling About with Gillian Anderson“. BlogTalkRadio. May 24, 2013. Посетено на September 9, 2015.
  18. 18,0 18,1 18,2 18,3 „About Gillian – Biography (page 1)“. gilliananderson.ws.
  19. Witchel, Alex (February 20, 1991). „Two Newcomers Make Waves in Ayckbourn Play“. The New York Times. Посетено на February 10, 2016.
  20. „Past Recipients – Theatre World Awards“. theatreworldawards.org. Архивирано од изворникот на 2018-03-11. Посетено на October 16, 2015.
  21. Klein, Alvin (February 2, 1992). „THEATER; 'The Philanthropist'. The New York Times. Посетено на September 24, 2012.
  22. 22,0 22,1 22,2 „Biography: Gillian Anderson“. Yahoo!. Архивирано од изворникот на November 26, 2015.
  23. Walker, Alix (November 4, 2014). „People should know that I laugh“. Stylist Magazine. Архивирано од изворникот на 2015-09-14. Посетено на September 21, 2015.
  24. „Gillian Anderson Emmy Nominated“. Emmys.com. Посетено на June 8, 2013.
  25. Debashine Thangevelo (May 25, 2015). „Still nursing bad habits“. Independent Online. Посетено на August 21, 2015.
  26. Christopher Zumski Finke (December 24, 2013). „Less "Big Bang Theory," More Dana Scully: What It's Going to Take to Lead More Girls Into Science“. Yes! Magazine. Посетено на October 21, 2015.
  27. Abby Norman (January 31, 2015). „The Scully Effect: How "X-Files" Helped Mainstream Women In STEM Careers“. All That Is Interesting. Посетено на October 21, 2015.
  28. „Hal Featuring Gillian Anderson – Biography & History“. AllMusic. Посетено на October 21, 2015.
  29. Kwan, Wilhelmina. „GAGA over Gillian“. Changi. Посетено на October 21, 2015.
  30. „The Critical Eye – Gillian Anderson“. The Critical Eye. November 11, 1999. Архивирано од изворникот на June 3, 2015. Посетено на August 28, 2011.
  31. 31,0 31,1 Kellaway, Kate (April 22, 2001). „Talking 'bout our genitalia“. The Guardian. Посетено на October 7, 2015.
  32. Llewellyn Smith, Julia (May 14, 2013). „Life's been complicated lately: Gillian Anderson interview“. The Daily Telegraph. Посетено на November 26, 2015.
  33. 33,0 33,1 „The Official Gillian Anderson Website. About Gillian – Biography (page 2)“. gilliananderson.ws.
  34. Billington, Michael (November 28, 2002). „What The Night Is For“. The Guardian. Посетено на February 10, 2016.
  35. „Sadler's Wells Theatre – Ambassadors – Gillian Anderson“. Sadler's Wells Theatre. Архивирано од изворникот на 2015-10-23. Посетено на October 30, 2015.
  36. „About Gillian – Biography (page 3)“. gilliananderson.ws.
  37. „Winners 2005 – IFTA“. Irish Film & Television Academy. Посетено на November 5, 2015.
  38. "The Last King of Scotland" News“. gilliananderson.ws. February 26, 2007. Посетено на September 24, 2012.
  39. „Gillian Anderson in Straightheads“. empiremovies.com. September 19, 2005. Архивирано од изворникот на 2017-10-11. Посетено на September 24, 2012.
  40. „Gillian Anderson“. pbs.org. Архивирано од изворникот на 2012-08-20. Посетено на September 24, 2012.
  41. „Gillian Anderson's Masterpiece de Résistance“. E!. December 11, 2007. Посетено на September 30, 2015.
  42. „Olivier Winners 2010“. Laurence Olivier Award. Посетено на October 14, 2015.
  43. Osborn, Michael (December 24, 2011). „Great Expectations: Miss Havisham given 'youthful' air“. BBC. Посетено на December 27, 2011.
  44. „Gillian Anderson and Matthew Macfadyen at BBC Worldwide Day – Roma Fiction Fest 2012“. Living in Rome. October 2, 2012. Посетено на August 20, 2015.
  45. Douglas, Torin (February 23, 2012). „Shortlists announced for Broadcasting Press Guild TV Awards“. Broadcasting Press Guild. Посетено на August 22, 2015.
  46. „Golden Nymph Award 2015“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на June 28, 2017. Посетено на August 31, 2015.
  47. „Broadcasting Press Guild: 40th TV & Radio Awards“. Посетено на August 31, 2015.
  48. „BPG 2015 Best Actress Nomination“. Посетено на August 31, 2015.
  49. „Production Page“. Young Vic Theatre. Посетено на August 20, 2014.
  50. „NT live broadcast of A Streetcar Named Desire at Young Vic“ (PDF). Young Vic Theatre. Архивирано од изворникот (PDF) на September 6, 2014. Посетено на August 20, 2014.
  51. Gillian Anderson, Jeff Rovin. „A Vision of Fire (The EarthEnd Saga #1)“. waterstones. Посетено на July 20, 2015.
  52. Gillian Anderson, Jeff Rovin. „A Vision of Fire (The EarthEnd Saga #1)“. Goodreads. Посетено на May 28, 2015.
  53. Gillian Anderson, Jeff Rovin. „A Dream of Ice (The EarthEnd Saga #2)“. Simon & Schuster. Посетено на July 28, 2015.
  54. Li, Shirley (August 14, 2015). „First Look at Lily James, Gillian Anderson, Paul Dano in War and Peace miniseries“. Entertainment Weekly. Посетено на August 25, 2015.
  55. Gillian Anderson, Jennifer Nadel. „WE: A Manifesto for Women Everywhere“. Simon & Schuster. Посетено на September 13, 2016.
  56. Lewis, Andy (April 14, 2015). „Gillian Anderson to Write "Revolutionary Self-Help Guide" for Women (Exclusive)“. The Hollywood Reporter. Посетено на September 18, 2015.
  57. Wiseman, Andreas (September 13, 2016). „Agatha Christie thriller 'Crooked House' underway“. Screen Daily. Архивирано од изворникот на 2016-09-21. Посетено на September 14, 2016.
  58. Patten, Dominic (April 20, 2017). 'The X-Files' Coming Back Again For New Event Series Next Season“. Deadline Hollywood. Посетено на April 24, 2017.
  59. MacDonald, Lindsay (January 10, 2018). „Gillian Anderson Confirms She's Leaving The X-Files“. TV Guide. Посетено на January 11, 2018.
  60. Gill, Games (May 17, 2018). „Gillian Anderson to star in new Netflix series Sex Education“. Radio Times. Посетено на May 17, 2018.
  61. „All About Eve“. Архивирано од изворникот на 2018-09-23. Посетено на February 21, 2020.
  62. „Olivier Awards 2019“. Laurence Olivier Awards. Посетено на February 21, 2020.
  63. Codik, Emily (May 15, 2015). „Gillian Anderson Is in DC, and the Reason for Her Visit Might Surprise You“. Washingtonian. Посетено на August 19, 2015.
  64. Campbell, Virginia (January 1, 1999). „Gillian of the Spirits“. Movieline. Посетено на August 19, 2015.
  65. Carnevale, Rob (April 23, 2007). „Gillian Anderson – Straightheads 2007 Interview“. BBC. Посетено на August 20, 2015.
  66. „Session with Gillian Anderson“. Quora. January 11, 2016. Посетено на January 21, 2016.[мртва врска]
  67. „Gillian Anderson reddit AMA – March 2014“. Interviewly. March 13, 2015. Архивирано од изворникот на 2015-09-07. Посетено на September 9, 2015.
  68. Gillian Anderson Q&A Fan Expo 2015. September 6, 2015. https://www.youtube.com/watch?v=MtTGOjz_wn4. Retrieved September 9, 2015. 
  69. Walden, Celia (August 1, 2014). „I have a healthy appreciation of Ryan Gosling“. Glamour. Посетено на September 14, 2015.
  70. Minton, Elise (June 24, 2016). „Gillian Anderson's Beauty Secrets Revealed!“. New Beauty. Архивирано од изворникот на 2016-10-26. Посетено на October 26, 2016.
  71. „Boy for Scully and Mr X“. The Sunday Times. November 19, 2006. Архивирано од изворникот на 2016-04-17. Посетено на April 6, 2016.
  72. Curtis, Nick (December 17, 2014). „The importance of being Gillian Anderson“. London Evening Standard. Посетено на December 1, 2015.
  73. Curtis, Nick (December 3, 2014). „Gillian Anderson: Self destruction is my default mode“. London Evening Standard. Посетено на August 26, 2015.
  74. Heyman, Marshall (October 24, 2016). „A Crowning Achievement“. The Wall Street Journal. Посетено на November 28, 2017.
  75. „Londoner's Diary: Goodbye to a likely lad and a lovely man“. London Evening Standard. November 23, 2017. Посетено на November 28, 2017.
  76. „Gillian Anderson Headlines Trevor Project Fundraiser to Help Gay Teens“. December 12, 1999. Посетено на April 3, 2016.
  77. „The Trevor Project organization“.
  78. „Gillian Anderson is made patron of Charles Dickens' statue fund“. BBC. January 23, 2013. Посетено на February 18, 2016.
  79. „Patrons and Trustees“. templelegalcentre.org. Архивирано од изворникот на 2016-09-11. Посетено на August 2, 2016.
  80. „For Love“. gilliananderson.ws. June 22, 2016. Посетено на August 24, 2016.
  81. „NF Network“.
  82. „Neurofibromatosis Inc., the NF support group of West Michigan and Rosemary and Gillian Anderson“. Library of Congress. May 20, 1996. Посетено на October 5, 2015.[мртва врска][мртва врска]
  83. „Doodle 4 NF Website“.
  84. „Gillian Anderson for The Global Genes Project“. globalgenes.org. Посетено на October 5, 2015.
  85. „SAYes Transition Mentoring“. Посетено на May 8, 2017.
  86. „Alinyiikira Junior School“. Посетено на October 7, 2015.
  87. „Artists for a New South Africa Celebrity Supporters & Events“. Посетено на September 11, 2015.
  88. „Artists for a New South Africa (ANSA)“.
  89. „Talking Point: Ask the head of UNAids“. BBC. November 17, 2003. Посетено на September 11, 2015.
  90. „ACTSA: Action for Southern Africa“.
  91. „FOTAC Patrons – Gillian Anderson“. fotac.org. Посетено на September 13, 2015.
  92. „The Official Gillian Anderson Website – Charities – Buskaid“. Посетено на September 13, 2015.
  93. „Buskaid – Helping Young Black Musicians in South Africa Townships“. buskaid.org. Посетено на September 13, 2015.
  94. „The Feminist Majority Foundation (FMF)“.
  95. „Sold Out Rock for Choice Concert Sends a Powerful Message: We Won't Go Back!“. feminist.org. April 9, 2001. Посетено на September 9, 2015.
  96. „Stars write to Cameron about Afghan women for International Women's Day“. amnesty.org.uk. March 7, 2014. Посетено на September 14, 2015.
  97. „Trust Women Conference – speakers“. trustwomenconf.com. Посетено на December 8, 2016.
  98. „International Literacy Centre – Champions“. UCL Institute of Education. Архивирано од изворникот на 2016-08-22. Посетено на August 8, 2016.
  99. „XF Auction Week 6 Has Started“. The Official Gillian Anderson Website. February 28, 2016. Посетено на April 3, 2015.
  100. Ritman, Alex (March 4, 2016). „Benedict Cumberbatch, Jude Law to Sponsor Child Refugees“. The Hollywood Reporter. Посетено на January 17, 2018.
  101. „Celebrities boycott Botswana over Bushmen“. AFRAN Study and Research Institute. November 8, 2010. Архивирано од изворникот на 2015-10-05. Посетено на September 11, 2015.
  102. „Gillian Anderson becomes Survival ambassador“. Survival International. June 13, 2011. Посетено на October 5, 2015.
  103. „Message from Gillian Anderson: Save the Amazon“. Greenpeace. March 7, 2014. Посетено на September 14, 2015.
  104. „Gillian Anderson for Cheetah Conservation Fund“. Cheetah Conservation Fund. December 30, 2013. Посетено на September 9, 2015.
  105. „Fish love“.