Делчо Михајлов
| Делчо Михајлов | ||
| Роден | 27 ноември 1947
Скопје, СФРЈ | |
|---|---|---|
| Починал | 16 јули 2010
Скопје, Македонија | |
| Националност | Македонец | |
| Занимање | карикатурист аниматор архитект | |
Делчо Михајлов (роден на 27 ноември 1947 година во Скопје - починал на 16 јули 2010 година во Скопје) — македонски карикатурист, режисер (анимиран филм), аниматор, илустратор и архитект.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Делчо Михајлов е роден во Скопје во 1947 година, каде и дипломирал, на Архитектонскиот факултет, во 1974 година. Својата прва карикатура, како еден од најспецифичните уметнички жанрови, ја објавил на 14 години, а од 1963 година започнал редовно да објавува карикатури, афоризми и хуморески.
Творештво
[уреди | уреди извор]За време на својата долгогодишна и плодна кариера како карикатурист, Михалов учествувал на бројни конкурси, изложби и фестивали во Македонија и во странство. Притоа, зел учество на над 220 групни и околу десетина самостојни изложби. Освен во Скопје[2][3], изложувал во Париз, Монтреал, Токио, Рим, Рио де Жанеиро, Франкфурт, Техеран, Брисел.
Автор е и на повеќе книги за карикатури, афоризми и хуморески:
- Карикатури: (2016)[4]
- Делчо Михајлов: карикатурист (2013)
- Ante portas (2008)[5]
- Анимална анимација: афоризми и хуморески (2004)
- Нешто поинаку: 40 години творештво (2003)
- Сатирични цртежи на тема екологија (1998)
- Моја Македонија: [карикатури] (1995)[6]
- Делчо Михајлов: Уметничка галерија "Скопје" (1993)
- Зошто не (1973)[7]
Во 1977 година, како комплетен автор, го создал својот прв анимиран филм „Хомо Екраникус“[8]. Потоа следувале уште шест цртани филмови за продуцентот „Вардар филм". Сите биле прикажани во официјална конкуренција на многу фестивали.
Во периодот од 1995 до 2000 година, Делчо Михајлов бил директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки" во Битола.
Награди
[уреди | уреди извор]Добитник е на бројни награди. Некои од позначајните се:
- Награда „11 Октомври" за 30 години творештво во областа на карикатурата
- Наградата „13 Ноември" на Град Скопје
- Награда „Феникс" на Општина Центар[9]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Михајлов“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 970–971. Text "series " ignored (help)
- ↑ „Делчо Михајлов / Delco Mihajlov | Архива ЗаУм“. arhiva.zaum.mk. Посетено на 2025-10-30.
- ↑ „Човекот и градот / Man & City | Архива ЗаУм“. arhiva.zaum.mk. Посетено на 2025-10-30.
- ↑ „Карикатури : декември 2016“.
- ↑ „Ante portas“.
- ↑ „Моја Македонија : [карикатури]“.
- ↑ „Зошто не“.
- ↑ Homo Screenicus (1977) | MUBI (англиски), Посетено на 2025-10-30
- ↑ „Почина Делчо Михајлов, доајен на карикатурата во Македонија“. Идивиди. http://www.idividi.com.mk. 16.07.2010. Посетено на 2020-08-20. Проверете ги датумските вредности во:
|date=(help); Надворешна врска во|publisher=(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Карикатури на Делчо Михајлов донирани на МСУ
- Остануваме заклучени во сопствените ѕидишта (интервју со Делчо Михалов)