Гулангју
светско наследство на УНЕСКО | |||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Место | Шјиамен, Фуџјиан, Кина | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Критериум | Културно: ii, iv | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Навод | 1541 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Запис | 2017 (XLI заседание) | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Површина | 316,2 ха | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Преоден појас | 886 ха | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Координати | 24°26′51″N 118°03′43″E / 24.44750° СГШ; 118.06194° ИГД | ||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Поддистрикт Гулангју 鼓浪屿街道 | |
---|---|
Поддистрикт | |
Држава | Народна Република Кина |
Покраина | Фуџјиан |
Префектура | Шјиамен |
Дистрикт | Симинг |
Население | |
• Вкупно | 15.373 |
Час. појас | КСВ (UTC+8) |
Повик. бр. | 0592 |
Мреж. место | www.glyjd.gov.cn |
Гулангју, Гуланг или Кулангсу (хокиенски: Kó͘-lōng-sū, кинески: 鼓浪嶼 / 鼓浪壤, пинјин: Gǔlàng Yǔ, што значи „Островче Тапански Бран“) — остров на југот на брегот на градот Шјиамен во кинеската покраина Фуџјиан. Целиот остров е пешачка зона.
Во 2017 година Гулангју е впишан на Списокот на светско наследство во Азија на УНЕСКО како „извонредно сведоштво за спојот на различни стилски влијанија во новото архитектонско движење, стилот амој деко, кој е синтеза на модерниот стил од почетокот на 20 век и ар деко“.[1]
Одлики
[уреди | уреди извор]Гулангју има површина од само 2 км2 и може да се стигне со пет минути возење со траект од средиштето на Шјиамен. Административно, припаѓа на округот Симинг во Шјиамен. Како и Шјиамен, на островот преовладува хокиенскиот дијалект на јужниот мин јазик. Островот е познат по своите плажи и кривулестите шеталишта со разновидна архитектура. Гулангју е дом само на околу 20.000 луѓе, но е една од најпосетуваните туристички одредници во Кина што привлекува повеќе од 10 милиони посетители годишно.[2] На островот не само што се забранети автомобили, туку се забранети и велосипеди, додека единствено дозволено да се патува се малите електрични баги и службените услужни возила.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Освен Шангај, Гулангју бил единствената меѓународна населба на кинеско тло. Имено, на крајот на Опиумските војни со мирот во Нанџјинг во 1842 година, Шјиамен станало странско пристаниште, поради што странците почнале да се преселуваат на островот Гулангју. Кинеската влада ја легализирала оваа населба со закони за земјиште во 1902 година.[3] На крајот, тринаесет земји (вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Франција, Холандија и Јапонија) добиле дипломатски привилегии и почнале да учествуваат во општинскиот совет на островот. Како и во шангајската меѓународна населба, Британците одиграле водечка улога во администрацијата, па дури и довеле полицајци Сики од Британска Индија. Покрај христијанството, под влијание на странците од островот во Кина се проширила и европската музика. Во тоа време се родени многу познати кинески музичари, како што се: Шуан Џоу, Џунџји Лин и Цуохуанг Чен.
Јапонската окупација на островот започнала во 1942 година и траела до крајот на Втората светска војна.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Гулангју има музички корени како неговото име на хокиенски (鼓浪 Kó͘-lōng) што значи „тапански бран“, по звукот произведен од брановите што удираат во неговите гребени. Островот е дом и на единствениот кинески музеј на пијана, поради што го добил прекарот „Остров на пијана“ (鋼琴之鄉) или „Остров на музика“ (音樂之島). На островот има повеќе од 200 пијана и концертна сала со 580 седишта за посетители. Светски познатиот класичен виолинист Џјинг Јанг е роден и сè уште живее на островот.
Но, Гулангју е најпознат по својата мешавина на западна и кинеска архитектура. За време на британското владеење, биле изградени бројни викторијански градби, како што се цркви, болници, училишта, полициски станици итн. На останатите градби се препознава мешавина од неколку архитектонски стилови: традиционалниот фуџјиански стил, западниот историцизам и колонијалниот стил со чардаци, и новиот стил на ар нуво кој станал познат како стил амој деко.[4]
Покрај тоа, на островот има музеј посветен на херојот на војната против Манџуријците, Џенг Ченггонг и морскиот свет на Хаи-тое Се-каи (海底世界), градина со прекуокеански суптропски растенија и Музејот Шјиамен во поранешната Кула од осум дијаграми (八卦樓).
Заради сето ова Гулангју од 2007 година има статус на највисоко рангирана туристичка знаменитост (пределна област АААА) на кинеското Министерство за туризам.
-
Карта на островот за пешаци
-
Плажата Кулангсу
-
Шеталиште на островот
-
Музејот Џенг Ченггонг
-
Поранешната јапонска амбасада
-
Стари гробишта
-
Црквата Св. Троица
-
Замокот Шуџуанг
-
Музејот на пијана
-
Музејот на оргули
-
Куќата на Лин Чјиао Џјиа
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://whc.unesco.org/en/news/1688 Sites in Cambodia, China and India added to UNESCO’s World Heritage List], UNESCO, 8. srpnja 2017. (англиски) Preuzeto 23. srpnja 2017.
- ↑ 2,0 2,1 Kulangsu Island: a world-renowned tourist resort – Kulangsu Island (Gulangyu), kulangsuisland.org (англиски) Preuzeto 23. srpnja 2017.
- ↑ William C. Johnstone, International Relations: The Status of Foreign Concessions and Settlements in the Treaty Ports of China, The American Political Science Review, No. 5, listopad 1937., str. 943.
- ↑ Kulangsu, a Historic International Settlement, UNESCO (англиски) Preuzeto 23. srpnja 2017.