Градишка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Градишка
Градишка
(Bosanska Gradiška)
Gradiška.jpg
Грб на Градишка
Грб
Градишка is located in Босна и Херцеговина
Градишка
Градишка
Местоположба на градот
Координати: 45°08′N 17°15′E / 45.133° СГШ; 17.250° ИГД / 45.133; 17.250
Земја Босна и Херцеговина
Entity Република Српска
РегионБосанска Краина
Управа
 • ГрадоначалникЗоран Латиновиќ (СДС)
Површина
 • Вкупна761.74 км2 (294.11 ми2)
Надм. вис.&10000000000000163000000163 м
Население (2013)
 • Вкупно56.727
 • Густина74.5/км2 (193/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Поштенски код78400
Повик. бр.+387 51
Мреж. местоOfficial website of the municipality

Градишка — град и општина во Босна и Херцеговина, како дел од Репубублика Српска[1][2][3]. Општината географски се наоѓа во источниот дел на регионот Босанска Краина, а градот се наоѓа на Лијевче Поле, на десниот брег на реката Сава, во близина на Стара Градишка, Хрватска и на околу 40 километри северно од Бања Лука. Градот Градишка имал 56.727 жители во 2013 година,[4].

Историја[уреди | уреди извор]

Во римскиот период, античкиот град Сербинум се наоѓал на местото на денешниот град Градишка. Градот имал стратегиското значење бидејќи овде се наоѓало седиштето на римската флота. Меѓу позначајните археолошки наоди кои биле пронајдени е вијадуктот.

Како Градишки Брод се споменува за прв пат како град во 1330 година. Градот имал големо големо значење како место каде реката Сава се користела за да се помине. До 1537 година, градот и неговата околина биле освоени од Османлиите.

Османлиите во градот изградиле тврдина, која служела како северна одбранбената линија на Босанскиот пашалак. Градот исто така бил познат и како Бербир поради неговата тврдината.

По избувнувањето на Првото српско востание (1804) во Смедеревскиот санџак (денешна Централна Србија), во регионот избувнала Јанчичката буна. Јован Јанчиќ Сарајлија застанал на чело на востанието заедно со митрополитот Бенедикт Краљевиќ. Востанието започнало на 23 септември 1809 година, но Османлиите успеале да го задушат, а самиот Јанчиќ бил погубен. Во следните денови околината била изложена на грабежи и опожарување на селата од Османлиите. Во 1834 година избило уште едно востание, кои исто така завршило неуспешно.

Османлиското владеење завршило со австро-унгарската окупација на Босна и Херцеговина (1878), по Херцеговското востание (1875-1877). Австро-унгарското владеење во Босна и Херцеговина завршило во 1918 година, кога јужнословенските австро-унгарски територии биле вклучени во составот на Кралство Југославија.

Од 1929 до 1941 година Градишка била дел од Врбаска бановина.

За време на Југославија, градот бил познат како Босанска Градишка. За време на Босанската војна, градот бил вклучен во составот на Република Српска (РС). По војната, Националното собрание на РС го променил името на градот, изоставајќи ја придавката Босанска, како што било направено со многу други градови (Костајница, Дубица, Нови Град, Петрово, Шамац).

Економија[уреди | уреди извор]

Во времето на СФРЈ во Градишка работеле големи претпријатија, како фабриката за пластика „Стандард“, фабрика за мебел „Радник“, фабриката за облека „Трико“, фабрика за месни производи „Левита“ фабрика за храна „Прехрана“ и.т.н.

По војната, многу компании не биле обновени или оние кои биле приватизирани едноставно пропаднале. Во текот на овој период започнало зголемување на невработеноста.

Денес, најголем број на вработени во Градишка се ангажирани во услужниот сектор, особено во трговијата и угостителството.Поради близина на границата и поволната географска положба на градот, во последните две децении градот претставува омилена шопинг дестинација за жителите на северозападниот дел на Хрватска и Словенија.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Градишка од 2011 година е поврзана со модерниот автопат со Бања Лука. Северно од градот поминува автопатот Загреб-Белград. Граничниот премин во Градишка е еден од најпрометните во земјата. Тој бил проширен и модернизиран во јуни 2013 година, по приклучувањето на Хрватска во Европската Унија. Во 2015 година започнала изградбата на обиколница која значително ќе го намали транзитниот сообраќај низ градот и сообраќајниот метеж. Меѓународниот на аеродром Бања Лука се наоѓа на 25 километри.

Население[уреди | уреди извор]

Општина: Број на население (2013):
Градишка (град) 16.106
Козинци 1.740
Лисковац 1.367
Крушкик 1.265
Бок Јанковац 1.234
Брестовчина 1.133
Липовача 733
Жеравица 541
Вкупно 24.119[5]
Националност 2013 1991 1981 1971
Муслимани 7.188 (42,68%) 5.033 (37,35%) 5.377 (56,09%)
Срби 6.502 (38,60%) 4.251 (31,54%) 2.911 (30,37%)
Хрвати 781 (4,63%) 730 (5,41%) 808 (8,42%)
Југословени 1.788 (10,61%) 3.218 (23,88%) 306 (3,19%)
Останати 582 (3,45%) 243 (1,80%) 183 (1,90%)
Вкупно 16.106 16.841 13.475 9.585

Култура[уреди | уреди извор]

Во градот се наоѓаат неколку културни институции кои вклучуваат домови и центри за култура, државни библиотеки, театри (кина), различни младински клубови, како и театри, музеи и галерии.

Најважна културна институција во општината е „Културен центар Градишка“. Објектот бил изграден во 1903 година во времето на Австро-Унгарија, но во последната деценија објектот бил реновиран.

Во руралните области, постојат голем број на културни центри управувани од страна на локалните заедници. Всушност, тие се мулти-културни објекти. Општина Градишка издвојува значителни средства за учество во финансирањето на голем број на културни проекти и програми, како што се програмата за одбележување на Денот на Општината, програмата „Есен во Градишка“, „Денови на Свети Сава“, и.т.н.

Културните институции во Општина Градишка се: „Центарот за култура“, Националната библиотека, музеј, Основното музичко училиште „Бранко Смиљаниќ“, уметничка галерија.

Спорт[уреди | уреди извор]

Во Општина Градишка се активни 74 спортски организации и тоа. Во општината има вкупно 27 регистрирани клубови со 1.400 играчи. Најстар фудбалски клуб бил ФК Слога, основан во 1926 година, додека најуспешниот фудбалски клуб е ФК Козара, основан во 1945 година. Други клубови се ФК Обрадовац, ФК Старс, ФК Јединство, ФК Братство и ФК Младинец.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 45°08′N 17°15′E / 45.133° СГШ; 17.250° ИГД / 45.133; 17.250