Вол (牛宿, пинјин: Niú Xiù, Ниу су) ― една од дваесет и осумте месечеви станици на кинеските соѕвездија. Тоа е една од северните месечеви станици на Црната желка. Примарниот астеризам на оваа месечева станица е поставен средишно на опашката на соѕвездието познато како Јарец во западната астрономија.[1]