Жолт Змеј

Жолт Змеј (упростен кинески: 黄龙; традиционален кинески: 黃龍; пинјин: Huánglóng; јејлско кантонски: Wong4 Lung4) ― зооморфна инкарнација на Жолтиот Цар на средиштето на вселената во кинеската религија и митологија.[1] Жолтиот Змеј е и соѕвездие во старата кинеска астрономија.
Жолтиот Цар бил зачнат од Фубао, која забременила откако видела жолт зрак светлина што се врти околу Северната Кола (во кинеската теологија главниот симбол на бог). Дваесет и четири месеци подоцна, е роден Жолтиот Цар и бил поврзан со жолтата боја бидејќи таа е бојата на земјата (Ди 地), материјалната супстанција во која се инкарнирал.[1]
Жолтиот Змеј е дел од вусјинг и Четирите Симболи.
Митови за Фукси и Хуангди
[уреди | уреди извор]Според легендите, Жолтиот Змеј веќе му се манифестирал без рогови на Фукси, излегувајќи од реката Луо и го поучил со елементите на пишување. Кога се појавил пред Фукси, наполнил дупка на небото направена од чудовиштето Гунггунг.
За Жолтиот Цар се вели дека на крајот од својот живот се претворил во облик на Жолтиот Змеј за да се искачи на рајот. Бидејќи Кинезите го сметаат за нивен предок, тие понекогаш се нарекуваат себеси како „деца на змејот“. Оваа легенда придонела и за употребата на кинескиот змеј како симбол на империјаторската моќ.
Кинеското национално знаме од 1889-1912 година се нарекува и Знаме „Жолт Змеј“ (黄龙旗;黃龍旗; хуанглонг ќи).
Други употреби
[уреди | уреди извор]Во културата на Источна Азија, Жолтиот Змеј е петтиот симбол што го комплетира Сиксјанг (Четири Симболи). Ова божество е средиште на космосот и го претставува елементот земја, кинеската квинтесенција, како и промената на годишните времиња.
Жолтиот Змеј не се појавува во јапонската митологија: петтиот елемент во јапонскиот елементарен систем е празнината, така што не може да има животно што го претставува. Сепак, некои го сметаат Орју за јапонски пандан на Жолтиот Змеј, бидејќи тие делат некои сличности.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Tan (2015).
Дополнителна литература
[уреди | уреди извор]- Tan, Shirley; Beijing Foreign Language Press (2015). Chinese Auspicious Culture. Asiapac Books Pte Ltd. ISBN 978-9812296429.
| ||||||||||||||||||||||||||||