Виљарика (вулкан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Вилјарика (вулкан))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Виљарика
Volcán Villarrica.jpg
Поглед кон езеро Виљарика и вулканот истоимениот вулкан
Највисока точка
Надм. вис.2860 м [1]
Истакнатост1575 м [1]
Заведена какоЛос Риос
Координати39°25′15″S 71°56′21″W / 39.42083° S; 71.93917° W / -39.42083; -71.93917Координати: 39°25′15″S 71°56′21″W / 39.42083° S; 71.93917° W / -39.42083; -71.93917[1]
Име
ПреводМесто на богатствата (шпански)
Географија
МестоЧиле
Матичен венецAndes
Геологија
Старост на карпата< Плеистоцен
Видстратовулкан
Вулкански појасЈужна вулканска зона
Последен избувдекември 2014 до јуни 2015
Искачување
Прво освојување1883, Чилеанска Армија
Најлесен патСкијачки центар „Виљарика“

Виљарика (шпански: Volcán Villarrica) — еден од најактивните вулкани во Чиле, што се издигнува над истоименото езеро и истоимениот град, 750 километри јужно на Сантјаго. Вулканот исто така е познат како Рукапилан, кое на јазикот Мапуче значи „Место на богатствата“. Виљарика е најзападниот од трите големи стратовулкани, кои се протегаат во правец северозапад-југоисток на планинскиот венец Анди по должината на расадната зона Моча-Виљарика. Заедно со Кветрупиљан и чилеанскиот дел од Ланин, се заштитени и се наоѓаат во Националниот парк Виљарика. Во летните месеци местото претставува популарна туристичка атракција.

Виљарика, со својата лава со базалтно-андезитскиот состав, е еден од малкуте вулкани во светот познати по лавиното езеро во својот кратер. Вулканот има типична стромболска ерупција со исфрлање на блескави пирокластични материјали. Дождот заедно со снегот и ледениот мраз можат да предизвикаат големи лахари (течење на кал и остатоци), како на пример во ерупциите од 1964 и 1971 година.

Виљарика е еден од деветте вулкани во моментов кој се следи од страна на DECADE. Проектот собира податоци за емисија на јаглерод диоксид и сулфурен диоксид[2].

Географија и геологија[уреди | уреди извор]

Виљарика лежи во централната чилеанска котлина како најзападниот дел на трите големи стратовулкани. За разлика од Кветрупиљан и Ланин, Виљарика е многу поактивн[3]. Виљарика опфаќа повеќе од 400 км2. Вулканот содржи вулкански пештери и околу 26 купи. Поради постојаното дегасирање на лавиното езеро, вулканот го зголемил својот избувен потенцијал.

Вулканот бил формиран за време на средниот плеистоцен, кога била подигната голема купа, слична на денешната димензија. Пред 100.000 години за време на интерглацијалниот период, една ерупција довела до колапс на купите и формирање на купа од 6,5 х 4,2 километри. Следната глацијална фаза довела до формирање на слоеви на пирокластичен материјал, андезитска лава и дацитски дикти.

ледници[уреди | уреди извор]

Горниот дел на Виљарика трајно е покриен со снег и има околу 40 км2 ледници, од кои најголем е глечерот Пичиланкауе-Турбио кој се наоѓа на југоисточниот дел[4][5]. Пепелта од ерупциите може да ја зголеми аблацијата на снегот и мразот со апсорпција на сончевото зрачење. Некои пепелни облоги се подебели од 5 см и го изоструваат глечерот, намалувајќи ја аблацијата, наместо да ја зголемат. Помеѓу 1961 и 2003 година, Виљарика загубил 25% од својата ледена површина и ледниците се намалиле со просечна стапка од -0,4 км2 секоја година[6].

Еруптивна историја[уреди | уреди извор]

Виљарика е еден од најактивните вулкани во Чиле. Ерупции се евидентирани од освојувањето на Чиле и основањето на градот Виљарика во 1552 година. Најраната регистрирана ерупција се случила во 1558 година, по што следеле најмалку 65 други со претпоставени индекси на вулканска експлозија од 1-3.

1964[уреди | уреди извор]

Во последните две седмици од февруари 1964 година Виљарика започнала со ерупција со мали потреси. На 1 март, во 02:45 часот започнала стормболска ерупција, а жителите на околните населени места побегнале на околните ридови. Топењето на снегот и мразот од глечерот Пичиланкауе-Турбио во комбинација со обилни дождови довело до појава на неколку лахари. Од ерупцијата најмногу настрадало населеното место Коњарипе во кое биле уништени половина од неговите куќи.

1971[уреди | уреди извор]

На 29 октомври 1971 година, во 4:00 часот, во кратерот настанале неколку експлозии и се појавил колона црно-бел чад. Еден месец подоцна, во четвртокот до полноќ на 29 ноември, Виљарика започнал нов еруптивен циклус. Пирокластичниот материјал бил исфрлен и снегот околу кратерот се стопил. По кратко запирање на активноста, од нов отвор на североисточната страна дошло до избивање на лава, топејќи значителни количини на вода и предизвикувајќи лахари. Овие лахари погодиле бројна места како Ел Турбио, Коленте, Курареве итн. Токсичните сулфурни гасови го направиле воздухот загаден по кое биле пријавени најмалку 15 смртни случаи[7].

2015[уреди | уреди извор]

Приближно во 03:01 на 3 март 2015[8][9] , вулканот повторно се активирал и дошло до подигање на алармирмот на црвено до 10 километри. Ерупцијата ја надминала висината на вулканот, предизвикувајќи силна експлозија што ги разбудила соседите и принудила евакуација на 3.385 луѓе во околните заедници.

На 7 февруари 2015 година, Виљарика предизвикала жолто алармирање. Мали експлозии и ниски емисии на пепел биле видливи. Десет дена подоцна се случила друга ерупција. Националната служба за геологија и рударство прогласила жолто предупредување откако се зголемиле вулканските и сеизмичките активности[10][11], додека Националната канцеларија за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи ја задржала жолтата тревога[12]. Обсерваторијата за вулкани на Јужните Анди посочила дека новата евентуална ерупција ќе продолжи до 12:30 на 19 март 2015[13] As of July 2015, the eruption is continuing.[14].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 "Argentina and Chile, Central Ultra Prominences". Peaklist.org. Retrieved 2013-07-17.
  2. „DECADE Installations at Turrialba and Poás“. Deep Carbon Observatory. Посетено на 26 September 2016.
  3. Volcán Villarrica OVDAS
  4. „Volcan_villarrica“ (PDF). Southern Andean Volcano Observatory. Посетено на 16 May 2015.
  5. „Volcan Villarrica“ (PDF). Ingentaconnect.com. Посетено на 16 May 2015.
  6. Rivera, A., Acuña, C. and Casassa, G. Glacier variations in central Chile (32°S-41°S). Chapter in Glacier science.
  7. La erupción de 1971, Villarrica Volcano Visual Observation Project. 2008.
  8. „Volcano Villarrica erupts in southern Chile, villages evacuated“. Reuters. 3 March 2015.
  9. Amparo Montoya (3 March 2015). „Volcán Villarrica entra en erupción durante la madrugada de este martes“. bibiochile.cl.
  10. „Volcanic Activity Special Report, Araucania Region“ (PDF). SERNAGEOMIN. 6 February 2015.
  11. „Mantienen Alerta Amarilla por comportamiento inestable de Volcán Villarrica“. BioBio Chile.
  12. „Onemi declara alerta amarilla por actividad en el volcán Villarrica“. 24 Horas.
  13. „OVDAS: Monitoreo del volcán Villarrica en vivo“. Архивирано од изворникот на 18 March 2015. Посетено на 19 March 2015.
  14. „Volcanoes are like buses...“. Посетено на 20 July 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]