Виктор Онопко
| Виктор Онопко | |||
|---|---|---|---|
|
| |||
| Лични податоци | |||
| Полно име | Виктор Савелевич Онопко | ||
| Роден на | 14 октомври 1969 | ||
| Роден во | Луганск, Украинска ССР | ||
| Држава |
| ||
| Висина | 1,89 м | ||
| Играчки податоци | |||
| Позиција | одбрана | ||
| Сегашен клуб |
| ||
| Повлекување | 2005 (36 г.) | ||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
| 1986 |
| 4 | (0) |
| 1988–1989 |
| 3 | (0) |
| 1989–1990 |
| 0 | (0) |
| 1990–1992 |
| 45 | (1) |
| 1992–1995 |
| 108 | (23) |
| 1995–2002 |
| 216 | (8) |
| 2002–2003 |
| 28 | (1) |
| 2003 |
| 7 | (0) |
| 2004–2005 |
| 51 | (1) |
| Репрезентација | |||
| 1991 |
| 1 | (0) |
| 1992 |
| 4 | (0) |
| 1992–2004 |
| 109 | (7) |
| Раководител на екипите | |||
| 2009–2020 |
| ||
| 2021– |
| ||
| 2022– |
| ||
Виктор Савелевич Онопко (роден на 14 октомври 1969 година, во Луганск) — советски и руски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од одбраната.
Биографија
[уреди | уреди извор]Онопко е роден на 14 октомври 1969 година во Луганск во семејство од работничка класа. Неговиот татко бил металург во локален машински погон, а неговата мајка била работничка во мензата на фабриката. Тој има сестра по име Дарја и помлад брат Сергеј, кој исто така бил фудбалер.[1]
Тој се оженил со Наталија (ќерка на познатиот фудбалер Виктор Звјагинцев), со која има две деца - синот Виталиј и ќерката Евгенија (која исто се занимава со спорт - ритмичка гимнастика).[2]
Кариера
[уреди | уреди извор]Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Својата кариера ја започнал во екипата на Стахановец Стаханов, од неговиот роден град, Луганск.
На 16-годишна возраст, тој бил поканет во резервниот тим на Шахтар Донецк. Во 1989 година, тој ја отслужил својата „воена служба“ додека бил во резервниот тим на Динамо Киев, откако во еден од натпреварите, тој ги скинал лигаментите, поради што ја пропуштил речиси целата сезона. По „службата“, тој се вратил во Шахтар
Во 1992 година, Онопко се преселил во Спартак Москва, сакајќи да игра на Европското првенство истата година во Шведска. Во Спартак тој брзо успеал да се наметне станувајќи лидер и капитен на тимот, играјќи главно како дефанзивен играч од средниот ред, ефикасно приклучувајќи се во нападот (постигнал 13 гола на 43 натпревари во сезоната 1993). Како резултат на неговите настапи во 1993 година, тој бил прогласен за најдобар фудбалер во Русија (според анкетите на неделникот „Футбол“ и весникот „Спорт-Експрес“). Во 1996 година, тој се преселил во Шпанија, во Реал Овиедо, кој му платил на московскиот клуб 2,5 милиони долари. Инцидентот со кражбата на автомобилот на Виктор само го забрзал неговото заминување.[3] Иако првично Онопко се надевал на трансфер во Атлетико Мадрид, истиот пропаднал и не се реализирал.[4].
Во шпанскиот тим, Онопко станал главен централен дефанзивец, а потоа и капитен на тимот. Во декември 1997 и јануари 1998 година, популарното шпанско списание „Дон Балон“ го прогласило за најдобар дефанзивец на месецот. Од сезоната 1999-2000, тој не добивал плата од клубот две години, но сепак го продолжил договорот и останал да игра. Вкупниот износ на долгот за плата бил 1,6 милиони евра. Поради се потешката финансиска состојба, во сезоната 2000-2001, Овиедо испаднал во Сегунда Дивисион, но Онопко и покрај тоа останал во клубот уште една година. Потоа, тој се вратил во елитната шпанска дивизија пред почетокот на сезоната 2002-2003, откако му се приклучил на Рајо Ваљекано, каде тренер му бил Фернандо Васкес, со кого претходно работел во Овиедо. Сепак, на крајот од сезоната, Рајо не успеал да остане во Примера, а Онопко го раскинал договорот со клубот.
Во 2003 година се вратил во Русија, во Спартак-Аланија Владикавказ до крајот на сезоната,[5] и му помогнал на тимот да избегне испаѓање од Премиер лигата. Следната година, тој потпишал за Сатурн, кој во тој момент бил предводен од клупата од неговиот поранешен селектор во руската репрезентација, Олег Романцев.[6][7] За Сатурн играл две години, а во зимата 2005 година, ја вршел улогата на играч-тренер во клубот.[8] Кариерата ја завршил кон крајот на 2005 година, на возраст од 36 години.[9]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Онопко го држел рекордот за најмногу одиграни натпревари за руската фудбалска репрезентација (109), се до 2015 година кога бил престигнат од Сергеј Игнашевич.[10]
Настапил за Русија на две Светски првенства во 1994 и 2002, како и на Европското првенство 1996, додека за Европското првенство 2004 отпаднал поради повреда и покрај тоа што бил на списокот. Тој, исто така, настапил претходно и на Европското првенство 1992 во Шведска, како член на репрезентацијата на Заедницата на независни држави. Својот последен натпревар за Русија го одиграл во победата со 4-3 над Литванија, во пријателски натпревар, игран во август 2004 година.
Тренерска кариера
[уреди | уреди извор]Онопко работел 11 години како помошник тренер во ЦСКА Москва..
На 26 јули 2021 година, тој бил назначен за асистент на селекторот Валериј Карпин во руската репрезентација.[11]
Во февруари 2022 година, откако ФИФА и УЕФА ги суспендирале руските клубови и репрезентации од меѓународните натпреварувања поради руската инвазија на Украина, Карпин се вратил како тренер на Ростов и го ангажирал Онопко за свој асистент во клубот.[12][13]
Статистика
[уреди | уреди извор]| Клуб | Сезона | Лига | Куп | УЕФА | Вкупно | ||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Apps | Голови | Apps | Голови | Apps | Голови | Apps | Голови | ||
| Шахтер | 1988 | 3 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 4 | 0 |
| 1990 | 21 | 0 | 3 | 1 | 0 | 0 | 24 | 1 | |
| 1991 | 24 | 1 | 1 | 0 | 0 | 0 | 25 | 1 | |
| Спартак Москва | 1992 | 23 | 6 | 2 | 1 | 7 | 1 | 32 | 8 |
| 1993 | 30 | 9 | 4 | 0 | 9 | 4 | 43 | 13 | |
| 1994 | 26 | 2 | 3 | 0 | 5 | 0 | 34 | 2 | |
| 1995 | 29 | 6 | 1 | 0 | 6 | 0 | 36 | 6 | |
| ФК Реал Овиедо | 1996 | 19 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 19 | 1 |
| 1997 | 37 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 38 | 0 | |
| 1998 | 31+1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 31+1 | 0 | |
| 1999 | 33 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 35 | 0 | |
| 2000 | 31 | 2 | 1 | 0 | 0 | 0 | 32 | 2 | |
| 2001 | 35 | 3 | 1 | 0 | 0 | 0 | 36 | 3 | |
| 2002 | 30 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 30 | 1 | |
| Рајо Валекано | 2003 | 28 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 28 | 1 |
| ФК Аланија | 2003 | 7 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 8 | 0 |
| Сатурн | 2004 | 26 | 1 | 5 | 0 | 0 | 0 | 31 | 1 |
| 2005 | 25 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 27 | 0 | |
| Кариера | Вкупно | 458+1 | 33 | 28 | 2 | 27 | 5 | 513+1 | 40 |
Титули
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]Спартак Москва
[уреди | уреди извор]- Руско првенство : 3
- 1992, 1993, 1994
- Куп на Русија : 1
- 1993–1994
Поединечни
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Виктор Онопко: Мне нужны внуки! Комсомольская правда
- ↑ Её отец играл за «Спартак», а сегодня постарается обыграть его с ЦСКА Архивирано на 28 август 2021 г. championat.com
- ↑ „«Онопко: Жалею только об одном…»“. Архивирано од изворникот 2012-11-28. Посетено на 2012-08-29. — интервью с В.Онопко на сайте championat.com
- ↑ Конкистадоры и Дон Кихоты. Как Онопко, Карпин, Мостовой и другие россияне покоряли Испанию Архивирано на 24 февруари 2020 г.(руски)
- ↑ „Виктор Онопко подписал контракт с клубом «Спартак-Алания»“. Архивирано од изворникот 2013-12-02. Посетено на 2013-11-23.
- ↑ „Романцев позвал Онопко. Капитан сборной России дал предварительное согласие выступать за «Сатурн»“. Архивирано од изворникот 2013-12-03. Посетено на 2013-11-23.
- ↑ „В «Сатурне» собирается «Спартак» романцевского разлива“. Архивирано од изворникот 2013-12-02. Посетено на 2013-11-23.
- ↑ „Виктор Онопко станет играющим тренером «Сатурна»“. Архивирано од изворникот 2013-12-02. Посетено на 2013-11-23.
- ↑ „Виктор Онопко завершил карьеру игрока“. Архивирано од изворникот 2013-12-03. Посетено на 2013-11-23.
- ↑ „Игнашевич побил рекорд Онопко по числу матчей за сборную России“. www.sport-express.ru (руски). 2015-09-08. Посетено на 2020-01-03.
- ↑ „"Наша философия и понимание основных принципов игры совпадают"“ (руски). Russian Football Union. 26 July 2021.
- ↑ „FIFA/UEFA suspend Russian clubs and national teams from all competitions“. FIFA. 28 February 2022.
- ↑ FC Rostov (11 март 2022). "ВИКТОР ОНОПКО ВОШЁЛ В ТРЕНЕРСКИЙ ШТАБ "РОСТОВА"" (на ru). Соопштение за печат. Архивирано на 18 април 2023 г.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Виктор Онопко на soccerway
- Виктор Онопко на transfermarkt
- Виктор Онопко на espn
- Виктор Онопко whoscored
- Виктор Онопко worldfootball
| ||||||||
- Советски фудбалери
- Украински фудбалери
- Руски фудбалери
- Руски фудбалски тренери
- Фудбалери на ФК Динамо Киев
- Фудбалери на ФК Шахтар Донецк
- Фудбалери на ФК Спартак Москва
- Фудбалери на ФК Реал Овиедо
- Фудбалери на ФК Рајо Ваљекано
- Фудбалери на ФК Сатурн
- Фудбалери на Светско првенство 1994
- Фудбалери на Светско првенство 2002
- Носители на Орденот за заслуги пред татковината од IV степен