Википедија:Избрана статија/2011/51

Од Википедија — слободната енциклопедија

Црквата Света Софиja е поранешна православна базилика, која во текот на својата историја била претворена во џамија, а денес е музеј. Објектот се наоѓа во реонот Фатих во Истанбул, Турција. Во периодот од нејзината изградба до 1453 година служела како византиска катедрала на Цариград, освен во периодот од 1204 до 1261 година, кога била претворена во римокатоличка катедрала по заземањето на градот од страна на крстоносците и основањето на Латинското Царство. Како џамија, објектот служел од 29 мај 1453 година до 1931 година, а од 1 февруари 1935 година претставува музеј.

Градбата е позната по својата голема купола, која се смета дека е олицетворение на византиската архитектура и дека ја променила историјата на архитектурата. Оваа катедрала била најголема во светот речиси илјада години, со изградбата на катедралата во Севиља во 1520 година. Света Софија во текот на историјата служела како модел на многу други отомански џамии, како на пример Сината џамија, Шехзаде, Руштем Паша, Сулејмановата џамија и комплексот Килиџ Али Паша. Секоја година, музејот Аја Софија го посетуваат над еден милион туристи. Често пати, Света Софија се нарекува осмо светско чудо на античкиот свет. (Дознајте повеќе...)