Прејди на содржината

Ветин (Саксонија-Анхалт)

Координати: 51°35′N 11°48′E / 51.583° СГШ; 11.800° ИГД / 51.583; 11.800
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ветин
Место во Ветин-Лебејин
Замокот Ветин на реката Зале
Замокот Ветин на реката Зале
Замокот Ветин на реката Зале
Грб на Ветин
Ветин (Саксонија-Анхалт) во рамките на Германија
Ветин (Саксонија-Анхалт)
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Зале
Град Ветин-Лебејин
Основни податоци
Површина 27 км2
Надм. височина 73 м
Население 2.355  (31 декември 2009)
 - Густина 87 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SK
Пошт. бр. 06198
Повик. бр. 034607
Портал www.wettin.de
Координати 51°35′N 11°48′E / 51.583° СГШ; 11.800° ИГД / 51.583; 11.800

Ветин (германски: Wettin) — мал град и поранешна општина во округот Зале, во Саксонија-Анхалт, Германија, кој се наоѓа на реката Зале, северно од Хале. Од 1 јануари 2011 е дел од градот Ветин-Лебејин. Познат е по замокот Ветин, старо седиште на династијата Ветин, владејачка династија на Саксонија и Полска. Знаменитости во Ветин се кулата Бизмарк, градското собрание и замокот (користен како Burggymnasium.

Историја

[уреди | уреди извор]

Ветин бил првпат спомнат како Vitin civitas во декрет од 961 издаден од германскиот крал Ото I. Потоа, населбата станала тврдина во рамките на Источната саксонска граница, одржувана од Дитрих I фон Ветин, почетник на династијата. Неговите наследници станала грофови на Лужица во 1032 и на Мајсен во 1123. Во 1288 Ветин бил доделен на надбискупот Магдебург Ерик фон Бранденбург.

Михелн
Малото село Михелн (немојте да бидете збунети со поголемиот Михелн близу Мерзебург) станалот дел од Ветин и ги вклучил старата обновена капела на сиромашните војници на Христот и Храмот Соломон (Витези Темплари).
Лицкендорф
Како цел на бомбардирањето во Нафтената кампања на Втората светска војна, нафтените фабрики Лицкендорф, вклучувале:
  • мала фабрика на Wintershall AG[1] за рафинирање на сурова нафта (100.000 тони/год),
  • единица за хидрогенизација на јаглен (125.000 тони/год),
  • фабрика за процес Фишер-Тропш (80.000 тони/год) за обработка на тежок гас од синтетичка нафта,[2] and
  • резервоар за околу 75.000 тони.
  1. „The How and Why Air Attacks Crippled the German Oil-Chemical Industry: Natural Oil Targets“. Orbat.com. Архивирано од изворникот на 2011-06-14. Посетено на 2009-10-24.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Stranges.