Венера-1

Од Википедија — слободната енциклопедија
Венера 1 на поштенска марка од 1961 година

Венера-1 вила советска автоматска научно-истражувачка станица (вештачки сателит) наменета за истражување на планетата Венера. Била лансирана на 12 февруари 1961 година.

Системи и инструменти[уреди | уреди извор]

На 12 февруари 1961 година, во 00:34:36 UTC, Советскиот Сојуз на Венера ја лансирал првата меѓупланетарна сонда во историјата, Венера-1. Тежела 643,5 килограми. Имала цилиндричен облик, пречник од 105 сантиметри, вкупна висина од 203,5 сантиметри, и била исполнета со течен азот под притисок од 1,2 атмосфери.[1]

Внатрешните вентилатори ја распоредувале топката и со тоа овозможувале рамномерно ладење. На цилиндарот биле поставени два сончеви панели, преку кои се полнеле сребро-цинк акумулаторите. Параболичните 2-метарски антени служеле за праќање на податоци од Венера на Земјата на честота од 922,8 мегахерци. Вторите, 2,4-метарски насочени антени служеле за праќање на краткобранови сигнали во текот на делот од мисијата блиску до Земјата. Додатните полунасочени антени поставени на сончеви панели служеле за управување на леталото од Земјата.

Сондата била опремена со научни инструменти, вклучувајќи магнометар прикачен за антена, две јонски замки за мерење на сончевиот ветар, микрометеоритски детектори, Гајгеров бројач и натриум јодиден сцинтилатор за мерење на космичкото зрачење. Еден уред на сончевиот панел ја мерел температурата на експерименталната облога, а најверојатно биле поставени инфрацрвени и ултравиолетови радиометри. На „капакот“ на леталото се наоѓал мотор од типот KDU-414 за исправка на средниот курс. Контролата на температурата се остварувала преку моторизирани терминални отвори.

Тек на мисијата[уреди | уреди извор]

Советските научници ја лансирале „Венера-1“ во два чекори, така што прво го поставиле седумоторниот Спутник-8 на орбиталниот паркинг околу Земјата со ракетниот лансер Молнија. Сондата со четворостепениот мотор била лансирана кон Венера со орбита од 229 × 282 км. Ова била прва демонстрација на високо ефикасен маневар на лансирање од орбитата. Степенастиот-согорувачки-цикличен ракетен мотор 11D33 бил прв мотор од тој тип на светот, а тогаш првпат бил употребен и мотор со таканаречена „шуплина во резервоарот“ (Ullage Engine), која и овозможувала на ракетата со течно гориво да се движи во нулта гравитација.

Биле објавени три успешни телеметриски задачи: собирање на податоци за сончевиот ветар и космичкото зрачење во близината на Земјата и на Земјината магнетопауза. По откривањето на сончевиот ветар, со овие мерења на „Венера-1“ било потврдено дека таа плазма рамномерно е распоредена по длабоката вселена. До другото мерење, седум дена подоцна, не стигнало - 9 и 20, 1961. „Венера-1“ минала на 100,000 километри од Венера и влегла во околусончевата орбита. Британскиот радио телескоп во Џодрел Бенк примал слаби сигнали од „Венера-1“ во текот на јуни. Руските инженери верувале дека „Венера-1“ закажала не успеала поради прегревањето на сензорот кој бил насочен кон Сонцето.[2]

Значење[уреди | уреди извор]

Мисијата „Венера-1“ претставувала важен чекор во производството на вселенските летала; тоа била првата модерна планетарна сонда. За време на најголемиот дел од летот нејзината ротација била стабилна. Ова било првото летало со среден курс кој ја коригирал 3-осната стабилизација со помош на ориентацијата кон Сонцето и ѕвездата Канопус. Доколку би стигнала до Венера, би влегла во вториот модус на 3-осната стабилизација, ориентирајќи се кон Сонцето и Земјата и користејќи по првпат параболична антена за испраќање на податоци.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Venera 1“. Архивирано од изворникот на 26 ноември 2021. Посетено на 25 јануари 2021.
  2. „Venera 1 launches toward Venus, February 12, 1961“. AspenCore, Inc. Посетено на 25 јануари 2021.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Сателити од серијата „Венера“
Венера-1Венера-2Венера-3Венера-4Венера-5Венера-6Венера-7Венера-8Венера-9Венера-10Венера-11Венера-12Венера-13Венера-14Венера-15Венера-16