Акумулатор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Акумулатор (или струјособирач) — вид на батерија, од електрохемиски уред, која е способна да врши претварање на енергијата. Ја претвара електричната енергија во хемиска, што се смета за полнење на акумулаторот, бидејќи тогаш се врши зголемување на потенцијалната енергија на акумулаторот.  

Меѓутоа, може да врши и претварање на хемиската енергија во електрична, како и кај секоја батерија, со приклучување на електричниот потрошувач на краевите на акумулаторот (половите) кога акумулаторот произведува електрична енергија и ја предава на струјното коло.

Акумулаторот се состои од една или повеќе ќелии кои имаат една или две електроди (катода и анода) кои се потопени во електролит. Едната ќелија од оловниот акумулатор дава напон од приближно две волти, а со сериско поврзување на ќелиите се добива акумулаторска батерија на називниот напон која одговара на бројот на ќелии помножени со напонот на една ќелија. На пример, за називен напон од 12 волти потребно е да се спојат сериски 6 ќелии од 2 волти.

Најпознати и најчесто присутни во пракса се оловните и аклалните акумулатори.

Акумулаторите спаѓаат во секундарни електрохемиски извори (реверзибилни) на електрична енергија и можат повеќе пати да ја претвараат хемиската во елетрична енергија и обратно (можат да се полнат и да се празнат).

За разлика од акумулаторот, батеријата спаѓа во таканаречените примарни извори на електрична енергија бидејќи ја претвара хемиската енергија во електрична и не може да се полни (процесот не е реверзибилен).

Опасности[уреди | уреди извор]

  • бидејќи во акумулаторите се наоѓаат хемиски соединенија опасни по здравјето на човекот и животната средина потребно е да се обрни внимание при ракувањето со нив.
  • посебно треба да се води сметка малите деца да не дојдат во контанкт со акумулаторите бидејќи е опасно ако хемикалиите се најдат во очите или во органите за дишење и варење бидејќи може да дојди до изгореници, задушување и труење.
  • искористените (неисправните) акумулатори не треба да се фрлаат на ѓубриште или во природата туку треба да се собираат на соодветно место и да се рециклираат за да не се загадува водата и земјиштето (животната средина).