Венера-6

Од Википедија — слободната енциклопедија

Венера-6 била советска автоматска научно-истражувачка станица (вештачки сателит) наменет за истражување на планетата Венера. Лансирана е на 10 јануари 1969 година.

Текот на мисијата[уреди | уреди извор]

Намената на леталото била атмосферското истражување на Венера. Било слично на апаратот Венера-4 оаиако била изменета така што би издржала поголем атмосферски притисок. Кога Венера-6 пришла на планетата Венера на 17 мај 1969 година, бил исфрлен одсекот за спуштање со маса од 405 кг од главното тело на леталото. За време на спуштањето кон површината на планетата, бил испуштен и падобран со цел да би бил забавен падот. За време од 51 минута додека капсулата паѓала, атмосферските податоци биле собрани преку сензори, и праќани на Земјата со помош на радио-врска.

Капсулата го носела грбот на СССР и гравура на Ленин.

Основни податоци за летот[уреди | уреди извор]

  • Датум на лансирање: 10 јануари 1969.
  • Ракета носач:
  • Место на лансирање: Тјуратам, Бајконур
  • Маса на сателитот (kg): 1130

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Користена литература[уреди | уреди извор]

Сателити од серијата „Венера“
Венера-1Венера-2Венера-3Венера-4Венера-5Венера-6Венера-7Венера-8Венера-9Венера-10Венера-11Венера-12Венера-13Венера-14Венера-15Венера-16