Битолски срез

Од Википедија — слободната енциклопедија
     Битолскиот срез во рамките на Кралството Србија, 1913.

Битолски срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија, Кралството Југославија.

Организација и население[уреди | уреди извор]

Кралство Србија[уреди | уреди извор]

После Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Битолскиот срез припаѓал на Битолскиот округ, заедно со Кичевскиот, Крушевскиот, Мариовскиот, Преспанскиот и Прилепскиот срез. Како центар на срезот бил градот Битола. Во 1913 година тој имал 16 општини, со 79 села, еден град и 10 манастири. Градското населние изнесувало 48.370, додека селското население изнесувало 34.192 жители.[1]

Битолскиот срез според пописот од 1913 година
Број Име на

општината

Број

на села

Колку часови е оддалечена

општината од Битола

Жители
1 Барешанска 6 2:30 1851
2 Брусничка 4 1 2179
3 Буковска 5 0:30 1892
4 Велушинска 5 3:30 3124
5 Драгошка 1 3:30 670
6 Ивањевска 11 4:30 4127
7 Ѓаватска 7 4 3938
8 Логовардска 3 1:30 1045
9 Маловишка 1 5 1629
10 Магаревска 2 2 1851
11 Могилска 11 2:30 3475
12 Негочанска 1 1:30 550
13 Нижопољска 1 1:30 1028
14 Секиранска 8 3:15 2012
15 Струговска 11 5:30 2974
16 Трновска 2 1:30 1847

Кралство СХС[уреди | уреди извор]

Во 1921 година, срезот имал 13 општини и еден град. Градот Битола имал 28.420 жители, а битолската околина имала 27.000 жители. Тоа е намалување од 27.142 жители (во однос на пописот 1913 година), како последица од Првата светска војна.

Јазик[уреди | уреди извор]

Во градот Битола 56% од населението говорело српски или хрватски[2], додека 21% говореле на турски јазик. Од другата страна пак, во битолската околина 80% говореле на српски или хрватски, а втор најкористен јазик бил арнаутскиот[3] (13%).[4]

Јазици 1921 година
Јазик Битолска околина Град Битола Вкупно %
Српски или хрватски 21606 15958 37564 67.78
Турски 1070 6025 7095 12.80
Арнаутски 3619 1801 5420 9.77
Цинцарски 696 1149 1845 3.32
Други 9 3487 3496 6.33

Религија[уреди | уреди извор]

Во градот Битола 62% од населението било православно, 28% биле муслимани, додека 9% биле евреи. Од другата страна пак, во битолската околина 83% биле православни и 18% биле муслимани.[5]

Религија 1921 година
Религија Битолска околина Град Битола Вкупно %
Православни 22275 17577 39852 71.90
Муслимани 4725 7928 12653 22.83
Евреи 0 2640 2640 4.76
Други 0 275 275 0.51

Кралство Југославија[уреди | уреди извор]

Во 1931 година, Битолскиот срез имал 13 општини и еден град. Тој бил дел од Вардарска бановина. Вкупното градско население било 33.024, додека селското население било 32.140. Целиот срез имал 65.164 жители. Како православни се изјасниле 76% од жителите, додека како муслимани 17%.[6]

71% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки[7], 8% говореле на арнаутски[3] и 20% на други јазици (турски и ладино).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  2. Македонскиот јазик бил сметан за српски.
  3. 3,0 3,1 Албанскиот јазик бил заведен како арнаутски.
  4. „Дефинитивни резултати, попис 1921“ (PDF).
  5. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  6. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  7. Во иста графа.