Скопски срез

Од Википедија — слободната енциклопедија
     Скопски срез во рамките на Кралството Србија 1913.

Скопски срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија, Кралството Југославија.

Организација и население[уреди | уреди извор]

Кралство Србија[уреди | уреди извор]

После Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Скопскиот срез припаѓал на Скопскиот округ, заедно со Велешкиот и Качаничкиот срез. Како центар на срезот бил градот Скопје. Во 1913 година тој има 25 општини, со 139 села, 4 селца, еден град и 12 манастири. Градското населние изнесувало 47.384, додека селското население изнесувало 51.364 жители. [1]

Скопскиот срез според пописот од 1913 година
Број Име на

општината

Број

на села

Колку часови е оддалечена

општината од Скопје

Жители
1 Асанбеговска 6 1 880
2 Бардовачка 11 1:15 1471
3 Брнарска 6 2:30 834
4 Бродачка 3 3:30 1780
5 Булачанска 6 2 2186
6 Бунарџијска 7 2 1557
7 Говрљевска 7 3 2209
8 Горњо-количанска 6 4 2896
9 Градовска 11 3:30 3188
10 Доњо-водњанска 6 0:30 1511
11 Драчевска 10 1:15 4944
12 Држиловска 7 5 4338
13 Ибраимовска 7 3 801
14 Катлановска 6 4:30 1152
15 Кожљанска 5 5:30 1324
16 Кучевишка 2 2:30 2177
17 Кучовска 6 3 2461
18 Љубаначка 4 2 2165
19 Мирковачка 4 1:15 1528
20 Ракотиначка 7 1:30 2346
21 Рашчанска 2 3 877
22 Свети-Никитска 4 2:30 2632
23 Сушичка 7 6 1992
24 Чајљанска 5 3:30 2146
25 Шишевачка 5 2 1969

Кралство СХС[уреди | уреди извор]

Во 1921 година, срезот исто така имал 25 општини и еден град. Градот Скопје имал 40.666 жители, а скопската околина имала 51.158 жители.

Јазик[уреди | уреди извор]

Во градот Скопје 52% од населението говорело српски или хрватски[2], додека 34% говореле на турски јазик. Од другата страна пак, во скопската околина 56% говореле на српски или хрватски, а втор најкористен јазик бил арнаутскиот[3] (36%).[4]

Јазици 1921 година
Јазик Скопска околина Град Скопје Вкупно %
Српски или хрватски 28577 21551 50128 54.59
Арнаутски 18764 862 19626 21.37
Турски 2958 13980 16938 18.45
Други 859 4273 5132 5.59

Религија[уреди | уреди извор]

Во градот Скопје 54% од населението било православно, додека 38% биле муслимани. Од другата страна пак, во скопската околина 50% биле православни и 50% биле муслимани.[5]

Религија 1921 година
Религија Скопска околина Град Скопје Вкупно %
Православни 25658 22135 47739 52
Муслимани 25476 15609 41085 44.70
Други 24 2992 3016 3.3

Кралство Југославија[уреди | уреди извор]

Во 1931 година, скопскиот срез имал 24 општини и еден град. Тој бил дел од Вардарска бановина. Вкупното градско население било 68.334, додека селското население било 59.718. Целиот срез имал 128.052 жители. Како православни се изјасниле 55% од жителите, додека како муслимани 40%.[6]

60% од жителите збореле македонски, српски, хрватски или словенечки[7], додека 19% збореле на арнаутски[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  2. Македонскиот јазик бил сметан за српски.
  3. 3,0 3,1 Албанскиот јазик бил заведен како арнаутски.
  4. „Дефинитивни резултати, попис 1921“ (PDF).
  5. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  6. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  7. Во иста графа.