Кавадаречки срез

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кавадаречки срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија, Кралството Југославија.

Организација и население[уреди | уреди извор]

Кралство Србија[уреди | уреди извор]

По припојувањето на овој дел кон Кралството Србија, бил формиран Неготински срез, каде што припаѓале и кавадаречките села. Посебно бил издвоен градот Кавадарци со 5.861 жител. Набргу по Втората балканска војна, бил формиран посебен Кавадаречки срез, независен од Неготинскиот.[1]

Кралство СХС[уреди | уреди извор]

Во 1921 година, срезот имал 13 општини и еден град. Градот Кавадарци имал 5.522 жители, а кавадаречката околина имала 19.629 жители.

Јазик[уреди | уреди извор]

Во градот Кацадарци 84% од населението говорело српски или хрватски[2], додека 15% говореле на турски јазик. Од другата страна пак, во кавадаречката околина 89% говореле на српски или хрватски, а втор најкористен јазик бил турскиот (10%).[3]

Јазици 1921 година
Јазик Кавадаречка околина Град Кавадарци Вкупно %
Српски или хрватски 17520 4671 22191 88.23
Турски 2088 827 2915 11.58
Други 21 24 45 0.19

Религија[уреди | уреди извор]

Во градот Кавадарци 59% од населението било православно, додека 43% биле муслимани. Од другата страна пак, во кавадаречката околина 73% биле православни, а 23% биле муслимани.[4]

Религија 1921 година
Религија Кавадаречка околина Град Кавадарци Вкупно %
Православни 14446 3139 17585 69.91
Муслимани 5182 2368 7550 30.01
Други 1 15 16 0.08

Кралство Југославија[уреди | уреди извор]

Во 1931 година, Кавадаречкиот срез имал 10 општини и еден град. Тој бил дел од Вардарска бановина. Вкупното градско население било 5.504, додека селското население било 18.415. Целиот срез имал 23.919 жители. Како православни се изјасниле 92% од жителите, додека како муслимани 7%.[5]

96% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки[6], додека 3% збореле на друг јазик (во најголем дел турски).

Во ФНРЈ[уреди | уреди извор]

По Втората светска војна, Кавадаречкиот срез преминува во Кавадаречка околија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  2. Македонскиот јазик бил сметан за српски.
  3. „Дефинитивни резултати, попис 1921“ (PDF).
  4. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  5. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  6. Во иста графа.