Кичевски срез

Од Википедија — слободната енциклопедија
     Кичевскиот срез во рамките на Кралството Србија, 1913.

Кичевски срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија, Кралството Југославија.

Организација и население[уреди | уреди извор]

Кралство Србија[уреди | уреди извор]

После Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Кичевскиот срез припаѓал на Битолскиот округ, заедно со Битолскиот, Крушевскиот, Мариовскиот, Преспанскиот и Прилепскиот срез. Како центар на срезот бил градот Кичево. Во 1913 година тој имал 14 општини, со 76 села, еден град и 1 манастир. Градското населние изнесувало 5.430, додека селското население изнесувало 26.354 жители.[1]

Кичевскиот срез според пописот од 1913 година
Број Име на

општината

Број

на села

Колку часови е оддалечена

општината од Кичево

Жители
1 Беличка 2 4:15 1084
2 Бржданска 8 2:30 2024
3 Доленачка 7 3 2291
4 Карабуничка 6 1:30 2214
5 Кичевска / / 5430
6 Кленовачка 8 3:30 2654
7 Мало-црска 4 ? 2016
8 Мидиначка 5 4:15 3142
9 Орланачка 5 2:30 2032
10 Осломејска 5 2 1611
11 Пренљанска 8 1:30 2875
12 Раштанска 9 0:30 1950
13 Свето-врачка 7 3 1079
14 Церска 2 5 1382

Кралство СХС[уреди | уреди извор]

Во 1921 година, срезот имал 14 општини и еден град. Градот Кичево имал 4.792 жители, а кичевската околина имала 23.436 жители.

Јазик[уреди | уреди извор]

Во градот Кичево 96% од населението говорело српски или хрватски[2]. Од другата страна пак, во рамките на целиот срез, 66% од жителите говореле на српски или хрватски, а втор најкористен јазик бил арнаутскиот[3] (33%).[4]

Јазици 1921 година
Јазик Кичевска околина Град Кичево Вкупно %
Српски или хрватски 14070 4600 18670 66.14
Арнаутски 9168 35 9203 32.60
Други 198 157 355 1.26

Религија[уреди | уреди извор]

Во градот Кичево 26% од населението било православно, додека 74% биле муслимани. Од другата страна пак, во кичевската околина 56% биле православни, а 44% биле муслимани.[5]

Религија 1921 година
Религија Кичевска околина Град Кичево Вкупно %
Православни 13209 1245 14454 51.20
Муслимани 10227 3547 13774 48.80
Други 0 0 0 0

Кралство Југославија[уреди | уреди извор]

Во 1931 година, Кичевскиот срез имал 13 општини и еден град. Тој бил дел од Вардарска бановина. Вкупното градско население изнесувало 6.382, додека селското население изнесувало 25.719. Целиот срез имал 32.101 жители. Како православни се изјасниле 50% од жителите, додека како муслимани 49%.[6]

66% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки[7], 31% говореле на арнаутски[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  2. Македонскиот јазик бил сметан за српски.
  3. 3,0 3,1 Албанскиот јазик бил заведен како арнаутски.
  4. „Дефинитивни резултати, попис 1921“ (PDF).
  5. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  6. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  7. Во иста графа.