Неготински срез

Од Википедија — слободната енциклопедија
     Неготинскиот срез во рамките на Кралството Србија 1913.

Неготински срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија, Кралството Југославија.

Организација и население[уреди | уреди извор]

Кралство Србија[уреди | уреди извор]

После Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Неготинскиот срез припаѓал на Тиквешкиот округ, заедно со Гевгелискиот и Дојранскиот срез. Како центар на срезот бил градот Неготино. Во 1913 година тој има 32 општини, со 114 села, 5 селца, две гратчиња и 5 манастири. Градското населние изнесувало 9.911, додека селското население изнесувало 35.685 жители.[1]

Неготинскиот срез според пописот од 1913 година
Број Име на

општината

Број

на села

Колку часови е оддалечена

општината од Неготино

Жители
1 Бањска 3 3:30 355
2 Беглишка 7 4 2120
3 Бесвичка 3 3 1311
4 Бистреничка 3 2:15 1100
5 Бојанчишка 4 9 1644
6 Бохулска 4 6 1280
7 Ватошка 2 2 925
8 Велико Радобиље 5 9 1253
9 Војшанска 3 ? 519
10 Доњо-дисанска 3 1:30 1830
11 Драговска 11 6 2048
12 Дреновска 12 6:45 2841
13 Иберлијска 3 5 951
14 Калањевска 4 4:30 389
15 Клисурска 1 6 433
16 Кончанска 2 8 786
17 Криволачка 1 1 650
18 Куријска 5 2:15 659
19 Лесковичка 5 5:30 1393
20 Маренска 4 1 936
21 Мрзен-ореовачка 3 6 795
22 Неготинска 1 0 4050
23 Пепелишка 1 1:15 600
24 Прждевска 3 2:30 1416
25 Рожденска 2 12 1372
26 Росоманска 1 3:30 600
27 Сирковачка 2 4 2702
28 Скорушка 4 8 735
29 Страговска 6 5 1802
30 Тимјаничка 1 0:30 1030
31 Уланска 5 4 615
32 Џидимирска 6 3:30 595
// Кавадаречка / / 5.861

Кралство СХС[уреди | уреди извор]

Во 1921 година, срезот бил поделен на два дела, односно од него се издвоил Кавадаречкиот срез. Другиот дел останал во рамките на Неготинскиот срез, па така тој имал 14 општини и еден град. Градот Неготино имал 2.118 жители, а целиот срез имал 14.828 жители. Поради Првата светска војна, населнението е општо намалено секаде, а во самиот град дури и преполовено.

Јазик[уреди | уреди извор]

Во градот Неготино 99% од населението говорело српски или хрватски[2]. Од другата страна пак, во целиот срез 71% говореле на српски или хрватски, а втор најкористен јазик бил турскиот[3] (28%).[4]

Јазици 1921 година
Јазик Неготинска околина Град Неготино Вкупно %
Српски или хрватски 8369 2113 10482 70.69
Турски 4123 4 4127 27.83
Други 218 1 5132 1.48

Религија[уреди | уреди извор]

Во градот Неготино 99% од населението било православно. Од другата страна пак, на ниво на целиот срез, 33% биле православни, а 66% биле муслимани.[5]

Религија 1921 година
Религија Неготинска околина Град Неготино Вкупно %
Православни 2836 2108 4944 33.34
Муслимани 9819 10 9829 66.28
Други 55 0 55 0.38

Кралство Југославија[уреди | уреди извор]

Во 1931 година, Неготинскиот срез имал 8 општини и еден град. Тој бил дел од Вардарска бановина. Вкупното градско население било 2.519, додека селското население било 10.357. Целиот срез имал 12.876 жители. Како православни се изјасниле 54% од жителите, додека како муслимани 43%.[6]

77% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки[7], додека 20% говореле на друг јазик (во најголем дел турски).

Во ФНРЈ[уреди | уреди извор]

По Втората светска војна, Неготинскиот срез преминува во Неготинска околија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  2. Македонскиот јазик бил сметан за српски.
  3. Албанскиот јазик бил заведен како арнаутски.
  4. „Дефинитивни резултати, попис 1921“ (PDF).
  5. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  6. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  7. Во иста графа.