Дојрански срез

Од Википедија — слободната енциклопедија
     Дојрански срез во рамките на Кралството Србија 1913.

Дојрански срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија, Кралството Југославија.

Организација и население[уреди | уреди извор]

Кралство Србија[уреди | уреди извор]

По Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Дојранскиот срез припаѓал на Тиквешкиот округ, заедно со Неготинскиот и Гевгелискиот срез, а подоцна и Кавадаречкиот и Струмичкиот Срез. Како центар на срезот бил градот Дојран. Во 1913 година тој имал 6 општини, со 50 села и два града. Градското населние изнесувало 5.019, додека селското население изнесувало 14.638 жители.[1]

Дојранскиот срез според пописот од 1913 година
Број Име на

општината

Број

на села

Колку часови е оддалечена

општината од Дојран

Жители
1 Аразлијска 7 8 2151
2 Башабосичка 10 5 2401
3 Валандовска 17 4:30 5898
4 Дојранска 3 0 4533
5 Калуцковска 6 6:30 2416
6 Фурска 9 2:30 2258

Кралство СХС[уреди | уреди извор]

Во 1921 година, срезот имал 4 општини и два града, но овој пат градот Дојран бил сосема уништен од Првата светска војна. Целиот срез имал вкупно 8.667 жители, односно се намалил за скоро 11.000 жители.

Јазик[уреди | уреди извор]

Во Дојранскиот срез, 46% од населението говорело на српски или хрватски[2], додека 50% говореле на турски јазик.[3]

Општина Српски или хрватски Турски Други Вкупно
Аразли 452 610 82 1144
Башабос 59 1885 0 1944
Валандово 2410 1661 42 4113
Фурка 1052 211 203 1466
Вкупно 3973 4367 327 8667
% 45.84% 50.38% 3.78% 100%

Религија[уреди | уреди извор]

Во Дојранскиот срез, 49% од населението било православно, додека 50% биле муслимани.[4]

Општина Православни Муслимани Други Вкупно
Аразли 526 610 8 1144
Башабос 58 1886 0 1944
Валандово 2452 1661 0 4113
Фурка 1252 211 3 1466
Вкупно 4288 4368 11 8667
% 49.47% 50.39% 0.14% 100%

Кралство Југославија[уреди | уреди извор]

Во 1931 година, Дојранскиот срез имал 3 општини. Тој бил дел од Вардарска бановина. Целиот срез имал 11.713 жители. Како православни се изјасниле 55% од жителите, додека како муслимани 44%.[5]

53% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки[6], додека 47% збореле на друг јазик (во најголем дел турски).

Во ФНРЈ[уреди | уреди извор]

По Втората светска војна, Дојранскиот срез преминува во Валандовска околија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  2. Македонскиот јазик бил сметан за српски.
  3. „Дефинитивни резултати, попис 1921“ (PDF).
  4. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  5. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  6. Во иста графа.