ФК Беласица

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Беласица ГЦ)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Беласица
Лого на ФК Беласица.png
Основан13 август 1922; пред 97 години (1922-08-13)
СтадионСтадион „Благој Истатов“, Струмица, Македонија Македонија
ПретседателСлавчо Васков
ТренерВане Милков
ЛигаВтора македонска фудбалска лига - Исток
2019/20202-ри
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Фудбалскиот клуб Беласица е македонски фудбалски клуб од градот Струмица. Клубот е создаден во 1922 година. Беласица во моментов се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига - Исток. Своите домашни натпревари ги игра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Историја[уреди | уреди извор]

Беласица заедно со Тиверија се првите фудбалски клубови од Струмица. Според историски извори фудбалот овде доаѓа од англиските војници, стационирани во градот, кои времето за рекреација го користеле играјќи го овој спорт.[1] Фудбалот добил своја популарност во градот и се играл неколку години пред да се формира првиот клуб.

Основањето на фудбалскиот клуб Беласица се случило на 13 август 1922 година кога се одржало основачко собрание во една од градските кафани. На основањето дошле педесетина струмичани кои застанале зад оваа идеја. Тие за прв претседател го избрале Ѓорѓи Москов, а клубот го крстиле по планината Беласица.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав
Обновено на 10 октомври 2019
Бр. Позиција Играч
1 Македонија ГМ Димитар Ѓоргиев
3 Македонија ОД Александар Милушев
5 Македонија ОД Никола Спасов
7 Македонија НП Дарко Размоски
8 Македонија ОД Стефан Сулев
9 Македонија НП Благој Истатов
10 Македонија НП Мартин Мирчевски
14 Македонија ОД Зоран Митевски
Бр. Позиција Играч
15 Македонија ОД Игор Паноски
16 Македонија СР Давид Калпачки
17 Македонија СР Благој Стојанов
18 Македонија НП Даниел Радојчиќ
19 Македонија ОД Зоран Ивановски
21 Македонија ОД Јордe Серафимовски
28 Македонија СР Ѓорги Марков

Успеси[уреди | уреди извор]

Беласица игра важна улога во македонскиот фудбал и често е претставувана како „фудбалски расадник на таленти“. Школата на ФК Беласица важи за една од најдобрите во Македонија.[2] Таа дала низа играчи за националната репрезентација меѓу кои се вбројуваат Горан Пандев, Ацо Стојков, Игор Ѓузелов, браќата Роберт и Горан Попов, Зоран Балдовалиев, Данчо Масев и ред други.

Додека се натпреварувала во СФР Југославија, Беласица настапувала и во Втората сојузна лига, каде што постигнала забележителни успеси и се вбројува на 80. место во табелата на сите времиња на оваа лига.[3] Во независна Македонија таа два пати била вице-шампион. Освојувач е на младинскиот куп во 1993 и 2006 година (4 пати во финале).

Најпознатиот фудбалер кој некогаш играл во Беласица е македонскиот репрезентативец Горан Пандев, кој моментално настапува во италијанската Серија А за Џенова. Овде исто така се вбројува и легендата на клубот, голманот Благој Истатов, по кој пред извесен период ФК Беласица го крсти својот стадион.[4]

Европски натпревари
Сезона Куп Коло Држава Клуб Резултат
2002/03 УЕФА куп 1 коло кв.  Португалија Леишеш 2-2, 1-2
2003/04 УЕФА куп 1 коло кв.  Словенија Цеље 2-7, 0-5

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.
  2. „Истражување во „лига петка“: Беласица е најдобрата македонска фудбалска школа“. МКД.мк. 15 декември 2012. конс. 12 октомври 2019. 
  3. All-Time Table of First and Second Yugoslav Leagues. bihsoccer.com
  4. „Стадионот во Струмица ќе се вика „Благој Истатов““. sport1.mk преку web.archive.org. 15 септември 2019. конс. 22 септември 2019. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]