Прејди на содржината

Бабичка гангстер

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Бабичка гангстер“ (англиски: Gangsta Granny) е роман за деца од британскиот писател Дејвид Валијамс (David Walliams), со илустрации на Тони Рос (Tony Ross). Оригинално, книгата била објавена во 2011 година од издавачката куќа „Харпер-Колинс“ (Harper Collins). Книгата е објавена на македонски јазик од издавачката куќа „Икона“ во 2014 година, а преводот го извршила Елена Кузмановска. Македонското издание на книгата има 300 страници, со димензии од 20 сантиметри, каталогизирано е во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-221-028-5.[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Книгата „Бабичка гангстер“ се состои од 34 глави: Супа од зелка, Шаткино квакање, Водоинсталатери, Мистерии и чуда, Малку скршена, Студено влажно јајце, Вреќи арско ѓубре, Мала перика во тегла, Црната мачка, Сè, Грав со сирење и колбаси, Љубовната бомба, Живот исполнет со криминал, Љубопитниот сосед, Непромислено и возбудливо, „Н“ „Е“ се чита „НЕ“, План за кражбата, Часови за посета, Мала експлозивна направа, Бум бум бум, Чевел за степување, На линч облечени во ликра, Полицајци на патот, Темни води, Опседнати со духови, Фигура во мракот, На прием кај кралицата, Обесени влечени и расчеречени, Вооружени полицајци, Пакетче шеќер, Златна светлина, Семеен сендвич, Тишина, Одалка со тркала, а покрај нив, книгата содржи и Постскриптум.[1]

За делото

[уреди | уреди извор]

„Бабичка гангстер“ постигнала голем успех кај читателите при што цели 22 недели се наоѓала на врвот на списокот на најпродаваните книги во Велика Британија. Книжевниот критичар на весникот „Daily Mail“ ја нарекол книгата „скапоцен камен“, пишувајќи дека авторот се одликува со „силен хумор и со емоционална порака“, додека австралискиот весник „Courier Mail“ пишува дека Валијамс „продолжува со хумористичната традиција на непочитување што ја обликуваше Роалд Дал.[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 Дејвид Валијамс, Бабичка гангстер, Скопје: Икона, 2014.